Првенството е она најважното,таму се парите,таму е ЛШ,таму се полни салата...се носат нови спонзори..
Металург е таму насочен...
Лани ја играа СЕХА доста сериозно,оваа сезона тешко дека ќе ги повторат клучните грешки од лани кога им се исповредија еден куп играчи(посебно Ракчевиќ)....
Ќе си играат колку ради-реда...и јас кога би бил Червар така би играл...доста паметно и рационално....
Купот е еден меч,овде се бива,крај на сезона....
Лани Вардар поштено ги исплеска во финалињата во СЕХА и во купот,но најважната битка ја изгуби..
Малку и наивно по едно бледо полувреме во Автокоманда....малку и судиите,ама реално Металург ги сомле за само 30 минути...
Металург ја прават
педерската кога играат клучни мечеви дома,имаше невиден притсиок врз судии,врз делегати,еден куп неслужбени лица ги влечат за уши судиите,играчите делат правда,и судиите се изгубија,а за една таква екипа како Металург малку треба да те сомелат,ќе те извадат од колосек и ќе те сомелат...
Мајсторски си изиграа во психолошката војна....за ова се опасни,капата долу...не е во ред ова дефинитивно,ама ете толку ни е ебана федерацијата шо се дозволува се и сешто,се само да има мир во куќата и пари и спонзори за репрезентацијата...
Мечот во Кале беше рутина...
Вардар има силен тим,то е факт..
Има играчи кои на кантар тежат доста...
Вујо е голем стратег,иако има тенка жичка....најголем минус,да беше постабилен досега ќе беше едно скалило погоре...
Според мене има многу поголема фантазија во занаетот од Лино....го има ракометот во малиот прст...
Само пак,неговиот темперамент,ќе с еизгуби во кавги со судии,делегати и замина утакмицата..случајот во Автокоманда е најдобар пример......
Ама Лино има концепција како ретко кој тренер во светот,шо е најважно има
ЦВРСТА РАКА...
Можеби на моменти делува смешно кога се дери и урла по играчите,ама ете дава резултат...а и морам да кажам дека како тренер го прати и доста спортска среќа низ кариерата....секогаш му се годеле коцките...
Играчки дватаа состави се доста силни,имаат голема можност за квалитетна ротација....Металург има предност пред се во уиграноста на екипата,во силната одбрана и во голманите....
Станиќ-Ангелов е една перфектна комбинација,не е само Станиќ,и Диви е страшен голман...
Милиќ е добар,ама е предебел за голман,има рефлекс да,можеби и преголем за голман со таква килажа...
Му треба искуство,му треба тренинг,му треба кинење на килограми.....
Дотогаш ситуацијата со голманите е во корист на Металург...за класа...
Има време,најважни се мечевите од лигата...во СЕХА не ми се верува двата тима да се замараат ептен,посебно не Металург,можеби и ќе играат со прв тим,заради престиж,ама нема да биди ништо налик мечевите за шампионската титула....
Можеби на пролет и Вардар ќе сјача со уште некое ново име,на лев бек посебно,иако и на десен бек не е најсјајна работата...очигледно е дека Рајковиќ е одамна излезен од форма...и тешко дека ќе се врати на некогашното ниво...иако не е за фрлање....
Петриќ не е лош,ама не е играч кој би решил меч,едноставно има искуство,има шут,само е преспор и преочигледен во својата игра...со одбрана како онаа на Металург и голмани од типот на Станиќ тешко ќе оди....
Има време до овие дуели,ќе видиме,рано е за прогнози....,нека тераат сега во Европа,Вардар да дотурка до групите ќе биди голем успех за клубскиот ракомет....
Со поголеми успеси во Европа добива многу репрезентацијата,ама под услов да играат најспремните шо во случајот не е така...