Образование или малтретирање?

Член од
12 август 2012
Мислења
323
Поени од реакции
106
Образованиете беше поактивно и поопуштено пред 4-5 години сега со новите закони е ужас сега секој ден 7 часа 6 часа порано не е било така се сеќава некој како беше часовите во 8 оделение пред 5-6 години ? И имаше време за се сега со оваа темпо ужас е.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
сега не е малтретирање сега е бизнис, особено високото образование.
У мое време (ова како дедо ми да го слушам) кога јас бев 8 оделение, тоа му доаѓа пред некој 9 години и ние имавме по 7 часа и траеа по 45 минути што толку го тупите, е сеа у наше време не беше толку популарен интернетот и имавме повеќе време за учење и не дремевме по нет За да се жалиме колку ни е тешко во основно и како тоа време немаме за ништо освен за школо :facepalm:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Финтава е што мене од 14 предмети у школо мене ми требаат само 5 за мојот смер што го учам, се друго е срање и само се пополнуваат часеви..
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Знаеш... кога бев у војска, и многу малку ни даваа за јадење у таа менза тамо кај врскарите, а ние вод за брза интервенција цел ден на тактичка обука, и се жалиме кај капетанот дека исхраната ни е слаба, гладни сме. И капетанот ни вика “абе што се секирате за исхраната, тоа руски научници све пресметале, дека за доручек 2 јајца, една зденка и 2 кришки леб е доволно за војникот да биде под јак физички напор од 7:00 до 15:00. Така да ич не се секирајте нема на никого ништо да му биде.“
И Даме така ти викам ја, да ич не се секираш за тоа дали седиш 6 или 7 часа, руските научниците све пресметале за дечки на твоја возраст колку им држи концентрацијата. ;)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Abe dosta ne se žalite mnogu, nekoj (kako mene:P ), na prv školski den - deneska, od 7 i pol do 20 časot ima predavanja! Sega imam pauza od 11 do 12 i pol...i tolku!
I ne samo denes tuku sekoj den mi e taka...
A vo Makedonija duri studirav, beše luk i voda školoto, i imate srejka što imate predavanja do 12 :)! Baška na predavanjata, sakaš odiš, sakaš ne odiš, sakaš spijaš :)... Skoro i da se nema praksa, a za seminari toa e izmislena storija!
 
Член од
12 август 2012
Мислења
323
Поени од реакции
106
Финтава е што мене од 14 предмети у школо мене ми требаат само 5 за мојот смер што го учам, се друго е срање и само се пополнуваат часеви..
Да...
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 11:38 ---
Знаеш... кога бев у војска, и многу малку ни даваа за јадење у таа менза тамо кај врскарите, а ние вод за брза интервенција цел ден на тактичка обука, и се жалиме кај капетанот дека исхраната ни е слаба, гладни сме. И капетанот ни вика “абе што се секирате за исхраната, тоа руски научници све пресметале, дека за доручек 2 јајца, една зденка и 2 кришки леб е доволно за војникот да биде под јак физички напор од 7:00 до 15:00. Така да ич не се секирајте нема на никого ништо да му биде.“
И Даме така ти викам ја, да ич не се секираш за тоа дали седиш 6 или 7 часа, руските научниците све пресметале за дечки на твоја возраст колку им држи концентрацијата. ;)
хахах секоја чест :)
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.922
Поени од реакции
831
Основното е направено ко кој знае што да се учи...деца од 3-4 носат ранци потешки од самите себе а да не зборуваме за бројот на часови и натрупаниот материјал...денешниве учебници се само трупање со податоци кои повеќе од 70 % се небитни и не е возможно да се запамтат и да останат во трајна меморија...
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.286
Поени од реакции
58.241
Среќа што Тодоров го ставија министер за здравство :D
Ќе ни воведеше и нас картици, па иди избегај ако смееш :D

Шала на страна...

И јас кога бев 8мо одделение, имав по 6-7 часа на ден...не беше ништо страшно, пак имавме време за се

Се согласувам со Филип, на помалите им е многу потешко сега...
Мислам дека уште од 3то одделение учат информатика, англиски, техничко образование, и што ли уште не...според мене непотребно ги замараат децата
Што и фалеше на старата програма, осмолетка ? Баш убаво си беа распоредени предметите по возраста на децата

Но и не е се до образованието...гледам како идат генерацииве, се послаби и послаби ученици има :(
Тука малку и родителите се виновни
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Интересна работа .. се будат оти немале слободно време за дремење на ФБ и играње игрички , а не се бунат за материјалот што треба да го учат и односот на наставниците према учениците.. Сеа коа се присетам која мизерија наставници ја имавме , начинот на кој се одржуваа часовите и начинот на кој требаше да учиме и да одговараме , ми се гади .. Механичко учење до даска ..
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
До осмо се знаеше: Во 1 одручек си одиме дома.
Во средно беше позатегнато: Смени, 7 часа. Имавме и ден со 4 часа, и денови со 7 часа. Никој не се пожали. Ко бевме 4та ги укинаа скратените часови во понеделник (часовите беа по 40 минути)
Но и не е се до образованието...гледам како идат генерацииве, се послаби и послаби ученици има :(
Тука малку и родителите се виновни
(y) Дани БМВ во право си.
Еве пример:
Почна школскава година и една моја колешка која има син прво/второ одделенец:
-Абе Давор има домашна, после да го однесам во некој дневен престој, за да напиши домашна, и да му кажат како.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom