- Член од
- 1 октомври 2012
- Мислења
- 41
- Поени од реакции
- 32
Не мора да значи, поблиску до категорично не. Веќе подолго време манипулираме со ДНК(о РНК) без да знаеме како и кога настанала. Доволно е да знаеме како функционира.
Еволуцијата ги разгледува процесите на менување и адаптација без при тоа да се задржува на онтологијата на животот. Те разбирам. Но сепак не можеме да кажеме дека еволуцијата е сосема објасната како поим. Ни еден организам не поминал низ сите услови и не се адаптирал соодветно на нив за да може еволуцијата како поим сосема да биде објасната и начинот на кој се случува исто така. Еволуција е збор, кој е дефиниција за збир од мутации, модификации и други генетски прилагодувања на специфични услови. Тоа е многу широк поим со многу непознати ствари. Дури зборот еволуција е ирелевантен на адаптациите на специфичните услови од страна на организмот. Со оглед на тоа дека сега за сега животот е дефиниран од днк та, следното што треба да го заклучиме е начинот на кој овие бази и кодови се менуваат согласно со условите во кои се наоѓа организмот. Ако го сфатиме принципот, можеме да создадеме ист таков код составен од други материјали кој условно кажано ќе еволуира односно ќе се адаптира и модифицира. Затоа сметам дека почетокот на животот и како е создаден може да биде значаен за објаснување на некои ствари во областа на таканаречената еволуција.
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 20:59 ---
Пишав според верувањата на вашата наука за нашиот универзум. Не реков дали се сложувам или не со тоа.А кој спомна факти? Ти беше недвосмислен кога велиш се има почеток и крај? Тоа твои факти ли се? Размисли!
На глобално ниво нема почетоци и краеви.