Има и еден друг момент, понекогаш во валутна војна сакате својата валута да биде јака (иако обично ја слабеете заради зголемување на извозот) Кога ? Ако другите земји зајмувале кредити во важата валута (како на пр во долари) на америка и одговара посилен долар за да им ги зголеми долговите на долзницките земји а со тоа и своето влијание, позната е оваа појава во 80тите кога прво доларот девалвираше односно депрецираше а подоцно апрецираше и тоа кулминираше во 2001 тогаш беше 1,2 евра за еден долар или околу 72 денари
--- надополнето: 14 септември 2012 во 13:01 ---
И ОФИЦИЈАЛНО РЕЦЕСИЈА!!! ВТОР КВАРТАЛ -0,9 (првиот -1,4)
Бруто-домашен производ, тримесечни податоци
петок, 14 септември 2012
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2012 година изнесува - 0.9%.
Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите (В+Г+Д) - Рударство и вадење на камен,
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 6.9%; Ѓ - Градежништво од 5.1%
и секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 3.0%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2%.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.2%, а увозот на
стоки и на услуги номинално порасна за 4.5%.