Со здравје да си го служиш!
Друже ај ТЕ МОЛАМ провери и кажи ми какво УСБ/надворешен хард-диск бара дали најобично или со поголеми брзини на трансфер,со поголема меморија?На. пр.дали со најобично Кингстон/Кингмакс усб од 8гб ќе вршам работа или мора да си купам екстерен хард диск од 3-4 илјади ден.?
И уште побитното кажи ми дали комотно можеш да снимиш нешто од некој ТВ-канал и подоцна истото тоа да си го пуштиш и гледаш на ТВ-то.
И дали снименото го репродуцира само на ТВ-то или истото можеш да го гледаш и на лаптоп или што и да е???
Јас се спремам за многу брзо време да го земам 37 инчниот од овој модел.ЈБГ толку ми е буџетот а нема во никој случај поарно за тие пари.
Однапред фала на помошта.
Позз
Фала друже да си го земеш и ти истиот или уште подобар
Досега дома пуштав од 2 усб стика:
- едниот е 8GB Transcend со брзини околу 20/6 MB/s read/write
- а вториот стик 16GB A-DATA USB3.0, брзина 100/30 MB/s read/write
Со овие немам никакви проблеми, со поспори усб-иња не сум пробал пошто немам такви ефтини ѓубриња по дома.
Верувам дека и со други стикови ќе нема проблем.
Двата стика се форматирани во NTFS формат, заради големите HD MKV видеа.
Го пробав со MKV, AVI, MP4, MPG фајлови, покрај AC3 аудио кодекот, чита и DTS 5.1 аудио ако ти значи нешто ова.
Преводите ги вчитува автоматски, плус има опции за подесување на латинични и кирилични преводи, зголемување на преводот и слично.
Тоа со снимањето не го пробав уште, ако ти значи ептен ќе се потрудам да го испитам и тоа.
Ај деновиве ќе гледам да одвојам малку време па ќе напишам и една рецензија за телевизоров.