Знаеш... кога бев у војска, и многу малку ни даваа за јадење у таа менза тамо кај врскарите, а ние вод за брза интервенција цел ден на тактичка обука, и се жалиме кај капетанот дека исхраната ни е слаба, гладни сме. И капетанот ни вика “абе што се секирате за исхраната, тоа руски научници све пресметале, дека за доручек 2 јајца, една зденка и 2 кришки леб е доволно за војникот да биде под јак физички напор од 7:00 до 15:00. Така да ич не се секирајте нема на никого ништо да му биде.“
И Даме така ти викам ја, да ич не се секираш за тоа дали седиш 6 или 7 часа, руските научниците све пресметале за дечки на твоја возраст колку им држи концентрацијата.