Полицијата ги тепа Каталонците и Андалузијците во Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ако референдум за отцепување е дозволен секаде, тогаш светов ќе има уште 300 нови држави.
Да беше вакво нешто дозволено кај нас, цел западен дел немаше да биде наш.
Западна Макеоднија и Каталонија се сосем две ралични работи. Ваму во Каталонија се работи за друга националност поразлична од Шпанија и историско-географска територија и се автохтони. Албанците во Македонија не се автохтони, значи се доселеници..
 
Зошто Македонија ти е само пример за мешана средина.
Знаеш зошто Албанија на пописот ја укина етничката определба ?
Во Албанија има 40% малцинства.

Престанете се што е негативно да го поврзувате со Македонија.

Да живее слободна Каталонија, доле шпанскиот цар !

Не е само Македонија пример брат, ама ако почнат да се создаваат нови држави во 21 век, светов ќе отиде у пичку матер. Замисли ако секоја територија (реон) во која има поголем број од некое малцинство да се нарекува нова држава...И нормално тука како пример се наведува Македонија, која е наша држава и за која ние највише би пателе ако биде поделена... Па затоа сите тие што сакаат независност за Каталонија, запрашајте се дали сакате независност на Западна Македонија, зошто и Албанците како и Каталонците си имаат свои обичаи, јазик, различен од македонскиот, односно се различен народ.
 
...
И оваа ЕУ членка после (ни) продава демократија?!?.
Баш оваа ЕУ членка никогаш не ни продавала демократија. Доказ за тоа е дека ние го признавме Косово, а Шпанија НЕ!
 
Дали некој знае да ми каже дали Каталонците се осеќаат како Шпанци? Односно дали нивната желба за отцепување е само поради економски профит или осеќаат дека сакаат засебна држава поради националната припадност?
Каталонците во моментот се признати како „националност“ од шпанската влада. Посебен народ се уште од среден век и зборуваат јазик близок на португалскиот, францускиот, шпанскиот и арагонскиот.

com va?, com anem? - како си
sí, parlo català - да, зборувам каталонски
estic d’acord - се согласувам
com et dius? - како се викаш
em sap greu - жалам
gràcies, mercès - благодарам
si us plau - ве молам
bon dia! - добар ден
bon vespre! - добра вечер
bona nit! - добра ноќ...
 
Шпанската кралска фамилија е директно одговорна за сите масакри наоколу светот.
Јужна Америка кога се истоварија што направија ?
Тие се дел од таа елита на западни кралски фамилии, Ватикан, спонзори на фашизмот и колонијализмот.
Тие и ја поделија Македонија, односно од првото стапнување на римската војска на македонско тло Македонија е во постојан распад.

Пред 2000 години ја поделија на 4 провинции.
1913 ја поделија.
Денеска истите тие запдњаци преку проектите рамковен договор и нова територијална поделба ја делат Македонија.
 
Еден човек изедначуваш со цела држава?! Остај на страна што беше претставник на ЕУ. И кажав, доказ е што Шпанија не го призна Косово, а ние го признавме.
А ако уште се држиш на неверојатнава логика, за Македонија еве јас ќе ти кажам Али Ахмети, и сеа шо прајме?
 
Шпанската монархија ја протежира политиката на ЕУ и по секоја линија е многу блиска со Грција.

Интересно од историјата, имаме тема на форум историја за "Македонците во Шпанската граѓанска војна",со изјави како оваа:

"...Ние македонските анти-фашисти и борци во редовите на Републиканската армиjа сме свесни дека овдека се бориме за ослободување на Македонскиот народ и за своето национално право, како што си го извоjуваа и се ослободиjа во Шпаниjа националните малцинства Каталонците и Баските.

Можам смело да кажам дека ние претставниците на македонскиoт народ се бориме така како што се бореле бoрците на нашиот народ Гоце Делчев, Дамjан Груев, Сандански и др. за ослободување на Македноскиот народ..."

(cit. Блаже Ристовски, "Кочо Рацин. Историско-литературни искажувања. Прилози за развитокот на македонската културн-национална мисла", Скопjе, 1983, стр. 314).
 
Дали некој знае да ми каже дали Каталонците се осеќаат како Шпанци? Односно дали нивната желба за отцепување е само поради економски профит или осеќаат дека сакаат засебна држава поради националната припадност?
Каталонците и Бајскијците не се осеќаат како Шпанци и ради тоа бараат независност,другиве се економски мотивирани.
 
Работите секогаш треба да ги гледаме од македонски агол а не принципиелно зошто принципите и стандардите се срушија токму на нашата глава.
Шпанија не ни е некој директен душман ама е член на сите организации во кој што се САД,па според тоа не може да ни е искрен сојузник.
Од тие причини:
ДА ЖИВЕЕ ШПАНСКАТА ПРОЛЕТ!!!
НАПРЕД ЗА ПОРТОКАЛОВАТА ШПАНСКА РЕВОЛУЦИЈА!!!
ДОЛУ МОНАРХИЈАТА И НАСЛЕДНИТЕ БЛАГОРОДСТВА!!!
 
Не ми е јасно зошто Каталонците воопшто се закануваат со отцепување од Шпанија и прогласување на независна држава, кога веќе воспоставиле контакти со ЕУ прашувајќи дали ќе може да станат наредна полноправна држава членка на ЕУ веднаш после отцепувањето и прогласувањето на независна држава, без никакви преговори, туку самото членство да биде наследено од нивната досегашна територијална припадност кон Шпанија.

Па самата ЕУ е таа која им ги диктира условите за раздолжување и мерките за штедење и уста не отвора за ваквите постапки на шпанската полиција, а Каталонија како најзадолжена шпанска област, има бајаги да го крка стапот.

Па токму со отцепувањето на Каталонија од Шпанија и прогласувањето на независна држава, националниот долг на Шпанија ќе се намали, а Каталонците на крајот ќе бидат големите губитници, исто како што и ние Македонците на крајот бевме големите губитници по отцепувањето од Југославија и прогласувањето на независна држава, останавме буквално голи откако ЈНА си замина со сето оружје и муниција и отворени за воена инвазија од било каде, ги наследивме долговите на Југославија и македонската индустрија се распадна во 1990-те години врз основа на истите тие долгови, а денес плачеме и кукаме за влез во ЕУ, во новата Југославија, чијшто претседател на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, во септември 2012 изјави дека единствениот спас на еврото и на ЕУ е во подлабока политичка интеграција, поконкретно во создавање на Европска Федерација.

Колку иронично, сме се отцепувале од Југославија бидејќи сме сакале независна држава, а денес плачеме и кукаме по новата Југославија наречена ЕУ, а Каталонците го прават истото, се закануваат со отцепување од Шпанија и прогласување на независна држава, но истовремено сакаат да останат дел од ЕУ. :tapp:

Очигледно не се ништо поарни од гејците, сакаат да им се даде повеќе време за плаќање на долговите и поблаги мерки за штедење, а истовремено да останат во евро-зоната и да го задржат еврото како валута.
 
Со преседанот што го направија ОН во врска со Косово им овозможи и на останатите да размислуваат за сегрегација и отцепување од матичните држави.
Најверојатно ќе го искористат примерот со Косово на меѓународен суд за да си добијат автономија.
Инаку муабетот за економската издржливост на Каталонија, Андалузија, Баскија итн. како независни држави е навистина ирелевантно во дискусијава.
 
...Југославија и македонската индустрија се распадна во 1990-те години врз основа на истите тие долгови, ...
Македонското стопанство се распадна деведесетите, пред се како резултат на намерното уништување на фирмите и фабриките, супервизирано од власта која беше во корелација со нивните директори, за истата групација да може да ги купи поефтино.
Затоа и беше отфикарен моделот на приватизација со делење на акции на граѓаните, како Словачкиот и Словенечкиот (чинам) модел. Нашите рекоа - не така, ние на пазар ќе ги понудиме фабриките/фирмите и истите тие ги уништија, за да можат да ги купат.
Долговите се секундарен фактор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom