Кристијан Ефремов на патот за Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Откажување?

Октомври 2, 2012


Серијалот импресии од Лондон накратко ќе го прекинам, поради неколкуте мисли кои ме мачат последниве неколку денови.
22 години – Возраст кога си со завршен факултет. Возраст кога веќе треба да почнеш сам да си го заработуваш лебот и опстанокот. Возраст кога веќе не ти е згодно да бараш пари од родителите за сè и сешто. Возраст кога веќе крајно време е да одлучиш што ќе правиш во животот.
Блицот Лондон 2012 трепна пребрзо, па од него останаа личниот рекорд и убавите спомени. Се вратив назад во реалноста, суровата реалност. Што потоа? Стратешки план и програма, мотивација, обезбедување на услови? Кој е планот за Рио 2016?
За состојбите во македонската атлетика целата јавност беше запозната пред Олимписките Игри преку мојата и изјавата на Христина Ристеска во медиумите, т.е. за скинатите спринтерки или 8-те години во исти тренерки. И што суштински се случи? Речиси ништо. Се купија само спринтерки и тренерки. Тоа е македонскиот синдром на заборавање. Сè брзо се заборава. Актуелно е еден или два дена, се крева голема фама и потоа целосно се занемарува.
Ќе прашате можеби кои се моите планови за во иднина? Секако, Рио 2016 е на агендата. Но како да стасам до Рио? Веќе еднаш ја употребив вајлд-картата, па ако сакам да настапувам во Рио ќе морам да обезбедам олимписка норма, која што моментално изнесува 45.90 и од неа ме делат 2 секунди. Од Македонскиот Олимписки Комитет е донесено правило според кое не може да се настапува со вајлд карта на 2 Олимпијади.
Новата атетска патека
Правилото е такво какво што е, нема тука бунење. Но, вистинското прашање е, како да се исполни норма без соодветни услови? И под услови не мислам само на атлетска патека; која иако навидум е основно средство, не е и клучно. Нека се доделат спортски стипендии, нека се обезбедат подготовки, витаминизација, физиотерапевти, психолози… па олимписката норма ќе дојде сама.
Всушност, во однос на стипендии, во Македонија се доделуваат спортски стипендии од Агенцијата за млади и спорт на 20 атлетичари до 20 години. Но, клучното прашање е: „И после 20 години што? Да престанам да се занимавам со атлетика?“ Ова прашање освен мене е поставувано и од многу други атлетичари сениори, кои престануваат да тренираат атлетика во најубавите години поради тоа што не добиваат стипендија, а имаат солидни резултати. Во екипните спортови, пак, на сениорите многу не им влијае ова, бидејќи таму е развиен клупскиот спорт и се финансирани директно од клубовите.
Моментално, месечно добивам 0 денари спортска стипендија. И со таа голема нула не можам ни да ги покријам основните трошоци поврзани со атлетиката, како на пример соодветна исхрана, витаминизација која чини приближно 5000 денари месечно и месечна членарина во теретана која чини околу 1000 денари. Спортската опрема да не ја ни споменувам. Значи тие 6000 денари или народски кажано 100 евра, треба јас лично или од џебот на моите родители да ги издвојувам за да тренирам атлетика и да ја претставувам државата на атлетските натпревари во странство.
Реално гледано, со овој влог минимален влог од 100 евра месечно, олимписката норма е научна фантастика. За олимписка норма во атлетика потребни се многу многу премногу вложени средства. Тука спаѓаат и минимум 100 дена интензивни подготовки на годишно ниво, како и многу други битни фактори. Тука ќе го споменам и професионализмот. Во развиените држави спортот е професија, спортистите со тоа се занимаваат, од тоа живеат, во тоа се комплетно фокусирани. Кај нас, атлетиката е сведена на аматерско ниво и се става на 2 место во однос на факултетот или работата.
За 4-годишниот олимписки циклус пред Лондон имав вкупно 30-дена подготовки, тренирање на кеј во снежни услови, вежбање во импровизирана теретана, спортска стипендија од 0 денари итн. Епа за овие услови мислам и дека мојот сегашен резултат (47.92) е научна фантастика.
Воедно, морам да изразам огромна благодарност до Општина Велес, која беше единствената институција која застана зад мене и ми обезбедни финансиски средства за подготвки и витаминизација за Олимписките Игри.
Моментално се наоѓам во една фаза во која размислувам и за откажување. И тоа на возраст кога треба да се прават најдобрите резултати. Но за жал, таква е реалната ситуација.
И за крај да потенцирам повторно, со сегашната состојба во македонската атлетика, олимписките норми се недостижни.


Извор: http://blogirame.mk/g/3a854b5e/
 
Барал 100 евра стипендија а за толку работат луѓево во помалите градови цел месец значи работат не тренираат, дај ако не сите ќе тренираме нека ни даваат по толку немора да работиме и да бидеме продуктивни.. реално за некои спортови нема услови кај нас така да незнам ни колку е паметно да се почне, или веќе ако почнеш биди спремен да го истуркаш тренирањето до кај со твои заработени финансии или пак на родителите. Плус бара 100 дена подготовки веројатно и надвор од Македонија си смета дека треба да бидат, 3 месеци на бесплатен одмор.. браво.

А и на крај краева мора да има некакви пририоритети, неможе секаде кај што ќе побараат давај ..
 
Што да кажат атлетичарите од Кенија за нивните подготовки. Верувам дека нив дебело ги спонзорираат.
 
Барал 100 евра стипендија а за толку работат луѓево во помалите градови цел месец значи работат не тренираат, дај ако не сите ќе тренираме нека ни даваат по толку немора да работиме и да бидеме продуктивни.. реално за некои спортови нема услови кај нас така да незнам ни колку е паметно да се почне, или веќе ако почнеш биди спремен да го истуркаш тренирањето до кај со твои заработени финансии или пак на родителите. Плус бара 100 дена подготовки веројатно и надвор од Македонија си смета дека треба да бидат, 3 месеци на бесплатен одмор.. браво.

А и на крај краева мора да има некакви пририоритети, неможе секаде кај што ќе побараат давај ..


Не си се бавел никогаш со спорт, ни аматерски а камо ли професионално и затоа не знаеш кога одат работите, а и тогаш веќе не се мешај гледај си ја твојата работа и твоите 100 евра заработени месечно.

Зошто сте толку големи хејтери.
И не пишувај, колку да напишеш.
 
Не си се бавел никогаш со спорт, ни аматерски а камо ли професионално и затоа не знаеш кога одат работите, а и тогаш веќе не се мешај гледај си ја твојата работа и твоите 100 евра заработени месечно.

Зошто сте толку големи хејтери.
И не пишувај, колку да напишеш.
Гличлото нема норма обезбедено, кога ќе обезбеди тогаш нема да плукам по него.
 
Namesto da stava tetovaza, so tie pari mozel da si plati vitamini.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Не си се бавел никогаш со спорт, ни аматерски а камо ли професионално и затоа не знаеш кога одат работите, а и тогаш веќе не се мешај гледај си ја твојата работа и твоите 100 евра заработени месечно.

Зошто сте толку големи хејтери.
И не пишувај, колку да напишеш.

Имам тренирано фудбал така да коментарот не ти е на место - патем не заработувам јас 100 евра ниту мој член на фамилијата ама јас ти кажувам генерално на ниво на држава, инаку и во фудбал и во било што друго ако имаш талент + упорност ова второт е побитно можеш да успееш и во овие услови али секако го прифаќаш тука и големиот ризик за евентуален неуспех.. и кога ќе изгубиш и ќе доживееш неуспех немора да плачеш одма како не бивало ова како не бивало она и на сожалување да мислиш дека ќе добиеш нешто. Не ни успеа да исполни норма а мисли којзнае каков успех направил, едноставно е или те бива или не.. ако те бива и ќе си најдеш спонзорство (и ќе бидеш нивна реклама).

И какви држави појаки не се форсираат во 2131231 спортови ние сакаме у се да не биде, и јас сакам ама нема :)
 
А бре Македонче, дечкото го разбирам 100%, и 200% е у право,. Прво најдобар е у МК у својот спорт/дисциплина а нема никакви примања(стипендија), тоа е у старт ДЕМОТИВАЦИЈА. И на дечково погоре кој му е тој глуп коментар бе, луѓе зимале толку плата. Да те прашам бе ти, колку зима најдобриот во својата работа(било која), најдобар менаџер, адвокат или што и да е? Дај прекинете со такви глупи коментари и ругање. Врвен резултат не паѓа од небо, туку со вложен труд и финансии!
 
Не тролајте најдобар во Македонија.... Ристе Ајдаров извади побрз резултат од него, се повреди пред олимпијадата затоа не отиде он туку ефремов. Инаку Ајдарот не бараше ни витамини ни пари, ништо. Атлетиката е скап спорт, и ние како ситна држава неможеме да одвоиме големи средства туку така за на некој спортист да му купиме витамини. Сите што почнуваат со атлетика знаат дека условите во Македонија се на ниско ниво и дека треба да вложат многу повеќе од свој џеп.
И не само во атлетиката, многу спортисти бараат подобри услови, имаме таленти, има деца што немаат воопшто ништо, ама не се откажуваат, нити пекаат по телевизии дека немале.
Имам респект за дечкото, се труди, ама со овоа молење по телевизии е стварно срамно, посебно за тие што го познаваме, има повеќе пари од скоро пола форум овдека!
 
Не тролајте најдобар во Македонија.... Ристе Ајдаров извади побрз резултат од него, се повреди пред олимпијадата затоа не отиде он туку ефремов. Инаку Ајдарот не бараше ни витамини ни пари, ништо. Атлетиката е скап спорт, и ние како ситна држава неможеме да одвоиме големи средства туку така за на некој спортист да му купиме витамини. Сите што почнуваат со атлетика знаат дека условите во Македонија се на ниско ниво и дека треба да вложат многу повеќе од свој џеп.
И не само во атлетиката, многу спортисти бараат подобри услови, имаме таленти, има деца што немаат воопшто ништо, ама не се откажуваат, нити пекаат по телевизии дека немале.
Имам респект за дечкото, се труди, ама со овоа молење по телевизии е стварно срамно, посебно за тие што го познаваме, има повеќе пари од скоро пола форум овдека!

Значи од постов можам да закључам дека стварно појма немаш., извини али вакво нешто може да напише само класичен непознавач на спорт. Државата немала пари да плати за витамини, атлетиката била скап спортм и спортистите требале да вложуваат од свој џеп, о исусе. Значи секаде во светот се вложува најпрво во базичните спортови, а тие се..кои? -Атлетика, Гимнастика и Пливање. Си се запрашал зашто овие три спорта за време на ОИ добиваат најмногу часови емитување на ТВ и трибините на овие спортови се најисполнети, затоа што се најценети. И напротив спредствата што се вложуваат во еден индивидуалец или индивидуален спорт се дааалеку помали од средствата што се потребни за колективниот спорт. Дечково си го бара тоа што го заслужува, а тоа е една мочана стипендија која ја заслужил со пот и работа. Цел живот работи во мизерни услови и е на само 2секунди од нормата што и не е недостижно. Малку луѓево што немаат абер од спорт мислат олимписка норма така лесно се остварува. Колку ќе се вложи толку и ќе се добие. А најтрагично е што дечково е еден од 2-3 спортисти што се стварно блиску до норма. Ако не оствари од и уште 2цда спортисти у Рио пак ќе бидеме брука без ниедна норма.
И дали јас тоа ја прочитав најголемата глупост? -Имал пари а барал стипендија. Па што ако има пари, тоа уопште не треба да биде фактор за тоа дали да земе или не стипендија. Стипендијата си ја заслужува апсолутно, кога може некој од 'кандидатите' да зима стипендија кои на крајот сепак останаа даааалеку од норма заслужува и овој дечко да си земе стипендија без разлика колку пари имаат неговите дома.

И не не се знам со дечково, немој да мислите дека сум некој негов познаник само ме изиритираа коментари кои не се на место.
 
По кој критериум државата ќе ги избере спортистите на кои ќе им даде пари за витамини? По името, по презимето, по роднински врски, по што?
Ја ти гарантирам дека секој кој ќе вложи труд, ќе гта витамини, ќе добие квалитетни услови и квалитетни тренери може да избие на олимпијада.
Од клас од 30 деца, 20 да имаат овакви услови ќе избијат на табела, 15 ќе посветат труд и ќе добијат вајлд карта.
Кај нас така функционираат работите, носиш важно достигнување, добиваш стипендија или пензија.
Ама тука се поставува и второ прашање, што ако добие стипендија, добие витамини што ако не постигне 2 секунди побрзо, кој ќе ги плати тие спонзорства? Што ако постигне успех, ги стигне тие 2 секунди, добива олимписка норма, и од 120 натпреварувачи е 110 наместо 119? Кој успех е тој од 120 да бидеш 110. На последниве олимписки игри, само 3ца беа позади него не броејќи ги дисквалификуваните. Дури и Оскар Писториус дечкото со вештачки нозе имаше подобар скор.

Верувај ми, за олимписки подиум треба многу повеќе од витамини по кои пека Ефремов. Ја може да се сложам дека условите за вежбање, вложувањата во спортот се мали, дека не се ни до основата која е потребна, ама во овој случај ни од далеку не го оправдувам.

За споредба
Светски рекорд - 43.18
Олимпијада 2012 - 43.94
Ефремов -
47.92

Значи не се 2 секунди кои он би ги достигнал оптимално, туку се скоро 5 секунди. Ако он ги добие тие 2 секунди, на ТВ ќе го има исто колку и сега, само прикажан напладне кога ќе се бројат колку спортисти се. Значи е неисплатлива инвестиција.
Секоја чест за направеното, не е малце, ама во овој момент мислам дека е многу поважно да се фокусираат на градење на објекти, и обезбедување на услови за спортистите отколку 2те секунди и витамините на ефремов.
Има деца што се мајстори во пливање, ама немаат базен во нивниот град. Има деца што се мајстори во фудбал, немаат стадион итн.
Далеку сме ние од чекање на витамини, нека дојде он на 1 секунда од злато, ја од мој џеп ќе му ги дадам парите за витамини, ама не е така.



 
Ајдеее какви муабети, зошто ставил тетоважа можел да си плати витамини, Бог да чува и да брани. Ако го сретнете во град може ќе му речете што си излегол, со тие пари можеше да си купиш витамини. Сешто.

Без разлика колку имал или немал пари кога оди на Олимпијада ја претставува земјата од која доаѓа, а штом ја претставува земјата таа треба да го поддржи на било каков можен начин вклучувајќи финансиски.

И кога сме кај луѓе работеле за 100 евра, имате административци кои рамковно дремат по дома па земаат 150 евра... за дремење!

Ајде сеа пријатно, плукајте по своите и никогаш не ги бодрете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom