Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Дополнување на задачата
Треба да платат струја 2500, вода 500, радиотакса 200, и парно 6000 денари
Само решавањето на оваа твојата задача не математичка туку фантастична мистерија и ова задача ние не можеме да ја решиме
Затоа еве една многу полесна задача
Кој број поделен со 27 дава количник 26 и остаток 25?

И да му останат пари на први!
 
Него:

ако ја земете разликата од годината во која е роден Исус и годината кога воскреснал ќе ги добиете годините на таткото на дете чии години се разлика од годините кога умрел татко му и годините на независното постоење на Македонија како самостојна држава.
Колку години имало детето, како се викало и како се викал татко му.
 
16 X 2 13
5 10 11 X
9 6 X 12
X 15 14 1
Popolnete gi mestata oznaceni so X


16 3 2 13
5 10 11 8
9 6 7 12
4 15 14 1

Ако не се лажам, финтата е збирот во сите колони да биде ист. Ако е така еве го моето решение, а ако не е...just ignore me.
 
Најди го четирицифрениот цел број x, таков што последните 4 цифри од неговиот квадрат x^2 се всушност самиот број x.
Може ли сега да најдеме двоцифрен број, па потоа троцифрен број, па најпосле петоцифрен број, каде што последните две, три, пет цифри се самиот тој број.?
 
Може ли сега да најдеме двоцифрен број, па потоа троцифрен број, па најпосле петоцифрен број, каде што последните две, три, пет цифри се самиот тој број.?

Двоцифрени се 25 и 76, троцифрени се 625 и 376, а петоцифрен мислам дека нема.
 
Двоцифрени се 25 и 76, троцифрени се 625 и 376, а петоцифрен мислам дека нема.
Генерално, цифрата на единици може да биде само 1, 5 и 6
Број кој завршува со еден има само еден со таква особина:
( 1 ) 2 = 1
Бројеви кој завршуваат со 5 има три:
( 5 ) 2 = 25
( 25 ) 2 = 625
( 625 ) 2 = 390625
А броеви кој завршуваат со 6 има четири:
( 6 ) 2 = 36
( 76 )2 = 5 776
( 376 ) 2 = 141 376
( 9376 ) 2 = 8 790 376
Се согласувам нема петоцифрен број со такви особини
И така, со заеднички сили ја решивме оваа математичка мистерија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom