Според мене има разлика во енергетската ефикасност кај греалките. Како инаку да се објасни фактот дека кога го греев купатилото со кварцна греалка од 800W, требаше скоро еден час да се згрее. Кога ставив панелен конвертор од 1000W, се загрева за 10-15минути.
Или пак тука се работи за случај кога трошат повеќе енергија одошто оддаваат топлина, односно коефициентот е помал од 1??
Toплината што едно загреано тело, ја предава на околината може да се одвиба на три начина:
1. Со спроведувања ( кондукција )
2. Со струење ( конвекција )
3, Со зрачење ( радијација )
Греалките кои предаваат топлина претежно со зрачење се погодни да со нив се загрееш во наполна ладна просторија или надвор. Значи воопшто не мора да биде загреан воздухот во просторијата, можеш и надвор да бидеш , но со помош на такви греалки ќе се загрееме ( страната која е свртена кон греалката ) Во овој тип греалки спаѓаат, кварцни, инфра, со вжештна жица и слични граелки.
Греалките кои предаваат топлина претежно со струење го загреваат околниот воздух и тие се погодни ако е просторијата релативно мала и постојано загревана. Такви се термоакумулационите печки, електичните радијатори, конвектори, гранитни плочи и слично
Каква греалка ќе одбереме зависи за што ќе ја користиме и како ќе ја користиме и тоа е наш избор,
На пример, за твоето купатило по погодна е греалка со струење во што и сам се увери. Ти сакаш во купатилото да го загрееш воздухот и тоа успешно го направи, А инфра греалката зрачи и го загрева ѕидот од спротива, па потоа од ѕидот се загрева воздухот, што значи за купатило не е погодна Но за некој дуќан, каде што нон стоп влегуваат излегуваат и каде што не може да се дочека воздухот да загрее, продавачите обично пред ноѕете ставаат инфра греалки да барем малку се стоплат.
Што значи двата типа греалки се добри за својата намена
Инаку сите тие разни типови греалки, колку што емитираат, толку и трошат, односно имаат СОР = 1