Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
има ли некој xperia arc s? и дали е задоволен од овој телефон...
 
Јас знам тројца другари со Арк С. Од тоа што знам сите се задоволни, особено со понискава цена во ВИП, солидна големина на екран, солидна камера и добри технички спецификации. Нема да згрешиш да земеш, ако има :).
 
со мислење ми давате за sony miro дали е добар да се земит и да ми казит некој дал е убав за користење во смисла дали кочит,дали е осетлив на допир,и дали е голем ко ајфонон 4 негде така или пак мало е во споредба со него ....до сега од сите со ги видов теелфони овај ми е најефтин и ми е добар за тие пари,за појке неможам да си дозволам сега за сега,па и на мирово видов на гсмарена дека по 8.9 му е оцена за перформанси и други работи..
 
Јас знам тројца другари со Арк С. Од тоа што знам сите се задоволни, особено со понискава цена во ВИП, солидна големина на екран, солидна камера и добри технички спецификации. Нема да згрешиш да земеш, ако има :).

Ако не ти е тешко да ги питаш, дали им загрева, на игри/интернет и слично
 
Ако не ти е тешко да ги питаш, дали им загрева, на игри/интернет и слично
Ќе ги прашам, ама да знаеш дека сите телефони загреваат при интензивно играње или сурфање. Некои помалку, некои повеќе. Можно е некој модел да загрее многу посилно, да е практично жежок, ама ептен ретко сум приметил такви случаеви (1-2).
 
Оно загрева, до дека сум на нет или играм, по гасење на тоа за 2-3 минути е у нормала.
И да има ли некоја апликација - кога ми е заклучен телефонот да не функционира 3g/wifi
 
Оно загрева, до дека сум на нет или играм, по гасење на тоа за 2-3 минути е у нормала.
И да има ли некоја апликација - кога ми е заклучен телефонот да не функционира 3g/wifi

Кај сите смартфони скоро е така.
 
Сличен телефон на Сони типо со перфоманси и цена? и дали некој го има и како е задоволен?
 
Барам информации, искуства со Нокиа C5 5mp http://one.com.mk/one-mobilni/product/nokia-c5-5mp.html а воедно би сакал конечно од тмобиле да прејдам на оне.
Ми се расипа после 4годишно користење нокиа 5310 експрес мјузик, дугмињата за јавување, склопување како и мени дугмињата ден по ден откажаа скроз. Пробав да го растурам но со некои лепкови изгледа е лепена тастатурата и маската се изнамачив а можеби го и расипав уште повеќе, божем да ја исчистам тастатурата, ништо не направив. Би сакал добра замена за оваа нокиа па ја приметив C5. Дали некој го има користено и каков е, има ли маани/нема ли? Не ми се битни wi-fi, фејсбук, екран на допир, бла бла бла, чисто класичен телефон кој држи батерија, и по некоја мп3 да слушнеш и некоја слика да сликаш, да има блиц итн. Во меѓувреме ќе го оставам 5310 на сервис па ако не е голем квар, ќе си го направам телефонот.
 
има ли некој xperia arc s? и дали е задоволен од овој телефон...
Јас имам, го зедов пред месец од ВИП, ама го користам на ОНЕ. Батерија ден и пол, два најмногу и тоа со чепкање, wi-fi и играње. Се си е ОК, буквално можи да си правиш што сакаш со апликациите и сурфањето на нет и плус имаш Sony Mobile BRAVIA Engine па твоите видеа секогаш ке бидат поубави од тие кои немаат, баш споредувавме Arc S и Xperia Play, видеата и youtube се друг муабет на Arc S :) . За загревање загрева, ама не е страшно, сите смартфони загреваат, не е да не можи да се држи од жештина. Имаш и update за Ice Cream, јас уште немам преминато на Gingerbread сум. Е сега понекогаш подзакочва, мало лагирање, ама се сеќава, 1000 апликации инсталирав и одинсталирав :P и еве прашање од мене за поискусните корисница на андроид, дај кажете некое решение за лагот, го користам Task Killer-от ама не помага многу. Дали му треба рутирање или Ice Cream Sandwich ќе поможи?
 
Јас имам, го зедов пред месец од ВИП, ама го користам на ОНЕ. Батерија ден и пол, два најмногу и тоа со чепкање, wi-fi и играње. Се си е ОК, а за загревање загрева, ама не е страшно, сите смартфони загреваат, не е да не можи да се држи од жештина. Имаш и update за Ice Cream, јас уште немам преминато на Gingerbread сум. Е сега понекогаш подзакочва, мало лагирање, ама се сеќава и еве прашање од мене :) дај кажете некое решение, го користам Task Killer-от ама не помага многу. Дали му треба рутирање или Ice Cream Sandwich ќе поможи?

Гледај да немаш многу апликации инсталирано, зошто тие ја земаат меморијата и почнува да кочи.
 
Гледај да немаш многу апликации инсталирано, зошто тие ја земаат меморијата и почнува да кочи.
Само до тоа да немам е или да не работат во позадина? Оти ги гаснам тие што не ми требаат, некои и да ги угаснам Андроидот пак си ги покрева и пак има мало кочење понекогаш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom