Тоа навистина е така*.
Србите кои долги години живеат тука не зборуваат Македонски, или пак слабо го владеат.
Во бившата држава, па и денес, поголемо е влијанието на српските медиуми (не само електронски, туку и книги и др.) врз Македонците, отколку обратно. Тоа е така, бидејќи во бившата држава они беа доминантен народ, а денес тоа нивно поголемо влијание е помалку изразено од порано, но сепак квантитетот (и квалитетот**) си го прави своето.
Ја не ги обвинувам, бидејќи Македонскиот и Бугарскиот се во јужната подрупа на Јужнословенски јазици, а останатите (Српски, Словенечки...) се во северната, па се слични меѓу нив, а поразлични, во основа од нашиот и Бугарскиот.
Но има и друга работа, приметив дека, на пример, мелодиката, на нашиот со Хрватскиот јазик е послична и дека со Хрватскиот имаме исти зборови (дома, точка...), кои се различни со соодветните српски зборови (секако, имаме и со Српскиот слични зборови, кои се различни од аналогните во Хрватскиот).
Па затоа се приметува дека, за разлика од Србите, Хрватите кои долго живеат тука, во просек, многу подобро го владеат нашиот јазик.
Тука доаѓа и претпоставката за наводна надменост на повеќето Срби, кои нели, не ни сакаат да зборуваат како "чокајлиите", но тоа се, сметам, претерани теории, во кои има малку вистина.
* - насловот на темата
** - на пример: не сакам сакати преводи на македонски на книги како Господарот на Прстените, па си читам многу подобри српски верзии