Сакам кога подарувам/добивам подароци особено без причина. Обично тоа се некои ситници кои во моментот би не направиле среќни.
На дечко ми еднаш кога се скаравме му купив 3 Милка чоколади од по 300гр (обожава милка чоколади) ги врзав со црвена панделка и му ги испратив по такси. Го замолив таксистот да се качи до дома и да му ги испорача. Тоа е поклон што и ден денес после неколку години му мами насмевка на лицето кога ќе се сети на него.
А за валентајн му имам правено 300 работи, честитки, торти, вина, вечери.
Најинтересен поклон што сум добила, ружа која се расклопува и всушност претставува црвени танга гакички.
А многу мразам кога некој подарува рамка за слика, дава впечаток дека не си знаел што да одбереш или не си сакал да трошиш време за да најдеш соодветен поклон. Интересен ми се виде поклонот "сонце во тегла" од Ал мислам дека беше, секоја чест на креативноста, штета што сум тапа во електроника инаку ќе ја искористев идејата.