Живеете ли туѓ живот?

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Колкумина од вас го живеат животот каков што навистина посакуваат?

Most people are other people. Their thoughts are someone else's opinions, their lives a mimicry, their passions a quotation. ~Oscar Wilde, De Profundis, 1905

Иако некому ова прашање може да му се чини површно, и да го отфрли со експрес-констатација од типот "јас сум свој човек, се изборив со тоа уште во адолесценцијата, живеам како што јас сакам", ве молам да размислите подобро.

Кој го работи она за што сонувал од дете? Најновите истражувања покажуваат дека дури 80% од луѓето се на огромен стрес на работа и ја мразат истата. Сепак, остануваат во некаква си летаргична статус-кво ситуација, без желба за промена (најчесто поради финанссиски проблеми и страв да се осмелат да направат нешто за да излезат од таа ситуација). Голем број од луѓето работат нешто што е во целосна спротивност со нивните желби. Неретко се случува да има вистински професионални династии, од типот доктори или адвокати, каде генерации и генерации од семејството се занимаваат со иста струка. Проблемот е во тоа што не сите сакаат да бидат она што се нивните родители.

Колку навистина среќни бракови има? Колку брачни заедници се склучуваат или раскинуваат поради низа фактори кои немаат врска со љубовта (притисоци од страна, пари или недостаток од истите, озборувања од околината,бременост), која би требало да биде основна причина за брак?

Колку се почитува индивидуалноста? Во ова матрикс-општество на секое ваше слабо "Јас можам", веднаш ќе добиете минимум пет саботирачки извици од другите "Не, ти не можеш!". Да биде уште потрагично, ова многупати го слушате од најблиските, во директна или посуптилна форма.
Дури и да не е во вербален облик, ќе го слушнете како внатрешен глас кој ја саботира секоја ваша желба за напредок и подобар живот и полека, но сигурно ве уништува одвнатре.

Најтешката битка со која секој се соочува во животот е да биде СВОЈ, во систем кој ја поткопува автентичноста и оригналноста на секој чекор. Запомнете, родени сте како оригинал. Не дозолувајте да умрете како копија.

Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
обично се гледа она што ќе речат другите и се прилагодува на тоа ... значи се живее за другите ...

пример ... ако шетање гол/а те прави среќен/на, дали тоа ќе го применуваш шетајќи низ град?
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не, и никој не може да живее туѓ живот. Добиваме инспирација, и во обид да се оди по истата патека - тоа изгледа на копи/паст.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова прашање го разгледувам од три аспекти. Првиот е индивидуален, вториот е финансиски и третиот општествен.
Индивиуалниот концепт на живеење го креира секоја индивидуа за себе, поточно би требало да го креира во спротивност ќе проживее некој туѓ, несреќен живот или неисполнет во најмала рака. Во ова поле се вклопуваат карактерот кој секоја возрасна личност би требало да го има изградено до 18та година и да го надополнува или калеми со текот на годините. Карактерот ги потврдува ставовите, ставовите ги надополнуваат целите.
Вториот е финансиската способност која ја комплетира првата слика. За да бидеш среќен во својата кожа мора и финансиското поле да ти е задоволено. Амбицијата е носечка, ладната глава и брзите решенија. Доколку во еден потег затаиш, го изгубиш чекорот или трпението, сонот може да се претвори во кошмар или преживување. Мора да си флексибилен и да работиш она што носи приход, а не она што го сакаш. Нема работа без нервоза и ретко некој да си ја сака работата и да ужива во 40те часа работно време. Парите ќе ти го насмеат лицето колку и да е тешка работата.
И третиот општествен аспект е делот во наметнувањето на норми и правила на функционирање поддржани од мнозинството. Законите се измислени да се почитуваат, традициите да се негуваат, а нормите да се погазуваат. Индивидуално е кој колку внимание им обрнува. Благодарејќи на константното труење со конзерватизам и обичаи до ден денес прегите се сеуште силни. Со тек на време ќе попуштат, со новите генерации и воспитувања.
Кога зборувам за себе би се опишала како личност која живее свој живот, со работа која ја вади од петици и без тронка срам и совест за нарушување на конзервативни правила, обичаи и норми. Живеам согласно законите кој нажалост се наметнати присилно, но мора да се почитуваат вклучувајќи го и правото да си купам алкохол после 19ч и пушењето цигари на јавни места. Во моја близина несакам конзервативни луѓе ниту ги имам, воспитана сум во либерален дух и воопшто не ме интересира што ќе речат „комшиите“.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Дали се сака да се праша кој од многуте идентитети (граѓанско општество за седмо одделение, прва лекција - идентитети :)) кои ги имаме и по кои сме познати или се идентификуваме најмногу ни прилега и не чини тоа што сме (она не е со апостроф) или зошто не (ова не како негација).
 
Идентитетите кои ги споменуваш многупати се само маска за вистинското ЈАС (маж, татко, брат, сопруг, бизнисмен, пензионер, работник, христијанин, муслиман...итн.итн). Но ниедно од нив не е вистински ТИ.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Значи јас не сум ниту: форумџија, маж, македонец, европјанец, философ, жител на планетата земја, интелектуалец, писател, понекад: мрчатор, сеирџија, весељак.....

Туку нешто сосем инакво и скриено, заЦкриено?

Е шоем сум ондак јаска?

Сеа ме збунка стори.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ова прашање го разгледувам од три аспекти. Првиот е индивидуален, вториот е финансиски и третиот општествен.
Индивиуалниот концепт на живеење го креира секоја индивидуа за себе, поточно би требало да го креира во спротивност ќе проживее некој туѓ, несреќен живот или неисполнет во најмала рака. Во ова поле се вклопуваат карактерот кој секоја возрасна личност би требало да го има изградено до 18та година и да го надополнува или калеми со текот на годините. Карактерот ги потврдува ставовите, ставовите ги надополнуваат целите.
Вториот е финансиската способност која ја комплетира првата слика. За да бидеш среќен во својата кожа мора и финансиското поле да ти е задоволено. Амбицијата е носечка, ладната глава и брзите решенија. Доколку во еден потег затаиш, го изгубиш чекорот или трпението, сонот може да се претвори во кошмар или преживување. Мора да си флексибилен и да работиш она што носи приход, а не она што го сакаш. Нема работа без нервоза и ретко некој да си ја сака работата и да ужива во 40те часа работно време. Парите ќе ти го насмеат лицето колку и да е тешка работата.
И третиот општествен аспект е делот во наметнувањето на норми и правила на функционирање поддржани од мнозинството. Законите се измислени да се почитуваат, традициите да се негуваат, а нормите да се погазуваат. Индивидуално е кој колку внимание им обрнува. Благодарејќи на константното труење со конзерватизам и обичаи до ден денес прегите се сеуште силни. Со тек на време ќе попуштат, со новите генерации и воспитувања.
Кога зборувам за себе би се опишала како личност која живее свој живот, со работа која ја вади од петици и без тронка срам и совест за нарушување на конзервативни правила, обичаи и норми. Живеам согласно законите кој нажалост се наметнати присилно, но мора да се почитуваат вклучувајќи го и правото да си купам алкохол после 19ч и пушењето цигари на јавни места. Во моја близина несакам конзервативни луѓе ниту ги имам, воспитана сум во либерален дух и воопшто не ме интересира што ќе речат „комшиите“.
Се сложувам со тебе освен малку кај делот за финансии.
Може ќе ти звучи чудно од еден од најголемите инвестициско-берзантски тупачи на форумов. Тоа што ми е главна мотивација во тоа што го работам не се парите. Иако се сепак важен фактор. Сакам предизвици и интересни работи кој ме мотивираат не би работел било што дури и да е платата сериозно добра треба да ме интересира и мотивира. Така да малку сум пребирлив кога е прашање професинален ангажман се разбира колку што е можно во овие услови. Берзата ја сакам не најмногу поради парите (иако се добре дојдени :)) туку поради тоа што ми е интересно дали моето теортеско знаење функционира во пракса. Бидејќи професијата во основа ми е теорија.
Ако не се пронајдеш во работата тешко ми функционира денот и ми е мачење така да би работел и за помали пари ако е интересна работата.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Значи: твојот идентитет засега е: инвестициско-берзантски тупач, машко, форумџија.

Синоока, објасни дедер како јас не сум јас туку сум некој друг јас, кој не еовој јас туку е нејас, ами јас.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Значи јас не сум ниту: форумџија, маж, македонец, европјанец, философ, жител на планетата земја, интелектуалец, писател, понекад: мрчатор, сеирџија, весељак.....

Туку нешто сосем инакво и скриено, заЦкриено?

Е шоем сум ондак јаска?

Сеа ме збунка стори.
Ете, добро прашање за размислување ти дадов;)
Апропо тоа, од Катчето за мудри/инспиративни текстови:

Што гледаш кога ќе погледнеш во огледало?

НЕСВЕСНОСТ: Гледам преубава коса и очи;гледам усни по кои сите лудуваат;ммм гледам поглед со кој секоја би ја оборил;гледам будала;гледам глупача;гледам лузер;гледам идиот...
СВЕСНОСТ: Гледам свест која се искушува;гледам ентитет способен за се,затоа што тој е СЕ.

И приказна од Антони Де Мело (сори за копи-пејстот, ама не сум во можност сега да преведувам)

KO SI TI?

Jedna žena je pala u komu i najednom kao da senašla pred božjim sudom.
»Ko si ti?« upitao je Glas.
»Ja sam gradonačelnikova žena.«
»Ne pitam čija si žena, već ko si ti.«
»Jasam majka četvoro dece.«
»Ne pitamčija si majka, već ko si ti.«
»Ja sam učiteljica u školi.«
»Ne pitam šta radiš, većko si.«
I sve tako. Šta god bi rekla, nikako da kaže pravi odgovor
.»Ko si?«
»Hrišćanka.«
»Ne pitam koje si vere već ko si.«
»Ja sam ona što je uvek išla u crkvu i pomagala ubogima i sirotima.«
»Nisam pitao kakva si bila, već ko si.«

Na kraju, pošto nije umela da odgovori, vraćena jenazad. Kada je ozdravila, resila je da otkrije koje i svese promenilo.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ете, добро прашање за размислување ти дадов;)
Апропо тоа, од Катчето за мудри/инспиративни текстови:

Што гледаш кога ќе погледнеш во огледало?

НЕСВЕСНОСТ: Гледам преубава коса и очи;гледам усни по кои сите лудуваат;ммм гледам поглед со кој секоја би ја оборил;гледам будала;гледам глупача;гледам лузер;гледам идиот...
СВЕСНОСТ: Гледам свест која се искушува;гледам ентитет способен за се,затоа што тој е СЕ.
СЕБЕ, со сите маани и доблести.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се сложувам со тебе освен малку кај делот за финансии.
Може ќе ти звучи чудно од еден од најголемите инвестициско-берзантски тупачи на форумов. Тоа што ми е главна мотивација во тоа што го работам не се парите. Иако се сепак важен фактор. Сакам предизвици и интересни работи кој ме мотивираат не би работел било што дури и да е платата сериозно добра треба да ме интересира и мотивира. Така да малку сум пребирлив кога е прашање професинален ангажман се разбира колку што е можно во овие услови. Берзата ја сакам не најмногу поради парите (иако се добре дојдени :)) туку поради тоа што ми е интересно дали моето теортеско знаење функционира во пракса. Бидејќи професијата во основа ми е теорија.
Ако не се пронајдеш во работата тешко ми функционира денот и ми е мачење така да би работел и за помали пари ако е интересна работата.
Гледаш иако мислиш дека сум искомплексирана и исфрустрирана сепак сме слични во две битни полиња од животот :)
Јас без пари немам мотивација, ако се плати ќе научам и физика да работам.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Гледаш иако мислиш дека сум искомплексирана и исфрустрирана сепак сме слични во две битни полиња од животот :)
Јас без пари немам мотивација, ако се плати ќе научам и физика да работам.
Премногу се слични затоа не те сакам :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom