Кувајт +
Скопската градежна компанија Гранит отвори свое застпаништво во Кувајт, на почетокот на месецов, дознава Тотал. Нашата градежна компанија, која изгради силен бренд на блискоисточниот градежен пазар, склучи ексклузивен договор со локална компанија, која ја застапува пред клиенти од Саудиска Арабија, Катар, Ирак, Иран, Сирија, Јемен и други земји од блискиот исток. Застапништвото на нашата најдобра градежна компанија се наоѓа во Кувајт Сити, главниот град на државата Кувајт.
Менаџментот на Гранит, не одговара на барањето на Тотал и десетина дена ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација.
Со овој бизнис потег сите бизнис операции на блискиот исток Гранит ќе ги води преку својот локален партнер.
Акцијата на Гранит е една од најликвидните на скопската берза. Во последниве неколку денови бележи раст на цената, особено откако менаџментот објави дека како предлог одлука за усвојување на претстојното собрание ќе се најде точка со која се предлава дивиденда од 15 денари по акција, што претставува раст од 50% на вредноста на дивидендата во споредба со 2004 година.
Гранит во минатото пред заливската војна учествувал во изградба на аеродроми и авиобази.Прв најзначаен проект на Гранит е учество во конзорциумот Дамаск – Алепо во Сирија.Во 1981 година компанијата во рамки на конзорцумиот СДПР добива проект вреден 1 милијарда долари, но тогаш започнува војната во заливот на Кувајт. Во тој период Гранит работи и во големиот македонски конзорциум Македонија Инвест во Либија, Алжир, Јордан и во Кувајт, проектот бил вреден 400 милиони долари, а учеството на Гранит било 30% од вредноста на проектот.
Гранит почна нов бизнис во Украина вреден 70 милиони евра
Најголемата македонска градежна компанија деновиве Гранит почна да гради нов автопат во Украина, бизнис вреден 70 милиони евра, информира генералниот директор на Гранит, Страшо Милковски.
“Пред две недели почнавме со реновирањето на нов автопат во Украина, од Киев до Новоград. Станува збор за бизнис вреден 70 милиони евра. Со оглед на ризичната финансиска ситуација на Украина, би требало да се плашиме од можната инфлација во оваа држава, односно од евентуалното девалвирање на вредноста на договорената зделка. Но, не се плашиме за судбината на овој договор, бидејќи кредитор за реновирање на делницата е ЕБРД”, вели Милковски.
Тој објаснува дека Гранит во принцип внимава, кога влегува во нови проекти во странство, тие да имаат сигурни инвеститори, како што се ЕБРД, ЕИБ и слични меѓународни институции. Целта е секако обезбедување на сигурна наплата за изведувањето на градежните работи.
Милковски исто така не се надева дека глобалната финансиска криза може да предизвика сериозни потреси на бизнисот на Гранит во Македонија, затоа што не се надева дека домашната економија е до тој степен изложена на глобалните потреси.
Владата ќе преземе една третина од вкупната сума што Ирак и Иран им ја должат на 17 македонски компании. Идејата е азиските земји да и останат должни на државата, а таа да им ги прости долговите што овие фирми ги имаат кон државните институции.
На овој начин ќе се наплатат најмалку 50 милиони евра што 17-те фирми ги заработиле изведувајќи разни проекти во овие две земји.
За да се реализира оваа компензација, треба да се направат две измени во законот за побарувањата од Ирак и Иран, што веќе постои.
Пребивањето на меѓусебните долгови е веќе испланирано во Министерството за економија, дознава А1. Се чека уште ставот на финансии.
Според информациите на А1, вкупните побарувања на фирмите што работеле во Ирак и Иран е близу 180 милиони долари.
Охридски „Емо“, градежните фирми „Пелагонија“, „Маврово“ и „Гранит“, „Раде Кончар“, некогашниот гигант „Металски завод Тито“, скопски „Охис“, „Еурокомпозит“ од Прилеп се фирмите кои и должат на државата, но истовремено имаат милионски побарувања од Ирак и Иран.
Најмногу побарува „Емо“ - дури 40 милиони долари. Втора фирма која со години не успеа да си го наплати сработеното е „Пелагонија“. Во зделките со Иран и Ирак заглавила близу 10 милиони долари.
Според информациите на А1, во Владата постоело расположение за реализација на пребивањето.
Тоа ќе им овозможи на фирмите да ги расчистат сметките со државата, а некои од нив дури и да го сменат статусот од загубари, да станат ликвидни компании.
Иран
„Адинг“ ќе гради фабрика во Иран
Македонската градежна компанија „Адинг“ отвори своја фирма во Иран, со седиште во Техеран, а наскоро планира изградба и на фабрика во оваа земја
„Гранит“ ќе гради автопат во Полска
Македонската најуспешна градежна фирма ГД „Гранит“ АД Скопје освои уште еден странски пазар. Менаџментот на компанијата деновиве потпиша договор за изградба на 20.8 километри автопат во Полска. Вредноста на проектот изнесува 156.345.822 евра, а рокот за изведба на целиот објект е 24 месеци. Како што информираат од „Гранит“, оперативата ќе биде ангажирана на изградба на делницата од Бжешко до Вјешкославице, која е дел од автопатот А-4, кој ја поврзува Полска со Германија и со Украина. Автопатот ќе биде од А-класа со две насоки на движење. Во секоја насока ќе има по две ленти за одвивање на сообраќај и плус трета лента за застанување. По должината на сообраќајницата ќе има повеќе објекти, како мостови, натпатници, потпатници и клучки, што придонесува за зголемување на вредноста на целиот проект.
Инаку, „Гранит“ ја доби работата во Полска на јавен тендер на кој настапи во конзорциум со локалната компанија НДИ. Конзорциумот победи во исклучително силна конкуренција од повеќе домашни фирми, но и неколку интернационални реномирани градежни компании, како што се австриските „Алпине бау“ и „Штрабаг“, потоа „Драгадос“ од Шпанија, ЈиП, „Авакс“ од Грција, МСФ од Португалија и други.
Македонската фирма АДИНГ деновиве склучи договор вреден повеќе од четири милиони евра, за проектот „Автопат - Тараз” во Казахстан. Станува збор за автопат во јужноказахстанската област Тараз, во должина од 57 километри, кој е дел од меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа – Западна Кина” и е проект на Владата на Казахстан, потпомогнат од Светска банка.