MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Dictator,Во голема заблуда сте и обајцата.Јас би ви го поставил прашањето-ако постои Бог,тогаш зошто постои науката?
Еве да претпоставиме дека Бог постои,иако тоа не можеме да го знаеме,дали во случај да не постоеше науката како главен двигател на човештвото и неговиот прогрес,каква ќе беше замислата на човекот за Бог?Како некое мало,кутро,дебело воајерче полно со злоба,завист и љубомора кое врши геноцид при првото негово незадоволство?Требаше ли човештвото да дозволи други институции,налик на Црквата,наместо самиот човек,да си земаат за екслузивно право за објаснување на природата на Бога?Ако беше така,уште ќе мислевме дека Сонцето се врти околу Земјата.Добро,има и такви што во 21.век го тврдат тоа,баш благодарение на влијанието на Црквата
Јас би рекол дека науката го дефинира Бог,можеби не може да го докаже неговото постоење или целосно да го разоткрие,но дефинитивно може нешто да не научи за неговото дејствување и неговата природа.Науката,преку откривањето и изучувањето на законите,појавите и односите кои владеат во природата,на Земјата,во Универзумот на досега најдобар можен начин ни го открива Бог и тоа што тој претставува,а што не(секако,доколку тој постои).Ниедна религија не успеала толку во тоа,иако,морам да потенцирам за да не ме сфатите погрешно,би можело да се каже дека на ова поле религијата и науката имаат заедничка цел и интерес,а тоа е пронаоѓањето на Бог.Секако,секоја со своите методи.
Затоа Гурџи,немој да и се лутиш толку на науката и ревносно да ја отфрлаш а ти Стефан преиспитај си ги уште еднаш ставовите зашто звучиш како да си ограничен во изборот(болд).
не ги изместувај нештата од нивниот веќе познат историски тек.
Науки, уметности и философии, во ваква или онаква форма, постоеја во сите досега познати цивилизации, знаши едно 5-6 000 од забележаната/пишаната човекова историја. Во времињата кога науките не беа во денес познатата форма, средства, методи и речник, и тогаш луѓето имаа свои културно-цивилизациски домети, и тогаш имаа свои митологии, религии и верувања (религиозно системи) и тогаш веруваа во задгробен живот и сл.
Денешните сциентистички поклоници се така увежбани (читај: во умојте инструирани...) што тие поклоници, целата своја вера и надеж ја полагаат врз науките, сметајќи ги (науките) за чаре за сите егзистенцијални проблеми на Земјава и во животов на Земјава, а притоа истите тие поклоници, нејќат да забележат дека токму научниот светоглед не‘ води во се‘ повисоки ниво‘и од неред, преку неповратно арчење на природните ресурси, загадување на човековата околина, глобални војни, распад на човековите социјални релации, распад на човековата личност, богоотпадништво и сл.
Науките си имаат свои предмети на изучување, а колку ми е познато, ниту една природна, општествена или хуманитарна наука, не Го „прочува„ Бога Творецот, освен Неговата Црква. Ниту една наука нема начин да докаже или побие дека Бог постои...
Према томе, науката, иако е денес „опозиционо„ поставена кон Бога, не мора да значи дека по секоја цена да биде богоборечки настроена. На пример, тројцата мудреци од Исток, кои дојдоа да Му се поклонат на Младенецот, своевремено важеле за врвно образовани луѓе, во духот од тогашните науки (математика, философија, астрономија...), но ете, тие не беа Богоборци туку Богопоклоници!