- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.806
- Поени од реакции
- 3.062
Веќе долги години, од сите страни сме бомбардирани со информации дека холестеролот на нашиот организам му нанесува штета која тешко може да се поправи.
Во согласност со тоа, доколку сакаме да останеме здрави, мораме драстично да го намалиме внесувањето на мастите од животинско потекло како што е млекото, путерот, сирењето, павлаката и останатите млечни производи.
Но, дали навистина е така? Се чини дека не е, бидејќи се поголем број на научници и доктори тврдат дека станува збор за заблуди од митолошки размери.
Да тргнеме од почеток; мора да асе спомене најголемото истражување некогаш спроведено од страна на Светската здравствена организација, односно, нивниот MONICA проект (Multinational MONItoring of trends and determinants in CArdiovascular disease – мултинационално пратење на клучните фактори за развој на кардиоваскуларните болести).
Ова истражување, меѓу останатото, имаше а цел да ја истражи врската помеѓу кардиоваскуларните заболувања и холестеролот. Оваа врска никогаш не е востановена.
Иако резултатите од долгорочното и исклуичтелно скапо истражување биле совршени јасни, со брзина на светлината тие беа ставени „под тепих“ - бидејќи, не биле усогласени со она што Светската здравствена органзиација очекувала да го добие како резултат.
Така што, преостанува да заклучиме дека вистината одамна е позната, но дека е чувана во тајност за да биде во корист на некои други, за кого ќе биде значително поисплатлива.
Пред повеќе од 20 години, лековите за снижување на холестеролот биле веќе во употреба, а така требало и да остани.
Бидејќи холестеролот неправедно е прогласен за главна причина за болест на срцето, медицината започна да препорачува дека мастите од животинско потекло треба да се исфрлат од исхрана. Наместо нив, на големо започна да се препорачува употребата на индустриски преработени растителни масла. Путерот е замена за популарниот маргарин, а и ден денес се советува дека консумирањето на намирниците како што се сирењето и павлаката, треба да бидат сведени на најниско ниво.
Вистинската причина за болестите на срцето не е холестеролот
Веќе споменатите резултати од MONICA истражувањето за невозможноста на поврзување на кардиоваскуларните заболувања со холестеролот, ги потврдува и Др. Двајт Ландел, угледен кардиохирург кој во 25 години има извршено повеќе од 5.000 операции.
Повикувајќи се на научни истражувања спроведени последните неколку години, како и неговото богато лично искуство, Др. Ландел тврди дека главната причина за болест на срцето и крвните садови е воспалителниот процес што се случува во артериите како резултат на исхрана со малку заситени масти.
Со други зборови, она што навистина предизвикува многу штета на нашите крвни садови, се растителните масла во кои има омега-6 масни киселини, како што се сончоглед, соја и пченка, и прекумерното консумирање на производи во кои има брашно и шеќер.
Бидејќи, како што тврди Др. Ландел, медицината направила ужасна грешка кога започнала да ги советува луѓето да ги избегнуваат заситените масти и наместо нив да користат двојно незаситени масла.
Оваа прехранбена препорака доведе до епидемија на дијабетис, кој по смртност и материјален трошок, ја надминуваат секоја друга чума во историјата на човештвото.
Поголемиот дел од луѓето во денешницата слепо и' веруваат на медицината која им предлага соодветна исхрана, не знаејќи дека токму таа исхрана предизвикува голема штета на нашите крвни садови.
Ова воопшто не треба да ве изненадува, со оглед на тоа што општеството во кое живееме, е предводено од приоритетите за заработка. Со ова, лесно е да се забележи врската помеѓу индустријата на исхрана и индустријата на лекови. Производството на „здрава храна“ која ги прави луѓето болни, е совршено исплатлива и за едните и за другите.
Вистинската улога на холестеролот
Валтер Хартенбеч, автор на книгата „Лага за холестеролот“, сака да ја подигне нашата свест за вистинската природа на холестеролот и неговата улога во организмот.
Тој вели дека холестеролот - од кој сите се плашиме, е основен материјал на клеточните мембрани на сите ткива, неопходни за нормална работа на организмот.
Бидејќи холестеролот соработува при создавањето на хормоните, витамините А, Д и Е, и жолчната киселина, со неговото намалување ќе се намали виталноста и плодноста, можно е пореметување во изградбата на коските и мускулатурата и сериозно пореметување во нивото на електролити. Сето ова доведува до сериозни срцеви и невролошки компликации.
Судејќи по резултатите од бројните истражувања, диетата во која се редуцираат мастите и холестеролот, нема никакво влијание на болестите на срцето и крвните садови.
Така што, крајно време е да се објави дека митот за холестеролот е една од најголемите заблуди на нашетовреме, и дека нашите прехранбени навики треба да ги усогласиме со здравиот разум.
Денешно време во ништо не можеш да веруваш, се повеќе се обидуваат да те збунат да те исплашат.
Што мислите? .. Во што верувате?