Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
Постои...е сега прашањето е во која форма, облик и налин на постоење постои.
Е во која де? Нели знаеше?
А шо ќе ти доказ? Немањето доказ не значи дека нешто и не постои. Сингуларитетот нема доказ. Постоел или не?
 
Немањето доказ значи дека нештото не постои додека не се најде доказ за него.За сингуларитетот сеуште се расправа и истражува, ќе видиме ЦЕРН што ќе пронајде.
Ама за белиов старец некако тешко оди работата...
 
Divider има една фондација, нуди $1m ако докажеш дека постои нешто натприродно.Не се мачи тука на форумов, оди собери си ги паричките.
 
Немањето доказ значи дека нештото не постои додека не се најде доказ за него.За сингуларитетот сеуште се расправа и истражува, ќе видиме ЦЕРН што ќе пронајде.
Ама за белиов старец некако тешко оди работата...
Уф ама заклучок, ако нешто нема доказ не постои. Јако...
И никој не спомна белоглав старец, ако ја следеше дискусијата. Станува збор за некаков си „бог“ (не тој ЈХИ, ни хиндуистичките ни митолошките).
Pa ti kazav, amaaaaan!
Нешто кажа ама поприлично неодредено. За знаење треба малку поконкретно (додуше малце поише)
 
Извини, ама што е погрешно во тој мој заклучок? Цела модерна наука и цивилизација е базирана на тој принцип. WTF?

Тоа за белиот старец беше сарказам.
 
Еве пример. Пред Њутн не постоеше ли гравитацијата? WTF. По тебе не постоела нели? Или ете до коперник не постоел хелиоцентричниот систем?
Мислам дека ти е појасно зошто и сарказмот не е на право место, нели?
 
Абе не ми бегај од тема. Имаш линкови до делови од работата на Хокинг. Не станува збор за тоа дали постои креатор или не. Не извртувај.
Знаеш што е циркуларна логика?

Lucid Dreamer: Свеста постои, знаеме бидејќи сме свесни.
Свеста е единственото нешто што можеш да знаеш дека постои, и знаеш дека е така... функционалистите користат циркуларна логика да ја оспорат, ама ајт... џабе е тоа кога размислуваш механички, не го ни мирисаш проблемот...него онтопик, за тоа мислев е темата, креаторот.

Не знам што воопшто го меша господ, кога аргументите му се смешни, ништо поверодостојни научно ниту од библијата или било која света книга. Единствената логика тука е да се вмеша религија за повеќе да му се продава книгата, што е стварно ниско за научник. Еве ти ја беспрекорната логика на Хокинг: Because there is a law such as gravity, the universe can and will create itself from nothing.“ :facepalm:
 
Еве пример. Пред Њутн не постоеше ли гравитацијата? WTF. По тебе не постоела нели? Или ете до коперник не постоел хелиоцентричниот систем?
Мислам дека ти е појасно зошто и сарказмот не е на право место, нели?

Не очекував од тебе вакви детски аргументи.Њутн ги поставил постулатите и математичкиот модел за механичките движења и гравитацијата.Доказ за гравитацијата е: кога ќе фрлиш нешто во височина тоа паѓа долу, доказ за хелицентричниот систем е : хоризонтот, движењето на сонцето итн. Значи Коперник и Њутн не го измислиле тоа, туку ги поставиле математичките постулати.
 
Кои детски аргументи бе младичу? Нели гледаш дека се вплетка во двојниот аршин кој сам си го направи. Употреби го истиот аршин и за „креатор“ но не онаков како Јахве (Бог, Алах). И тој воопшто не сакам да го дискутирам. Знаеш и сам дека ништо во универзумов не стои. „Panta Rei“, не е такво отсекогаш туку секоја милисекунда се менува. Тоа нели е креација. Размисли пред брзоплето да ми реплицираш.
 
Еве ти ја беспрекорната логика на Хокинг: Because there is a law such as gravity, the universe can and will create itself from nothing.“ :facepalm:

Ќе беше поарно и поточно ако напишеше „...еве ја смешната логика на Хокинг...„, оти е појќе од јасно дека чичето (Хокинг, нели...) е на заоѓање на својата кариера, која дотичниот се обидува да ја одржува со давање ваквија „зелени„ изјави и максими, кои сами од себе, објаснуваат се‘!

Се сечам, пред ноеклку години, Хокинг имаше став дека, за разлика од компјутерите, кои на секои 6 мес. ги водвојувале своите способности, а човекот, во споредба со нив, јааако бавно еволуирал, па за да се забрза човековата еволуција, било потребно интервенирање во човековиот ген...:confused:
 
А ти ако ти се расипе куќата ќе седиш дома и нема да ја поправиш.Ќе чекаш божја волја да ја направи и нема никогаш да се случи.Човекот има шанса да направи голем исчекор со генетски модифицирање на гените.Може да направи да поднесе голема радијација,може да направи да хибернира и други супер мен способности што сега човекот ги нема а му се потребни за да отиде на било која друга планета.За Марс се потребни 9 месеци и ако испратат луѓе таму од што ќе се хранат,треба да растат ГМО растенија што прават фотосинтеза од УВ светлина и издржувањето 9 месеци сигурно ќе има голем напор кон коскениот систем и мускулатурат која ќе се намалува заради нулта гравитација.Тука нема дискусија ние целиме да се подобриме било дали е генетско модифицирање на одредени гени или сакаш сеуште да живееме како што библијата рекла со земјоделие и со стока која ако науката не ја подобрила верувај дека ни јас ни ти немаше да живееме заради фактот што науката напредува а религијата догматизира да човекот не се променува и седи на земјата затоа што ако нема луѓе што веруваат во тој систем нема пари и профит.
 
Кои детски аргументи бе младичу? Нели гледаш дека се вплетка во двојниот аршин кој сам си го направи. Употреби го истиот аршин и за „креатор“ но не онаков како Јахве (Бог, Алах). И тој воопшто не сакам да го дискутирам. Знаеш и сам дека ништо во универзумов не стои. „Panta Rei“, не е такво отсекогаш туку секоја милисекунда се менува. Тоа нели е креација. Размисли пред брзоплето да ми реплицираш.

Кој двоен аршин бе пријателе.Денешната наука, а богами и цивилизација се базира на ДОКАЗ. Кога се поставува научна теорема се докажува истата и доколку има валиден ДОКАЗ тогаш е точна, доколку нема тогаш не е точна.На суд кога одиш исто така мора да ја ДОКАЖАТ твојата вина.
Тие демагогии Панта Реи, креаторот е во сите нас и околу нас се за мачкање очи со убави зборови и конструкции.
Додека објективно не се ДОКАЖЕ дека постои креатор или бог, субјективните ваши размислувања не се валиден ДОКАЗ.
 
Аман бе уште ли не разбравте дека дискусијата за Бог не се однесува на белокос старец кој седи со стапчето некаде на небото.

И да Бог постои, јасно е ко бел ден.

Тој што бара доказ нека си го најде. Големи се сите.

Насоките с етие, потрудете се самите:)
 
Кој двоен аршин бе пријателе.Денешната наука, а богами и цивилизација се базира на ДОКАЗ. Кога се поставува научна теорема се докажува истата и доколку има валиден ДОКАЗ тогаш е точна, доколку нема тогаш не е точна.На суд кога одиш исто така мора да ја ДОКАЖАТ твојата вина.
Тие демагогии Панта Реи, креаторот е во сите нас и околу нас се за мачкање очи со убави зборови и конструкции.
Додека објективно не се ДОКАЖЕ дека постои креатор или бог, субјективните ваши размислувања не се валиден ДОКАЗ.
Или не читаш или не сакаш да разбереш. Немам јас никаков доказ и не тврдам дека постои. Исто како што и многу други работи не знаеме (ај види ми го никот). Јас велам само едно, Не знам. Ти си тој кој нешто тврди. Многу работи во универзумот не се познати и не постои доказ, но функционираат без оглед на нашето (како човештво) незнаење. Тоа ти посочувам цело време, дека ништо не знаеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom