Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.158
- Возраст
- 40
Постојат многу рецепти за подготовка на десерти со обланди. Дали ќе бидат благи или солени изборот за филување е ваш.
Љубители сте на обланди? Колку често ги подготвувате?
Во продолжение, неколку рецепти за вкусни десерти
Чоколадни обланди
Потребни состојки:
- 500гр чоколадо за готвење
- 500гр шекер
- 3 лажици какао
- 1 маргарин
- 300гр ореви
- 500гр бисквити
- 1пак обланди
- 250гр зејтин
- 300гр млеко
Подготовка:
Бисквитите и оревите се мелат.
На оган се ставаат млекото,маргаринот и шекерот да се стопат, потоа се додава какаото, па бисквитите и оревите. Се меша убаво да се добие хомогена смеса.
Се трга од оган.
Обландите се ставаат една по една во влажна крпа да омекнат потоа се мачкаат со смесата и се виткаат како ролат.
Се оставаат 10тина минути да се оладат. Завитканите обланди се сечат на мали ролатчиња.
Чоколадото се топи со зејтинот, и едно по едно малите ролатчиња се потопуваат во стопеното чоколадо.
Се оставаат 1час на ладно да се стегне чоколадото.
Обланди со чоколадни стапчиња
Потребни состојки:
- 450 гр шеќер
- 450гр мелени бисквити
- 1,5дл вода
- 300гр мелени ореви
- 1маргарин
- 100гр чоколадо
- чоколадни стапчиња
Подготовка:Шеќерот се топи со водата,се додава потоа и маргаринот да се стопи.
Се додаваат мелените ореви и бисквитите. Се' се меша убаво, а потоа 1/3 од филот се трга и се меша со растопената чоколада,така се добива еден светол,еден темен фил.
Се премачкува еден лист од обландата со темен фил, па се става втор лист кој се премачкува со малку светол фил. Врз него се редат по должина стапчињата и повторно се става светол фил. Па повторно обланда, темен фил и се завршува со лист обланда. Крајот изгледа вака
Бајадера обланди
Потребни состојки:
- 10 лажици вода
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. мелени ореви
- 150 гр. мелени бисквити
- 200 гр. маргарин
- 2 лажици какао
- 1 пакетче обланди
за глазура:
- 200 гр. чоколадо за готвење
- малку млеко
- 1 лажица зејтин
Подготовка:
Шеќерот и водата ставете ги да зовријат. Оставете малку да се залади па додајте ги оревите, маргаринот и бисквитите. Смесата поделете ја на два дела и во едниот ставете го какаото.
Филувајте:Обланда-светол фил-обланда-темен фил-обланда-глазура (која се подготвува на пареа - чоколадата се топи со малку млеко и 1 лажица зејтин.)
Коцка обланди
Потребни состојки:
- 1 пакување обланди
- 500 гр. локум
- 500 гр. суви смокви
- 500 гр. шеќер
- 300 гр. вода
- 200 гр. ореви
Подготовка:
Се мелат локумот и смоквите, а шеќерот и водата вријат додека да се растопи шеќерот. Потоа шербетот се трга на страна и се остава 5 минути да се излади. Се додаваат сецканите ореви, локумот и смоквите и се заедно се меша да се добие еднолична смеса, па се филуваат обландите.
Ролат со крем банани
Потребни состојки:
- 300 гр. шеќер
- 150 гр. вода
- 150 гр. мелени бисквити
- 150 гр. мелени ореви
- 125 гр. маргарин
- 10 крем банани
- 2 листа обланди
Подготовка:
Водата и шеќерот ставете ги на оган да провријат додека не се стопи. Тргнете на страна и оставете да се залади малку. Додадете ги бисквитите, оревите и маргаринот. Се добро се меша и се остава да се олади.Една кора од обланда се става меѓу две влажни крпи и кога ќе омекне се сипува половина смеса се рамни и врз неа се ставаат крем бананите. Потоа виткате ролат и оставате во фрижидер да се стегне
Солен ролат
Потребни состојки:
- 1 лист обланда
- 3 лаж урда
- 2лаж мајонез
- 3 лаж павлака
- 200 гр салама
- 200гр кашкавал
Подготовка:
Во еден сад се мешаат урдата, мајонезот и павлаката. Се зема обландата се става во навлажнета крпа малку да омекне потоа се премачкува со филот. Претходло изрендана салама и кашкавал се додават врз филот може и да изрендате варено јајце доколку сакате. Се замотува во ролат се става малку во фрижидер да олади и потоа се сече на парчиња .
Шарено-солена обланда
Потребни состојки:
- 1 големо пакување обланди
- 2 павлаки
- 400 мл. мајонез
- 300 гр. шунка
- 4 големи моркови
- 3 печени црвени пиперки
- 150 гр. крем сир
- 150 гр. кашкавал
- 200 гр. ајвар
Подготовка:
Првата кора премачкајте ја со фил од една павлака и крем сир. Потоа печените пиперки исецкајте ги на коцки, измешајте ги со другата павлака и премачкајте ја втората кора. Третата кора филувајте ја со ситно исецканата шунка и 200 грама мајонез. Сварените моркови изрендајте ги на крупно, и измешајте ги со 200 грама мајонез и премачкајте ја четвртата кора. Последната кора премачкајте ја со ајвар и врз него изрендајте го кашкавалот.

.