Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е кога ќе ми треснете вакво нешто...
Опасни се само луѓето, ајде да ги забраниме! Без разлика на пол, вера, идеологија, луѓето се опасни бидејќи не знаеме како реагираат на дадени ситуации...
Ајде, забранете ги. Што бре сите се научивте ако не можете со нештото да се справите веднаш да го забранувате????
Кој ве учи така?
Од дома? Од улицата? Политиката наша??? Интернетот??

Ако некој не може да се справи со своите „демони“ нека го проголтаат, нема што некој друг да му забранува на некој што да прави ако овој нема ум до каде му е границата!
Ајде малку новите родители да почнат да биваат родители и да си ги научат децата што е опасно и што не! А не да шетаат по кафичите и да ги забораваат децата на нет каде што има се и сешто!!!
Перењето мозок на децата како „семејство“ е ова, но не она е само неспособноста на родителот да објасни на едно дете (сигурно не мислам на дете од 5 години) ниту за сексот, ниту за љубовта, ниту за луѓето дека се различни а сепак исти. Заради нас, постарите и нашето ограничување, добиваме НЕЗДРАВО потомство кое е уште поосамено и поограничено од нас самите!

Во мое време алкохолот не беше забранет... па гледам сите не спопадна едно зло... тешко зло... Денес е забранет па децата (15+) пак пијат и тоа не ни знаат како и колку!

НЕ Е ДО ЗАБРАНУВАЊЕТО, ДО ВИСТИНСКАТА ЕДУКАЦИЈА Е! НЕ СЕКОЕ ЗНАЕЊЕ Е МОЌ: ПОСТОИ ЗНАЕЊЕ ШТО Е РОПСТВО И СТРАВ!

П.С. Телевизорот е опасен. Мало дете може со чаша од масата да го тресни и да го разнесе и да остане слепо. Ајде да ги забраниме телевизорите или да се донесе закон тв-то да биде минимум 1.54 метра над подот и 2.2 метри од извишена површина!!!!

П.П.С. Треба да разберите дека може и без забрани да се поправа општеството. Само треба знаење и разбирање.

Мешаш баби и жаби, што мешаш телевизори и сл. зарем според тебе алкохолот, коцката и дрогата се убави и корисни работи кои не треба да бидат забранети ............ јас да сум власт и некаков фактор попрво би го легализирал хомосексуалството т.е. хомосексуалните бракови кои се тотално безопасни за средината, а би забранил низа други работи(алкохол, дрога, коцка) ........... ама ете според вас се било ОК и коцка и дрога и алкохол, само педерите биле проблем, бидејќи вашите деца ќе ги виделе во некое паркче како се лапаат двајца мажи и после веднаш и они такви ќе станат, како да не !
П.С. Или се нека се легализира или ништо ................. или секогаш мнозинството е во право, епа неможе така !
И семејството веќе одамна не е темел на нашево општество, во секое второ/трето семејство има некаков проблем, некаков раздор, некој шврља настрана, има швалерации, па разводи, па ова, па она... така да некој член претходно пишал дека Македонија била традиционална земја, аграрна земја каде што семејството било основа на општеството, како да не, можеби било така порано и сега е уште така во Моноспитово, Сарамзалино, Кривогаштани и сл. ама овдека не е баш така, видете ги статистиките од година во година се помалку бракови, се повеќе разводи, се помалку родени деца, се помалку запишани првачиња, склопување бракови на преку 30 год. и после уште некој шапшал ќе ми кажува дека сме биле традиционална земја каде семејствата биле традиционални, конзервативни и биле столб на општеството :facepalm: .............. одам да пијам таблета ! :notworthy:
 
Па истото го правите и вие... мешате се и сешто, политики, религии, болести, слободна волја, ограничување...
Па викам да не одскокнувам многу, може некој и билен да ме направи, да ми забрани нешто да му текне... Знаеш, денес се е до забраната и светот ќе се подобри!
НЕ!

Јас да сум власт ќе ви дозволам се. Да ви го видиме умот во реални услови. Какви родители ќе сте, какви деца ќе имаме покрај толку многу искушенија... Да видиме на кој колку му сечи и за што го бидува :)
Да видиш што ќе остане од „традицијата“ и од „семејството е“ дефиницијата!

Ама штета, не сум сеуште на власт...

П.С. Според мене се е добро ако се знае добро да се искористи! Не си ме разбрал. А најдобра е слободата! Една забрана води кон друга!
 
Кога во Македонија ќе се дозволат такви бракови - од нас нема ни коски да има останато.
Прво, забелешка за неколку од мислењата што ги прочитав (не ги прочитав сите, признавам) - зошто кога ќе кажат „хомосексуален брак“ зошто веднаш го асоцирате со заедница меѓу двајца мажи (ова за овој што спомена нешто со вагина во куќата го кажувам, но и за некои после него што имаат коментирано), а не две жени? Хомосексуалноста никогаш не била исклучиво наменета за мажи, колку што јас сум информирам (ако грешам, поправете ме).
Второ, лично немам ништо против таквите бракови, подобро е така отколку да живеат и да се кријат во хетеросексуални бракови во кои знаат и самите дека не припаѓаат.
Трето - дали мислам дека е добро да посвојуваат деца? Не. Нема никаква врска со тоа како психолошки таквиот брак ќе влијае на детето или слично, и дали ќе го сакаат детето двајца татковци или две мајки повеќе од мајка и татко, но мислам дека е една работа да се дозволи таков брак, а сосема трета да им се дозволи и деца да посвојуваат. Тоа ми е веќе малку претерано и мислам дека на детето во животот му треба фигура на татко и фигура на мајка (дискутабилно е колку таа фигура ќе биде стабила), а не фигура на двајца татковци или две мајки.
Сепак, тоа е само мое мислење :)
 
Како тоа психички ќе ги растројат малите деца?

Ќе живеат во неприродна средина (ајде нездрава не кажувам гледам се палите на тоа па одма реплицирате) малце ли е тоа??

А од друга страна кое дете заслужува да биде чувано од хомосексуалци а кое не?? Како ќе ја направиш поделбата ,услови ќе има некој,критериуми или како??Само женски?? Само машки?? На кое дете ќе му ја одредиш судбината да биде исмејувано од сите и хендикепирано од самиот почеток??
 
Ако некоја будала (голема будала, не е тоа потреба или ориентација, туку барање на нешто што непосоти) сака да прави било што со неговиот живот, да си го уништува на ваков или онаков начин, нека го стори тоа, НО никако нека не го уништува животот на некое дете, со кое нема никаква биолошка поврзаност, ниту пак има право да му биде татко x2, или обратно.
Ах да се прашуваа децата, и да можеа да размислуват од бебиња, незнам дали би постоело посвојувањето на деца во хомосексуалниот бракот општо во светот, а не кај нас..

Ќе сакаш ти (или било кој од твоите истомисленици) да објасниш како животот на посвоеното дете ќе се уништи? Пошто, искрено, вака делува ко појма да немате што зборите и зашто зборите - муабет у празно.
 
fail-mk-denta-koga-umre-novinarskata-etika.jpg

:facepalm:
Шут болан еротика :D , а Бране шопраи одоздола :pos:
 
Ќе живеат во неприродна средина (ајде нездрава не кажувам гледам се палите на тоа па одма реплицирате) малце ли е тоа??

А од друга страна кое дете заслужува да биде чувано од хомосексуалци а кое не?? Како ќе ја направиш поделбата ,услови ќе има некој,критериуми или како??Само женски?? Само машки?? На кое дете ќе му ја одредиш судбината да биде исмејувано од сите и хендикепирано од самиот почеток??

Во неприродна средина, викаш а? Што подразбираш ти под неприродна семејна средина? Пошто за мене ( а и општо земено) неприродно е родителите да ги присилуваат децата на, рецимо - инцест. Неприродно е да не им даваат за јадење, да ги кршат од ќотек и уште мал милион примери во сличен контекст. Твојава неприродност се сведува на твоето лично мислење дека во тоа семејство ќе постојат истополови родители, а тоа, нели, не било природно, пошто лично ти не го гледаш како такво и лично тебе не ти се свиѓа.
Нема везе, кажи ми какви последици ќе ги спопаднат тие деца? Другарчињата во школо (воспитани од задртани хомофоби, секако) ќе ги заебаваат? Истите ќе им се смеат по улица? На родителска? Која средина во случајов е неприродна по тебе?
Секое дете кое неговите стрејтерски родители го оставиле во дом, на милост и немилост, заслужува да биде посвоено и да расте со љубов, поддршка и разбирање. Секое! Ако тебе ти е побитно мислењето на комшиите од ова...
 
Демек се загрижија тие за децата дали ќе растат во природна средина, и оние под мостовите растат покрај природна трева
Во неприродна средина, викаш а? Што подразбираш ти под неприродна семејна средина? Пошто за мене ( а и општо земено) неприродно е родителите да ги присилуваат децата на, рецимо - инцест. Неприродно е да не им даваат за јадење, да ги кршат од ќотек и уште мал милион примери во сличен контекст. Твојава неприродност се сведува на твоето лично мислење дека во тоа семејство ќе постојат истополови родители, а тоа, нели, не било природно, пошто лично ти не го гледаш како такво и лично тебе не ти се свиѓа.
Нема везе, кажи ми какви последици ќе ги спопаднат тие деца? Другарчињата во школо (воспитани од задртани хомофоби, секако) ќе ги заебаваат? Истите ќе им се смеат по улица? На родителска? Која средина во случајов е неприродна по тебе?
Секое дете кое неговите стрејтерски родители го оставиле во дом, на милост и немилост, заслужува да биде посвоено и да расте со љубов, поддршка и разбирање. Секое! Ако тебе ти е побитно мислењето на комшиите од ова...

Природна средина ти е да живеат под мостовите покрај вардар, да јадат коприви и да извлекуваат лотарија по контењери, тоа е природна средина, затоа министерот не е загрижен за овие, а е загрижен за оние кои ке растеле со хомосексуални родители..
 
Во неприродна средина, викаш а? Што подразбираш ти под неприродна семејна средина? Пошто за мене ( а и општо земено) неприродно е родителите да ги присилуваат децата на, рецимо - инцест. Неприродно е да не им даваат за јадење, да ги кршат од ќотек и уште мал милион примери во сличен контекст. Твојава неприродност се сведува на твоето лично мислење дека во тоа семејство ќе постојат истополови родители, а тоа, нели, не било природно, пошто лично ти не го гледаш како такво и лично тебе не ти се свиѓа.
Нема везе, кажи ми какви последици ќе ги спопаднат тие деца? Другарчињата во школо (воспитани од задртани хомофоби, секако) ќе ги заебаваат? Истите ќе им се смеат по улица? На родителска? Која средина во случајов е неприродна по тебе?
Секое дете кое неговите стрејтерски родители го оставиле во дом, на милост и немилост, заслужува да биде посвоено и да расте со љубов, поддршка и разбирање. Секое! Ако тебе ти е побитно мислењето на комшиите од ова...

Самиот факт дека хомосексуалците неможат сами по себе да добијат дете значи дека целата таа средина е неприродна.Да е све природно денеска немаше ни да имаме дебати на вакви теми.
Околу ефектите во развојот ,значи ние денеска имаме разлики на деца растени од родители порно глумци и на деца растени од родители писатели, а замисли на деца растени од хомосексуалци..
А што ќе се случи ако детето не ги прифати родителите?? Еве израсне до одредена возраст каде почне да размислува самостојно и види дека кај него дома нешто се разликува од кај останатите??
Што праиме тогаш??
Што праиме околу воспитувањето, каде дома на детето ќе му биде зборено дека тоа е во ред а што излезе од дома ќе наиде на сосем друг прием од останатите,и тоа дете на кого ќе треба да верува или која средина повеќе ќе влијае на него,домашната или надворешната??
Еве стај се самата во таква позиција,замисли си дека ти доаѓа дома друштво а таткоти нашминка со цицки во дневна седи.. на шо би личело тоа??

Затоа некои работи треба да бидат оставени на страна, бракови нека бараат за тоа мислам дека горе-доле луѓето ќе најдат разбирање ама околу децата цела таа дискусија е непотребна,нереална а и неприродна.
 
Целиот проблем е што кога ќе го слушнеш зборот хомосексуалец аутоматски у глава ти доаѓа слика на некој што личи на Боки 13. Не знам дали си бил во контакт со геј особа во твојот приватен живот, али факт е дека тие стереотипи (шминка и цицки и fabulous и розево и шљокици ) се комплетно неосновани и неоправдани. Тоа уствари е сосема друга ствар, али да не идеме оф топик. Не ми се јасни волку остри ставови по прашањево, а едвај ги познавате основите на истото.
Посвоеното дете, во еден период од својот живот (ако знае дека е посвоено) веројатно ќе изрази револт спрема адоптивните родители. Тој ризик секако постои. Твојот муабет е дека револтот или неприфаќањето, во овој случај би бил поради истополовоста на родителите. Пак ќе кажам, родителите ја немаат кривицата, средината ја има. Противниците на хомосексуалните бракови и посвојувањето деца во истите се тие кои ја создаваат негативната ситуација, која, од друга страна овде ја користат како контра аргумент. Единствено нешто што прочитав до сеа (означено како фатална последица од растење во геј семејство) е реакцијата на средината - заебавање, тепање, исмејување. Епа, не ги заебавајте онда. Не ги тепајте, остајте ги на раат. За децата зборам. Срамота е, башка. Срамота е на сопственото дете да му кажеш дека е уреду да му учука бокс на детето чии родители се двајца мажи или две жени.
Не знам како не се разјасни до сеа - нема никаков проблем ако хомосексуалците добијат право да посвојат деца. Проблемот вие го правите. Просто е.
 
Насловната на Вечер jа ставам во исто рамниште со видео презентациjата од нашата ни блиска Уганда. Нели сме слични :)
 
Татооо....не ти мамо, другиот тато, нели си ти денес мама?
- Не сине, денес јас сум тато, тој е мама. Утре ќе се смениме.
ОК, ама учителката рече да дојде мама, ама не како минатиот пат. Сега да дошла мамата.
- Што знае таа. Кога јас сум мама, јас одам, кога он е мама, тој. Денес не ми е мене ред сине.
Не разбирам.
- Демократија, либерализам сине, ќе учиш во школо еден ден.
А чичкото што ме пипкаше?
- Тој е друга приказна, не е за сега и за тука, друга тема и муабет е тоа, ама нели тој многу те сака: Таквите најмногу сакаат деца.
Добро мамо. Како ќе кажеш мамичке.
- Ти реков, денес јас сум тато.
Извини тато, тешко ми е да памтам, кај друготе деца е полесно, мајка им е жнско, а татко им е машко.
- Добро де, аман и ти. Живото е таков. Ајде облечи се, треба да одиме на парада.
И мама ќе дојде?
- Да, само да се облече и тргаме.
Мене пак не ми е јасно.
- Е де, не мора се да ти е јасно. Модерно е вака. Ти си помодерен од друготе деца

Сеа, јебига, Спиро има право, не е природно.
 
Ќе живеат во неприродна средина (ајде нездрава не кажувам гледам се палите на тоа па одма реплицирате) малце ли е тоа??

А од друга страна кое дете заслужува да биде чувано од хомосексуалци а кое не?? Како ќе ја направиш поделбата ,услови ќе има некој,критериуми или како??Само женски?? Само машки?? На кое дете ќе му ја одредиш судбината да биде исмејувано од сите и хендикепирано од самиот почеток??

Повеќето од децата во Македонија живеат во неприродна средина, родители насилници, пијаници, проститутки, неписмени, со недоволно услови сами да се прехранат, а не па децата.
Па ако во такви ,,услови,, децата преживуваат, овде, ништо полошо не може да им се случи ако живеат со двајца мажи или две жени.
Ти дома твоите ги гледаш додека имаат секс? Се бакнуваат пред тебе? Се допираат?
Исто и хомосексуалните родители, не би си го дозволиле тоа пред децата.

Критериумите за посвојување на дете, кај хомосексуални или хетеросексуални родители, треба и мора да бидат исти. Психички стабилни, волја за имање на дете, материјални услови.

Јас познавам пар, во кој жената даде се од себе да имаат деца, после неколку неуспешни инвитро оплодувања на крај роди дете. Мажот, баш уво го болеше за се, па и сега за детето.
Детето СЕКАКО расте без татко, со мајка му и бебиситерката, таткото не го ни гледа.

Што правиме со децата растени од мајка и баба, таткото го нема од различни причини? Ете, нема машка фигура во неговиот живот.

Самата сексуална определеност на родителот не му пречи на развојот на детето, и да во право си, средината пречи. Што значи, средината треба да се менува, пред се, преку едукација и убави казни за секој дискриминаторски расположен (ако твоето дете навреди дете на хомосексуалец, тебе социјален работник дома да те види што сурат од родител си).
--- надополнето: 13 октомври 2012 во 01:23 ---
Самиот факт дека хомосексуалците неможат сами по себе да добијат дете значи дека целата таа средина е неприродна.Да е све природно денеска немаше ни да имаме дебати на вакви теми.
Околу ефектите во развојот ,значи ние денеска имаме разлики на деца растени од родители порно глумци и на деца растени од родители писатели, а замисли на деца растени од хомосексуалци..
А што ќе се случи ако детето не ги прифати родителите?? Еве израсне до одредена возраст каде почне да размислува самостојно и види дека кај него дома нешто се разликува од кај останатите??
Што праиме тогаш??
Што праиме околу воспитувањето, каде дома на детето ќе му биде зборено дека тоа е во ред а што излезе од дома ќе наиде на сосем друг прием од останатите,и тоа дете на кого ќе треба да верува или која средина повеќе ќе влијае на него,домашната или надворешната??
Еве стај се самата во таква позиција,замисли си дека ти доаѓа дома друштво а таткоти нашминка со цицки во дневна седи.. на шо би личело тоа??

Затоа некои работи треба да бидат оставени на страна, бракови нека бараат за тоа мислам дека горе-доле луѓето ќе најдат разбирање ама околу децата цела таа дискусија е непотребна,нереална а и неприродна.

До пред некое време, не постоеше инвитрото.
Дали родителите хетеросексуални, кои не можат да зачнат природно, зачнувајќи вештачки, прават неприродна средина?
Второ, децата си ги сакаат родителите какви и да се. Дури и кога родителите не заслужуваат да бидат сакани: ги малтретираат децата, ги понижуваат и повредуваат. А детето растено во open minded средина, нема теорија да стане конзервативец. Можна е само обратната варијанта. Слободниот не сака во затвор, ама тој во затвор сака на слобода.
На детето повеќе може да влијае средината, отколку семејството, само ако семејството не го воспитува и не вложува труд и време во градењето на неговата личност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom