Сеа глеав хајлатс , па ова не е хумано колку се изнапромашиле Дортмунд , не ми се верува . Штета што не добија вчера , друга приказна ќе беше со 6 бода .
Има подобрување во одбраната , во бундес последната без примен гол а вчера од пенал за разлика од претходните два меча каде примија 6 .
Лева мора да почне да ги користи овие 100% шанси , доста промашува оваа сезона .
Сеа има тешко гостување со Хановер ама ако пристапот им е исти како вчера не глеам причина зашто не би ги земале 3 бода .
Ме добија Дортмунд со играта , со политиката на клубот . Да даде господ да поминат групи . Заслужуваат , лани беа неискусни и испаднаа од полесна група ама оваа ќе поминат , верувам .