Трговски центри vs. Чаршии

Поинтересно место за прошетка и пазарување?

  • Трговски центар (затворен простор за пазарување- Ramostore, City Mall)

    Гласови: 43 58,9%
  • Чаршија (отворен простор за пазарување - Стара Скопска Чарчија, Широк Сокак со чаршијата)

    Гласови: 30 41,1%

  • Вкупно гласачи
    73
Член од
22 август 2012
Мислења
239
Поени од реакции
170
Здраво,

Знаеме дека овие денови се отвори уште еден од многуте тргосцки центри во Скопје (Skopje City Mall), јас немам ништо против уште еден Трговски, нема ни да пишувам дали се доволно или премногу Трговски центри во Скопје па и во Македонија. Јас, сакам да кажам дека лично за мене подобро за прошетка и за пазарување е во Чаршија за разлика од трговски центри. Едноставно повеке на лик ми се допага чаршија за раслика од трговски центар, и сакам да сум на отворено кога сум на пазарување. Секако треба да имаме во предвид дека во светот се градат и нови чаршии и кога би споредувале би споредувале ново градба на трговски центар со нова градба на чаршија.

Ок, мислам дека ме разбравте и ве молам за ваше мислење за Трговските центри или чаришиите и секако за да одлучиме што е подобро ве молам и гласајте на анкетата.

Поздрав :)
 
Јас не мислам дека едното е подобро од другото, потребни се и двете. И чаршии и трговски центри. Трговските центри се одлични кога брзаш или кога не сакаш да губиш време и нешто мораш одма да купиш, затоа што се покомпактни, не се раштркани и точно знаеш што каде можеш да најдеш, додека чаршиите се повеќе за лагано излагање и шетање и барање ствари, односно кога немаш определна цел за купување.
 
Затворено си е затворено, ем се одржува поголема хигиена ем е опремено со се и сешто на многу помало место за разлика од чаршииве каде што се е раштракано несекаде.. ем во зимни/летни услови температурата внатре си е прилагодена итн.
 
Jaс сум за трговски центар, ние во Прилеп немаме трговски центар. :)

Иначе немам ништо против чаршија, ама долго време ти треба додека го најдиш она што бараш, вака се на едно место имаш.:)
 
Да ме прашаше ова порано, ќе ти одговорев трговски. Сега мислам поинаку, а еве и зошто.

Прво, чаршијата е одраз на менталитетот на народот и своевидно културно наследство. Кога патуваш во ориенталните земји, неизбежна е посетата на пазари, или базари, како што ги нарекуваат, каде што можеш да си купиш сувенири, зачини, кожни обувки и облека, накит, а во арапските "сукови" и злато.

Трговските центри, да не речам моловите, се стерилни, правени според амерички калап и менталитет, и никогаш не можеш во нив да ја почувствуваш чаршиската атмосфера. Во чаршија има ценкање, но ни приближно масовни гужви и тепачки како во новоотворените шопинг центри. Кога денес не ме прегази стампедо во Скопје Сити Молот, арно поминав:D Во чаршија си барем на отворен простор, дишеш водух, онаму ќе колабираш. Истото е и во Рамстор, надвор студено, внатре пука жешко (или обратно).

И ден денес паметам дека како малечка најубава прошетка ми беше во чаршија, за викенд, на ќепабчиња кај Дестан:)
Жалосно е што изумираат занаетите кои некогаш доминираа во неа, а уште потажно што странците повеќе ја ценат отколку ние, кои станавме евтина американска копија според потрошувачките навики.
 
затворен простор за пазарување - тоа ти е безистен.

Не можеш да споредуваш пазар и чаршија со трговски центар....
 
Cool, потполно се сложувам со тебе што си за Чаршија. Исто се сложувам дека и храната е многу поубава, посвежа, поприродна и поефтина во чаршијата. На мене омилено јадење ми е Lahmacun во Гларија-7. Инаку за тоа дали изумират или не времето ќе покаже.

Јас не мислам дека едното е подобро од другото, потребни се и двете. И чаршии и трговски центри. Трговските центри се одлични кога брзаш или кога не сакаш да губиш време и нешто мораш одма да купиш, затоа што се покомпактни, не се раштркани и точно знаеш што каде можеш да најдеш, додека чаршиите се повеќе за лагано излагање и шетање и барање ствари, односно кога немаш определна цел за купување.

Точно така, комплетно се сложувам и со тебе и бидејки јас несакам да брзам туку повеке сакам лагано излавање и шетање заклучок е дека ги сакам повеке Чаршиите. :)

Поздрав.
 
Ја би попрво Чаршија, ама во Скопје кога ќе кажеш ајде во Чаршија на некој ќе ти рече: Ти будала ли си?
А и одамна не сум бил, не се чуствувам сигурно.:unsure: А порано од Чаршија на Кале се идело!
 
Скопкса чаршија си ГАЗИ, во секоја смисла на зборот.
 
Да ме прашавте порано ќе речев трговски. Ама сега ќе речам чаршија.
Да се разбериме - не сум воопшто фан на чаршииве. Ама еден мој колега има навика да речи: Абе брат, ние сме чаршиски луѓе!!
 
Jaс сум за трговски центар, ние во Прилеп немаме трговски центар. :)

Иначе немам ништо против чаршија, ама долго време ти треба додека го најдиш она што бараш, вака се на едно место имаш.:)

Како немаме?

Што е бизнис-центарот?
Што е тоа што го изградија пред 5-6 години кај автобуската,да не не е трговски центар?

Сеедно ми е мене.... та во чаршија та во трговски центар.... најчесто купувам во чаршија.
Таков тип на човек сум што влегувам во една продавница и купувам тоа што ќе ми се допадне.
 
Истата гардероба што се носи од Кина преку Турција и Бугарија и од Косово преку Албанија ја има на Бит Пазар и тоа 3-4 пати поефтина.
 
Како немаме?

Што е бизнис-центарот?
Што е тоа што го изградија пред 5-6 години кај автобуската,да не не е трговски центар?

Сеедно ми е мене.... та во чаршија та во трговски центар.... најчесто купувам во чаршија.
Таков тип на човек сум што влегувам во една продавница и купувам тоа што ќе ми се допадне.
Ама јас мислам на трговски како новиот во Скопје што го отворија, а во катната гаража нема ништо според мене, само 5 бутици едвај.
Бизнис центарот исто, нема бутици таму, само кафичи, тие бутиците на 3ти спрат за ништо не чинат. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom