Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Имам ново маченце за прв пат..еве скоро 2 месеца. Се е супер но јас имам еден проблем. Но најверојатно лергичен сум и многу кивам, но најмногу што ме нервира е при подолго присуство на мачката во соба или при допир многу тешко дишам...некој совет?
направи тест на алергии , ако се чуствуваш многу тешко не ја чувај во соба, во двор или во ходник..
 
Мачоров ми имаше некоја инфекција на мочните патишта и мочаше кај стигне. Прими едно 10тина инекции, и после и храна медицинска и + апчиња насабајле и навечер му давам али уште моча..незнам више што да му правам, можно ли е да не се излечи после толку апчиња, инекции глупости. Више преку глава ми е :eek:
 
Колку време го терапирате? Дали го погледнаа на ехо?
 
Можеби се работи за некоја посериозна и поагресивна инфекција, па треба подолго време. Што ви кажа ветеринарот дека е проблем?
 
Можеби се работи за некоја посериозна и поагресивна инфекција, па треба подолго време. Што ви кажа ветеринарот дека е проблем?
Па инфекција дека е..ја носев и на контрола пред недела дена, и ја провери мочката и вика во ред е само нешто имаше покачено (тежина некоја ми кажа, али не дека е тешка мачкава :D ).
Ми даде 7-8 апчиња под четвртина насабајле и навечер му давам, уште едно има останато. + и храната од 300 денари ја купив али џабе...
 
Креатинин или уреа претпоставувам... завршете со терапија па пак на контрола, а ако не би ви рекла да побарате и второ мислење. Не знам кај кој ветеринар сте, јас го препорачувам др. Диме и др. Анастас, нив ги знам. Без разлика,кај кого и да идете обавезно кажете му на ветеринарот која терапија и колку дена ја примало мачето.
 
Кај Анастас идам :) Ако не се среди уште 2-3 дена ке го носам пак на вет. Фала ти на одговорите ;)
 
Да ја разубавам темава со моето внуче Феликс :)

A4pVkcVCMAAMbfN.jpg:large
 
Е беше кај мене дома еден ден ама го дадов:( Господинот Фигаро беше страшно многу љубоморен и ептен ми беше страв да не му направи нешто. На крај пред да го дадам мачето отиде и му го испи млекцето :pos: Се мислам од наредното парење да си зачувам едно маче и двечки да чувам, ама мисла ми е Фигаро како ќе го прифати тоа, оти е ептен асоцијален и навикнат целото внимание да е во него. Инаку сестра ми нејќеше да го дадеме мачето, ама морав, барем знам дека ќе го гледаат таму кај што го дадов.
 
Некој начин да го припитомам дворското маче ? Значи му давам јадење, се метка меѓу нозе али никако не остават да го погалам...
 
Некој начин да го припитомам дворското маче ? Значи му давам јадење, се метка меѓу нозе али никако не остават да го погалам...
Имам припитомено едно дворско маче досега. Биди поупорен и ќе почне да се опушта, редовно ќе ти биде во двор кога ќе види дека му даваш јадење и дека немаш лоша намера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom