Горе веќе пишав зошто сметам дека државата треба да му помогне на Ефремов, ама еве ви пак. Од иста причина зошто прати хулигани на државна сметка да лумпуваат во авион и од иста причина зошто административци дремат дома, а земаат 150 евра плата.
Единствена причина зошто државата не му помага е дека е еден човек, а со тоа и едно гласачко тело, а хулиганите и административците се мнозинство, па затоа за нив има и вишок пари за фрлање.
Па од тој аспект гледано, да, во право си. Ама зошто да гледаме од тој аспект?
Пример: абе кога родителите на тие што не учат на школо им даваат на децата нивни по 100 денари секој ден, и јас на детево мое што не учи ке му давам. Од инает!
Или пак: ако веќе им дава на хулиганите и на административците им дава пари за безвезе, зошто и тебе и мене не ни даде пари бе?
Зошто на Ефремов да му дадат? Еве, мене и тебе нека ни дадат. И на сите други.
Ко што знам, Ефремов имаше шанса да се претстави пред Олимпијадата, и освен тоа што беше подобар од неговото лошо светло, па македонскиот лузерски дух тоа го перцепираше како успех, ништо друго не покажа, зошто да оди пак?
Еве, мене нека ми даваат пари па подобро ке ја претставам државава, ветувам. Не во спорт, во друго.
Верувам дека тоа важи и за тебе.
На сите нека ни даваат пари бе, зашто да не ни даваат на сите, онака, безвезе, кога веќе им даваат на хулиганите?