Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?

  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако мислиш ти дека бод во моменталново калчо за Јуве е успех тогаш добро.Само да те потсетам дека лани таму тепавте 0:5...сега колку сакаш вади се со тоа дека Фиорентина има појк тим од лани (што е точно) но и Јувентус за разлика од минатата сезона е подобрен,а тоа подобрување е главно на клупата.

За вториов класика ретардиран јувенташки муабет нема потреба да се троши тастатура.Да го спомнев негде Милан или да направев некаква споредба па да ми го спомнуваш Милан во целиот муабет ќе сфатев некако ама вака како што реков....ретардиран муабет.

Ама Јуве за разлика од лани игра и ЛШ,а натпреваров со Фиорентина дојде во период кога за нецели две недели се изиграа 3 натпревари од кои 2 гостувања.Башка ова не е гостување кај Пескара па да биде некој кикс бодов.
Ривалството со Фиорентина е добро познато,цел град живее за утакмицава против нивниот најомразен тим,па мечевите во Фиренца не биле никогаш лесни за Јуве..Друга е мотивацијата кај играчите на Фиорентина пред полни трибини,кореографии и сл.Погледни малце статистика и ќе видиш дека Јуве има помалку победи од Фиорентина на Артемио Франки,иако овие од 98 го немаат на свој терен победено Јувентус.
Минатата година Јуве имаше одморен тим,растеретен распоред,Фиорентина во тој период од сезоната беа распашана команда,добиа црвен во 20та минута и следуваше петарда,која никој не ја очекуваше.
 
остај со Рома сега, Земан и Рома имаат многу заеднички работи, оваа е единствена на релација Земан-Јуве :D

Земан е боље, два пати ја грабнал титулата:cuc::icon_lol:
 
да стварно, од кај видовте дека некој од јуве се жали за згуснатиот распоред?

Јувентус има најлош распоред на натпеварите, односно најмалку денови за одмор кога има Вторник/Среда - Викенд натпевари. Баш наидов на коментари од типот, како може Ањели да ќути на такво нешто?
Сами си праат дополнителни проблеми со тоа, али веке ништо не ме чуди. Отрпнат сум и подготвен на се со оваа т.н. Федерација.

Јувентус денес прилично слаб, али и со таква игра освои голем бод. У принцип, одличен резултат на Јуве тука со оглед дека по традиција тешко играат во Фиренца.
Фиорентина има одличен тим и тренер, no doubts. Со ваква игра дома тешко дека некој ке успее да им земе бодови.
И баш ме занима колку порази ке имаат дома, на крај.

Честитки за играта на Фиорентина

ваљда овде :confused:
 
Мала историја и факт .. Таљавенто лани му судел 3 пати на Јуве и Јуве изиграл 3 пати нерешено на тие натпревари ( Наполи - Јуве 3:3, Милан - Јуве 1:1 и Катанија - Јуве 1:1) ... Повторно суди на дерби меч и повторно Јуве како гостин... Значи знаете што да ја пишете на спортска :P
(y)
 
Земан е боље, два пати ја грабнал титулата:cuc::icon_lol:
тоа баш сакав да го пишам:D .. лесно е Јуве да се врати од втора во Сериа А, но ајде Фоџа и Пескара од нисколигаши да ги направиш калчолигаши не е мала работа :D
 
Ама Јуве за разлика од лани игра и ЛШ,а натпреваров со Фиорентина дојде во период кога за нецели две недели се изиграа 3 натпревари од кои 2 гостувања.Башка ова не е гостување кај Пескара па да биде некој кикс бодов.
Ривалството со Фиорентина е добро познато,цел град живее за утакмицава против нивниот најомразен тим,па мечевите во Фиренца не биле никогаш лесни за Јуве..Друга е мотивацијата кај играчите на Фиорентина пред полни трибини,кореографии и сл.Погледни малце статистика и ќе видиш дека Јуве има помалку победи од Фиорентина на Артемио Франки,иако овие од 98 го немаат на свој терен победено Јувентус.
Минатата година Јуве имаше одморен тим,растеретен распоред,Фиорентина во тој период од сезоната беа распашана команда,добиа црвен во 20та минута и следуваше петарда,која никој не ја очекуваше.

Се ова што го пиша е точно но кога Јуве гради еден тим што сериозно мисли да атакува на Скудето и ЛШ ваквите оправдување не можат да поминат.Тоа што не освои 3 бода на гостувањето во Фиренца и не е така лошо но лошо е тоа што играчите не можеа да сврзат повеќе од 3 паса и што едвај ја изнесуваа топката до средината на игралиштето.Друг проблем за нив што исто така беше многу очигледен е 3-5-2 формацијата...како што пишав и во претходниот пост ‘‘формација што бара многу трчање‘‘.Доволно е само да се спомне очигледниот замор кај Лихштајнер,а ако се знае дека таа позиција во 3-5-2 формацијата е една од најважните и бара трчање напред-назад од почеток до крај тогаш веројатно многу појасно станувам што сакам да кажам.Додади го и тоа што тек е почеток на сезоната и ќе добиеш јасна слика за тоа што го пишав во претходниот пост. :)
 
Секоја формација е добра ако ги имааш соодветните фудбалери.
 
Syn
Serie A’s current trend of deploying a defensive back three is not an innovative strategy, having already been used extensively in the late 1990s and the turn of the new century. Dino Zoff used it effectively during Euro 2000 (reaching the final) but after falling out of favour for a number of seasons, the tactic is now back ‘en vogue’ in the Italian top flight. Coaches such as Walter Mazzarri, Francesco Guidolin, Antonio Conte, Roberto Donadoni, Alberto Zaccheroni and Gian Piero Gasperini all currently favour this tactic.

Почнало во доцните 90ти па еве сега се повеќе и повеќе тимови се вртат на таа варијанта.
Сеа јбг нивни избор е тоа ама мојов Милан нема логика да се сврти на таа формација пошто немаат играчи кадарни за да ја играат а за Интер не знам.

Е и не сфаќам зошто е толку хејтан Земан на форумов,остајте го човекот нека си ја врши работата,ви реков од него профит може да се праи ако не друго.
2+ прво полувреме/гг3+/Т1-Т2 итн итн

Исто така и од Милан.

Ова со 3ца у одбрана може да успее во Италија според мене ама не дај боже да те начекаат овие поспремниве у Европа има да те искинат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Се ова што го пиша е точно но кога Јуве гради еден тим што сериозно мисли да атакува на Скудето и ЛШ ваквите оправдување не можат да поминат.Тоа што не освои 3 бода на гостувањето во Фиренца и не е така лошо но лошо е тоа што играчите не можеа да сврзат повеќе од 3 паса и што едвај ја изнесуваа топката до средината на игралиштето.Друг проблем за нив што исто така беше многу очигледен е 3-5-2 формацијата...како што пишав и во претходниот пост ‘‘формација што бара многу трчање‘‘.Доволно е само да се спомне очигледниот замор кај Лихштајнер,а ако се знае дека таа позиција во 3-5-2 формацијата е една од најважните и бара трчање напред-назад од почеток до крај тогаш веројатно многу појасно станувам што сакам да кажам.Додади го и тоа што тек е почеток на сезоната и ќе добиеш јасна слика за тоа што го пишав во претходниот пост. :)

ти гледаш фудбал или онака само да пишуваш нешто, Лихштајнер, Пирло, Џовинко, Видал, не играа предходната утакмица така да беа одморени, и нема врска со заморот за играта со фиорентина, и 3-5-2 барала многу трчање, демек 4-4-2 и 4-2-3-1 не бараат трчање печки можат да се играат тие?
 
Уживај...ја гледав и претходната на Јуве со Киево и знам кој играа,а ако сакаш да ми кажеш дека вчера не беше очигледен заморот кај Лихштајнер кој патем одмараше со Киево тогаш најверојатно си ја гледал репризата Фиоре-Јуве од минатата година.Нема врска заморот ? Веројатно не мислиш дека Фиорентина е јака екипа до тој степен што на Јувентус нема да му дозволи да изнесе топка на противничка половина...освен ако Чави,Иниеста и компанија вчера не ги облекле дресовите на Фиорентина.

Секоја формација бара трчање но во 3-5-2 формацијата оние играчи што на хартија се како крила (Лихштајнер-Асамоа) треба од почеток до крај да трчаат напред-назад и во еден момент треба да се позади а веќе во наредниот да бидат напред.Нека ти текне и на утакмицата со Челзи каде што фудбалерите на Јувентус имаа повеќе истрчано од фудбалерите на Челзи,а Челзи во најголемиот дел од натпреварот ја имаше топката во нозе и ја контролираше играта.Ова ти е само еден показател кој што вели дека оваа формација бара многу повеќе трчање и без топка за разлика од другите каде што секоја позиција е покриена во секој момент.
 
Да јака екипа е фиорентина, лани ако губевте од нив оваа година губите 100%, Од Челзи имаа поиште истрчано зашто се поспремни, кој ке трча кај черзи Лампард со 40 години или хазар(така мислам се викаше) со 15 години, и затоа неможат да тепаат дома затоа што ја контролирале играта,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom