Постојат многу рецепти за подготовка на десерти со обланди. Дали ќе бидат благи или солени изборот за филување е ваш.
Љубители сте на обланди? Колку често ги подготвувате?
Бајадера обланди
Потребни состојки:
- 10 лажици вода
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. мелени ореви
- 150 гр. мелени бисквити
- 200 гр. маргарин
- 2 лажици какао
- 1 пакетче обланди
за глазура:
- 200 гр. чоколадо за готвење
- малку млеко
- 1 лажица зејтин
Подготовка:
Шеќерот и водата ставете ги да зовријат. Оставете малку да се залади па додајте ги оревите, маргаринот и бисквитите. Смесата поделете ја на два дела и во едниот ставете го какаото.
Филувајте:Обланда-светол фил-обланда-темен фил-обланда-глазура (која се подготвува на пареа - чоколадата се топи со малку млеко и 1 лажица зејтин.)
.