- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
Колкумина од вас го живеат животот каков што навистина посакуваат?
Most people are other people. Their thoughts are someone else's opinions, their lives a mimicry, their passions a quotation. ~Oscar Wilde, De Profundis, 1905
Иако некому ова прашање може да му се чини површно, и да го отфрли со експрес-констатација од типот "јас сум свој човек, се изборив со тоа уште во адолесценцијата, живеам како што јас сакам", ве молам да размислите подобро.
Кој го работи она за што сонувал од дете? Најновите истражувања покажуваат дека дури 80% од луѓето се на огромен стрес на работа и ја мразат истата. Сепак, остануваат во некаква си летаргична статус-кво ситуација, без желба за промена (најчесто поради финанссиски проблеми и страв да се осмелат да направат нешто за да излезат од таа ситуација). Голем број од луѓето работат нешто што е во целосна спротивност со нивните желби. Неретко се случува да има вистински професионални династии, од типот доктори или адвокати, каде генерации и генерации од семејството се занимаваат со иста струка. Проблемот е во тоа што не сите сакаат да бидат она што се нивните родители.
Колку навистина среќни бракови има? Колку брачни заедници се склучуваат или раскинуваат поради низа фактори кои немаат врска со љубовта (притисоци од страна, пари или недостаток од истите, озборувања од околината,бременост), која би требало да биде основна причина за брак?
Колку се почитува индивидуалноста? Во ова матрикс-општество на секое ваше слабо "Јас можам", веднаш ќе добиете минимум пет саботирачки извици од другите "Не, ти не можеш!". Да биде уште потрагично, ова многупати го слушате од најблиските, во директна или посуптилна форма.
Дури и да не е во вербален облик, ќе го слушнете како внатрешен глас кој ја саботира секоја ваша желба за напредок и подобар живот и полека, но сигурно ве уништува одвнатре.
Најтешката битка со која секој се соочува во животот е да биде СВОЈ, во систем кој ја поткопува автентичноста и оригналноста на секој чекор. Запомнете, родени сте како оригинал. Не дозолувајте да умрете како копија.