Го гледав вчера "Super 8" - режисер е J.J. Abrams (тоа само по себе доволно кажува). Филмот сакав да го хејтам толку многу, ама не успеав. Очекував дека за мене ќе биде промашување, ама бев ептен пријатно изненаден. Не би сакал да говорам за приказната, зошто во колку и кратки црти да дадам синопсис, можно е некој да го гледа тоа како спојлер (ако сакате, ќе пишам горе доле за што се работи, ако не знаете за филмот веќе). Глумата мене ми се допадна, особено затоа што се работи за деца актери, често и не знаат да глумат, ама овие беа одлични. Приказната е океј, можеше и подобра да биде, но во рамки на целокупниот произвид како филмот мене некако ми се влкопи одлично. Специјалните ефекти, и визуелниот пристап исто ме воодушеви. И она што најмногу ми остави впечаток, е кога го гледав филмот, се осеќав како што се осеќав кога прв пат го гледав E.T. на Стивен Спилберг. Баш таква атмосфера доловува. Јас ви го препорачувам филмов, ако не одличен, барем просечен филм ќе ви биде, нема да го жалите времето потрошено на него (барем се надевма дека нема да биде така).