Кристијан Ефремов на патот за Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ајдеее какви муабети, зошто ставил тетоважа можел да си плати витамини, Бог да чува и да брани. Ако го сретнете во град може ќе му речете што си излегол, со тие пари можеше да си купиш витамини. Сешто.

Без разлика колку имал или немал пари кога оди на Олимпијада ја претставува земјата од која доаѓа, а штом ја претставува земјата таа треба да го поддржи на било каков можен начин вклучувајќи финансиски.

И кога сме кај луѓе работеле за 100 евра, имате административци кои рамковно дремат по дома па земаат 150 евра... за дремење!

Ајде сеа пријатно, плукајте по своите и никогаш не ги бодрете.
На Олимпијада иде со вајлд карта, што значи не е доволно добар да си обезбеди учество. Преку к.. од тоа треба државата ова треба државата она. Сакаа вашите родители капитализам, добија. Сега секој е препуштен сам на себе. Особено кога се работи за неегзистенционални работи (како например атлетика).
 
Не тролајте најдобар во Македонија.... Ристе Ајдаров извади побрз резултат од него, се повреди пред олимпијадата затоа не отиде он туку ефремов. Инаку Ајдарот не бараше ни витамини ни пари, ништо. Атлетиката е скап спорт, и ние како ситна држава неможеме да одвоиме големи средства туку така за на некој спортист да му купиме витамини.

Да оставиме тоа настрана што не барал, Ајдаров буквално секој ден е на стадион и според мене е еден од оние најпосветените спортисти барем во Велес, дечкото буквално спие на стадионот а Ефремов лично мене до пред олимпијадава ми беше потполно непознат, битно иста тактика со плачење како сега извади демек немале обувки за трчање и опрема а студира на ФОН каде што година е 2000+ евра мислам стварно смешно е.

Кој сака успева и наоѓа решение, кој неможе да оствари нешто си наоѓа изговори така е од секогаш :)
 
На Олимпијада иде со вајлд карта, што значи не е доволно добар да си обезбеди учество. Преку к.. од тоа треба државата ова треба државата она. Сакаа вашите родители капитализам, добија. Сега секој е препуштен сам на себе. Особено кога се работи за неегзистенционални работи (како например атлетика).

А зошто мислиш дека иде со вајлд карта, дали тоа што не е доволно добар за да освои време е поради условите и немањето пари и поддршка од државата!?

Кога може државата да праќа хулигани на натпревари и тоа на сметка на државата, кои патем замалку не се испоколеле во авион, може да поддржи и еден атлетичар.

Сите други муабети се излишни.
 
Ајде нека им дава државата поддршка на сите индивидуални спортисти не само на К. Ефремов. И кој гарантира дека ако има услови ќе успее да фати норма за Олимпијада.
Само да се кука само да се чека на државата, ти реков друг ти е системот тука. Сами луѓето се борат. Ајде една паралела. Државата го спонзорираше Ѓоковиќ?
 
Да оставиме тоа настрана што не барал, Ајдаров буквално секој ден е на стадион и според мене е еден од оние најпосветените спортисти барем во Велес, дечкото буквално спие на стадионот а Ефремов лично мене до пред олимпијадава ми беше потполно непознат, битно иста тактика со плачење како сега извади демек немале обувки за трчање и опрема а студира на ФОН каде што година е 2000+ евра мислам стварно смешно е.

Кој сака успева и наоѓа решение, кој неможе да оствари нешто си наоѓа изговори така е од секогаш :)

И мене ми е мистерија ова со студирањево на фон.
 
Па нема што многу мистерија тука ако го прочитаме крајот на постот од предходната страна, цитирам ..

Имам респект за дечкото, се труди, ама со овоа молење по телевизии е стварно срамно, посебно за тие што го познаваме, има повеќе пари од скоро пола форум овдека!

И после јас треба да го жалам него абе ајде.. да се дадат тие пари на млад талент да го мотивираат уште повеќе разбирам! Ама дечкото веќе има 22-23+ ако он е добар во неговата област верувам и спонзор може да си најде ама изгледа му се шета на државен трошок само :)
 
Но како да стасам до Рио? Веќе еднаш ја употребив вајлд-картата, па ако сакам да настапувам во Рио ќе морам да обезбедам олимписка норма, која што моментално изнесува 45.90 и од неа ме делат 2 секунди. Од Македонскиот Олимписки Комитет е донесено правило според кое не може да се настапува со вајлд карта на 2 Олимпијади.
Интересен текст, ова ми падна в очи, па ми текна на една ситуација. Ми фалеа 2 бода за да го положам првиот колоквиум и да имам шанса да одам втор. Само 2. Одам кај професорот и му викам вака и вака, ми вели - абе не е тоа проблем, ама ако ти дадам тебе 2 бода ќе треба на сите после да им дадам.
Па после Ефремов уште илјада ефремовци ќе се појават, секој со своите математики колку им фали. Имам еден комшија се занимава со атлетика претежнo, па кога бил Германија еднаш му заминал возот што одел за друг град, па видел невидел со трчање стигнал од едниот град во Германија до другиот, сигурен сум дека и тој ќе дојде по своите пет минути слава, дали преку блогерај или не, не е важно.
На последниве олимписки игри, само 3ца беа позади него не броејќи ги дисквалификуваните. Дури и Оскар Писториус дечкото со вештачки нозе имаше подобар скор.
Ау друже секоја чест, кој црн хумор, вака не сум се смеел од којзнае кога, не го знаев ова нешто. Ахахаха:pos:
 
Ајдеее какви муабети, зошто ставил тетоважа можел да си плати витамини, Бог да чува и да брани. Ако го сретнете во град може ќе му речете што си излегол, со тие пари можеше да си купиш витамини. Сешто.

Без разлика колку имал или немал пари кога оди на Олимпијада ја претставува земјата од која доаѓа, а штом ја претставува земјата таа треба да го поддржи на било каков можен начин вклучувајќи финансиски.

И кога сме кај луѓе работеле за 100 евра, имате административци кои рамковно дремат по дома па земаат 150 евра... за дремење!

Ајде сеа пријатно, плукајте по своите и никогаш не ги бодрете.
Лесно е бе Таруно. Јас кога требаше да си плаќам за натпревари и да купувам профи купачи, не барав на моите да ме запишат во нова, ниту купував скапи саати, ниту па барав ајфон. Штедев пари, дури од дневниот џепарац тргав настрана.

Знам дека спортот во државата е нула, знам какви услови се има, ама еве утре задутре ќе ви сликам во какво куќарче живееше Вели Мумин ако не е срушено, одамна немам поминато натака.

И ако веќе се вложува во спортисти , нека се вложува во помлади деца зошто касно е за ефремов, не дека го плукам човеков, браво за се ама веќе касно е за огромен напредок.

Само немојте да споредувате тенис, тенисот е за богати, еве Един Џеко можете да го земете за пример.
 
Нема никакви услови во Македонија за тренирање на никаков спорт така да џабе се мачиме од петни жили на тренинг да идеш,да не касниш,да даваш се од себе на тренинг,да го оставаш срцето на теренот али за што ? Секогаш си го поставувам тоа прашање.
 
ве читам и ептен се изненадив што толку негативно сте настроени.
неможело у сите спортови да не биде :facepalm:
нека стекнел норма па отпослем ке си најдел спонзорства :facepalm: а до тогаш пари од небо ке му паѓаат за да тренира за да ја достигне нормата :unsure: а имаше и еден коментар...нека си работел па сам нека си ги плаќа трошоците :LOL: може и така ако има некоја работа каде што се лежи по цел ден, за да биде на крајот на работното време способен да трча, вежба итн (y)
тренирал он фудбал и знаел како е :facepalm: си тренирал и ваљда не те бивало па си прекинал, али што праиме со оние што ги бива а? и тие ли треба да се откажат?

дефинитивно ке треба некој закон да се донесе кој на фирмите кои ке спонзорираат спортисти да им намалат дебело од данокот ;)
 
Лесно е бе Таруно. Јас кога требаше да си плаќам за натпревари и да купувам профи купачи, не барав на моите да ме запишат во нова, ниту купував скапи саати, ниту па барав ајфон. Штедев пари, дури од дневниот џепарац тргав настрана.

Знам дека спортот во државата е нула, знам какви услови се има, ама еве утре задутре ќе ви сликам во какво куќарче живееше Вели Мумин ако не е срушено, одамна немам поминато натака.

И ако веќе се вложува во спортисти , нека се вложува во помлади деца зошто касно е за ефремов, не дека го плукам човеков, браво за се ама веќе касно е за огромен напредок.

Само немојте да споредувате тенис, тенисот е за богати, еве Един Џеко можете да го земете за пример.

Види сега на каква глупа насока го терате муабетот. Од каде знаеш дека он не штеди!? По тетоважата!? Може другар му ја направил. Може не ја ни платил. И глупо е да се зема тоа како првенствен поглед на работите.

Мене муабетот ми е дека треба државата да ги помага, оти кога може да фрла пари за административци кои седат дома и хулигани кои идат на натпревари, може и за спортисти.

А вие самите спортисти ако не се поддржувате, тогаш не знам што друго да ви кажам.
 
Зошто државата да го финансира/помага Ефремов? Една причина дај.
 
Види сега на каква глупа насока го терате муабетот. Од каде знаеш дека он не штеди!? По тетоважата!? Може другар му ја направил. Може не ја ни платил. И глупо е да се зема тоа како првенствен поглед на работите.

Мене муабетот ми е дека треба државата да ги помага, оти кога може да фрла пари за административци кои седат дома и хулигани кои идат на натпревари, може и за спортисти.

А вие самите спортисти ако не се поддржувате, тогаш не знам што друго да ви кажам.

Зошто да го помага?

Јас го терав да тренира атлетика?
Да не има постигнато нешто?

И на двете одговорот е НЕ и заради тоа не гледам зошто парите од даноци требаат да идат во вакви пропаднати случаи.

Во Африка имаат никакви услови еден во фрлање копје имаше интервју тренирал со исечена гранка со години додека не успеал да тепа на некое државно натпреварување па локалната власт собрале пари му купиле еден јавелин.

Ај веќе преку оваквото од овие атлетичариве.Не можат норма една да испунат цело време плачат по весници.

.
 
Горе веќе пишав зошто сметам дека државата треба да му помогне на Ефремов, ама еве ви пак. Од иста причина зошто прати хулигани на државна сметка да лумпуваат во авион и од иста причина зошто административци дремат дома, а земаат 150 евра плата.

Единствена причина зошто државата не му помага е дека е еден човек, а со тоа и едно гласачко тело, а хулиганите и административците се мнозинство, па затоа за нив има и вишок пари за фрлање.
 
Па од тој аспект гледано, да, во право си. Ама зошто да гледаме од тој аспект?

Пример: абе кога родителите на тие што не учат на школо им даваат на децата нивни по 100 денари секој ден, и јас на детево мое што не учи ке му давам. Од инает!

Или пак: ако веќе им дава на хулиганите и на административците им дава пари за безвезе, зошто и тебе и мене не ни даде пари бе?

Зошто на Ефремов да му дадат? Еве, мене и тебе нека ни дадат. И на сите други.

Ко што знам, Ефремов имаше шанса да се претстави пред Олимпијадата, и освен тоа што беше подобар од неговото лошо светло, па македонскиот лузерски дух тоа го перцепираше како успех, ништо друго не покажа, зошто да оди пак?

Еве, мене нека ми даваат пари па подобро ке ја претставам државава, ветувам. Не во спорт, во друго.
Верувам дека тоа важи и за тебе.

На сите нека ни даваат пари бе, зашто да не ни даваат на сите, онака, безвезе, кога веќе им даваат на хулиганите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom