PIRATIC
diplomiran klozetar
Е кога ќе ми треснете вакво нешто...
Опасни се само луѓето, ајде да ги забраниме! Без разлика на пол, вера, идеологија, луѓето се опасни бидејќи не знаеме како реагираат на дадени ситуации...
Ајде, забранете ги. Што бре сите се научивте ако не можете со нештото да се справите веднаш да го забранувате????
Кој ве учи така?
Од дома? Од улицата? Политиката наша??? Интернетот??
Ако некој не може да се справи со своите „демони“ нека го проголтаат, нема што некој друг да му забранува на некој што да прави ако овој нема ум до каде му е границата!
Ајде малку новите родители да почнат да биваат родители и да си ги научат децата што е опасно и што не! А не да шетаат по кафичите и да ги забораваат децата на нет каде што има се и сешто!!!
Перењето мозок на децата како „семејство“ е ова, но не она е само неспособноста на родителот да објасни на едно дете (сигурно не мислам на дете од 5 години) ниту за сексот, ниту за љубовта, ниту за луѓето дека се различни а сепак исти. Заради нас, постарите и нашето ограничување, добиваме НЕЗДРАВО потомство кое е уште поосамено и поограничено од нас самите!
Во мое време алкохолот не беше забранет... па гледам сите не спопадна едно зло... тешко зло... Денес е забранет па децата (15+) пак пијат и тоа не ни знаат како и колку!
НЕ Е ДО ЗАБРАНУВАЊЕТО, ДО ВИСТИНСКАТА ЕДУКАЦИЈА Е! НЕ СЕКОЕ ЗНАЕЊЕ Е МОЌ: ПОСТОИ ЗНАЕЊЕ ШТО Е РОПСТВО И СТРАВ!
П.С. Телевизорот е опасен. Мало дете може со чаша од масата да го тресни и да го разнесе и да остане слепо. Ајде да ги забраниме телевизорите или да се донесе закон тв-то да биде минимум 1.54 метра над подот и 2.2 метри од извишена површина!!!!
П.П.С. Треба да разберите дека може и без забрани да се поправа општеството. Само треба знаење и разбирање.
Мешаш баби и жаби, што мешаш телевизори и сл. зарем според тебе алкохолот, коцката и дрогата се убави и корисни работи кои не треба да бидат забранети ............ јас да сум власт и некаков фактор попрво би го легализирал хомосексуалството т.е. хомосексуалните бракови кои се тотално безопасни за средината, а би забранил низа други работи(алкохол, дрога, коцка) ........... ама ете според вас се било ОК и коцка и дрога и алкохол, само педерите биле проблем, бидејќи вашите деца ќе ги виделе во некое паркче како се лапаат двајца мажи и после веднаш и они такви ќе станат, како да не !
П.С. Или се нека се легализира или ништо ................. или секогаш мнозинството е во право, епа неможе така !
И семејството веќе одамна не е темел на нашево општество, во секое второ/трето семејство има некаков проблем, некаков раздор, некој шврља настрана, има швалерации, па разводи, па ова, па она... така да некој член претходно пишал дека Македонија била традиционална земја, аграрна земја каде што семејството било основа на општеството, како да не, можеби било така порано и сега е уште така во Моноспитово, Сарамзалино, Кривогаштани и сл. ама овдека не е баш така, видете ги статистиките од година во година се помалку бракови, се повеќе разводи, се помалку родени деца, се помалку запишани првачиња, склопување бракови на преку 30 год. и после уште некој шапшал ќе ми кажува дека сме биле традиционална земја каде семејствата биле традиционални, конзервативни и биле столб на општеството

