Големата лага за опасностите од холестеролот

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Веќе долги години, од сите страни сме бомбардирани со информации дека холестеролот на нашиот организам му нанесува штета која тешко може да се поправи.

Во согласност со тоа, доколку сакаме да останеме здрави, мораме драстично да го намалиме внесувањето на мастите од животинско потекло како што е млекото, путерот, сирењето, павлаката и останатите млечни производи.

Но, дали навистина е така? Се чини дека не е, бидејќи се поголем број на научници и доктори тврдат дека станува збор за заблуди од митолошки размери.

Да тргнеме од почеток; мора да асе спомене најголемото истражување некогаш спроведено од страна на Светската здравствена организација, односно, нивниот MONICA проект (Multinational MONItoring of trends and determinants in CArdiovascular disease – мултинационално пратење на клучните фактори за развој на кардиоваскуларните болести).

Ова истражување, меѓу останатото, имаше а цел да ја истражи врската помеѓу кардиоваскуларните заболувања и холестеролот. Оваа врска никогаш не е востановена.

Иако резултатите од долгорочното и исклуичтелно скапо истражување биле совршени јасни, со брзина на светлината тие беа ставени „под тепих“ - бидејќи, не биле усогласени со она што Светската здравствена органзиација очекувала да го добие како резултат.

Така што, преостанува да заклучиме дека вистината одамна е позната, но дека е чувана во тајност за да биде во корист на некои други, за кого ќе биде значително поисплатлива.

Пред повеќе од 20 години, лековите за снижување на холестеролот биле веќе во употреба, а така требало и да остани.

Бидејќи холестеролот неправедно е прогласен за главна причина за болест на срцето, медицината започна да препорачува дека мастите од животинско потекло треба да се исфрлат од исхрана. Наместо нив, на големо започна да се препорачува употребата на индустриски преработени растителни масла. Путерот е замена за популарниот маргарин, а и ден денес се советува дека консумирањето на намирниците како што се сирењето и павлаката, треба да бидат сведени на најниско ниво.

Вистинската причина за болестите на срцето не е холестеролот
Веќе споменатите резултати од MONICA истражувањето за невозможноста на поврзување на кардиоваскуларните заболувања со холестеролот, ги потврдува и Др. Двајт Ландел, угледен кардиохирург кој во 25 години има извршено повеќе од 5.000 операции.

Повикувајќи се на научни истражувања спроведени последните неколку години, како и неговото богато лично искуство, Др. Ландел тврди дека главната причина за болест на срцето и крвните садови е воспалителниот процес што се случува во артериите како резултат на исхрана со малку заситени масти.

Со други зборови, она што навистина предизвикува многу штета на нашите крвни садови, се растителните масла во кои има омега-6 масни киселини, како што се сончоглед, соја и пченка, и прекумерното консумирање на производи во кои има брашно и шеќер.

Бидејќи, како што тврди Др. Ландел, медицината направила ужасна грешка кога започнала да ги советува луѓето да ги избегнуваат заситените масти и наместо нив да користат двојно незаситени масла.

Оваа прехранбена препорака доведе до епидемија на дијабетис, кој по смртност и материјален трошок, ја надминуваат секоја друга чума во историјата на човештвото.

Поголемиот дел од луѓето во денешницата слепо и' веруваат на медицината која им предлага соодветна исхрана, не знаејќи дека токму таа исхрана предизвикува голема штета на нашите крвни садови.

Ова воопшто не треба да ве изненадува, со оглед на тоа што општеството во кое живееме, е предводено од приоритетите за заработка. Со ова, лесно е да се забележи врската помеѓу индустријата на исхрана и индустријата на лекови. Производството на „здрава храна“ која ги прави луѓето болни, е совршено исплатлива и за едните и за другите.

Вистинската улога на холестеролот
Валтер Хартенбеч, автор на книгата „Лага за холестеролот“, сака да ја подигне нашата свест за вистинската природа на холестеролот и неговата улога во организмот.

Тој вели дека холестеролот - од кој сите се плашиме, е основен материјал на клеточните мембрани на сите ткива, неопходни за нормална работа на организмот.

Бидејќи холестеролот соработува при создавањето на хормоните, витамините А, Д и Е, и жолчната киселина, со неговото намалување ќе се намали виталноста и плодноста, можно е пореметување во изградбата на коските и мускулатурата и сериозно пореметување во нивото на електролити. Сето ова доведува до сериозни срцеви и невролошки компликации.

Судејќи по резултатите од бројните истражувања, диетата во која се редуцираат мастите и холестеролот, нема никакво влијание на болестите на срцето и крвните садови.

Така што, крајно време е да се објави дека митот за холестеролот е една од најголемите заблуди на нашетовреме, и дека нашите прехранбени навики треба да ги усогласиме со здравиот разум.

Денешно време во ништо не можеш да веруваш, се повеќе се обидуваат да те збунат да те исплашат.

Што мислите? .. Во што верувате?
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.784
Поени од реакции
11.347
У гловала кога имаш висок процент на холестерол имаш поголеми шанси да умреш отколку кога немаш. Па сега нека му ја мислат.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Значи има два вида на холестерол во крвта. Лошито холестерол предизвикува наталожување на масти во крвните садови. Е сега од каде се тие масти, токму од нашата исхрана. Значи најдобро е да се јаде разноврсна храна, од се по нешто и што е најважно во умерени количини. Диети во кои ќе се исфрли некоја храна тотално од исхраната не ми се воопшто уверливи и издржливи.
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
18
Поени од реакции
15
Кај кажаното за путерот и маргаринот има некоја грешка... Маргаринот е измислен како замена за путерот (и се покажало како исклучително лоша замена) а не обратно.
Проблемот не е во холестеролот (кој е неопходен за метаболизмот), а во ПОВИШЕНИОТ холестерол (и тоа холестеролот со ниска густина LDL). За тоа дека прекумерното користење заситени масни, како и незаситените омега 6, предизвикуваат проблеми има еден куп истражувања. А и простото набљудување на народите со нивната вообичаена исхрана и и здравје кажува многу. Нај нездрави нации се оние кои користат т.хар. современа исхрана, богата со животински продукти (и жив. масти) и термички и хемиски преработени зејтини. Оние кои се хранат со природни ладно цедени масла (посебно маслиново, ленено) и морска храна (масни риби) имаат најмалку кардиоваскуларни заболувања, а и помалку од ред други заболувања. Мислам дека треба да се внимава генерално со секоја преработена индустриска храна и да се оди на што поприродно. Природата најдобро знае што ни е потребно ;)
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Како може холестеролот да не е штетен, кога ти ги затнува сите вени и крвта тешко мине и така предизвикува инфаркт ?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Глупаво е што не е спомнато дека не постои еден универзален ХОЛЕСТЕРОЛ,туку дека постојат 2 вида на холестерол,каде што едниот е штетен и се таложи во артериите ,а другиот не е штетен и штити од срцеви удари.Попросто од ова незнам како да ви кажам,ако ја дробиме многу темава никој ништо нема да разбере,убаво е да го погледнете линкот на Myers.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
+1 за двата типа холестерол.
OP is a fag that didn't do his research
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jaс се што докторите велат го примам со резерва, На мислење су дека човекот како биолошко суштетство е сештојад и треба да јаде разноврсна храна.
Околу ова ми остави впечаток емисијата за Британската кралска морнарица.
Во Морнарицата, просечен морнарски оброк во 18 век имал 5000 калории, а во денешно време 2500 калори. Тоа ме збунува
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Нема 2 вида на холестерол туку има 2 (поточно 5) начини на пренесување на мастите (триглицериди, холестерол, масни киселини, глицерин) низ крвниот систем. По густина се: киломикрони, VLDL (very low density lipoproteins), IDL (intermediat density lipoproteins), LDL (low density lipoproteins) и HDL (high density lipoproteins). Што помали то се поштетни зошто полесно можат да навлезат во ѕидот на артериите и да направат запушување. Арно ама првиве 3 ретко се наоѓаат во артериите зошто носат масти од цревата до црниот дроб. И плус уште нешто (не сум 100% сигурен за ова): LDL носи масти од црн дроб до клетките (вклучуавајќи и поткожно масно ткиво), додека HDL носи масти од поткожно масно ткиво до црн дроб за нивна пререаботка во шеќери.
Иначе на темава: одамна се знае дека холестеролот е многу корисен за организмот, најмногу за мозокот зошто тој е составен дел на нервните обвивки (бела маса на мозокот).

Молекула на Холестерол

Други места кај што го има холестеролот се липосолубилните витамини, стероидни хормони и жолчните соли.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Jaс се што докторите велат го примам со резерва, На мислење су дека човекот како биолошко суштетство е сештојад и треба да јаде разноврсна храна.
Околу ова ми остави впечаток емисијата за Британската кралска морнарица.
Во Морнарицата, просечен морнарски оброк во 18 век имал 5000 калории, а во денешно време 2500 калори. Тоа ме збунува
Интересно,знам дека Македонците во походите го јаделе најмрсното козјо сирење,препечен леб и вино,слично и Римските легии,само тие место козјо сирење јаделе сланина и вино... секако не оти биле будали,би рекол ние денес сме поголеми будали, уште тогаш знаеле дека за напорна физичка работа телото бара калории,но знаеле и дека виното ја разбива мрсноќата од калориите,односно спречува запушување на вените од холестеролот.
Интересен и поучен пример беше и тренингот на Мајкл Фелпс за последната олимпијада,каде што дневно имаше за оброк ненормално многу калории,па пак ни грам салце немаше на него,ниту пак е нешто минус во здравјето ...
 
Погрешно размислување... :) 1.Тоа што човекот е сештојад не значи и дека е ѓубрејад. Во огромен дел тоа што го предлага денешната современа исрана за телото претставува повеќе ѓубре и отров отколку вистинска храна. 2.Козјото сирење не е најмрсно, а и никаде не пишува дека античките Македонци и Римските легии имале големи разбирања околу тоа како треба да се хранат. Денес армиите исто така не ја предлагаат на војниците најздравата храна. Војниците им е потребно да се силни и здрави на краток период, затоа често ги кљукаат и со „коњски“ вакцини и стероиди (посебно кога се на мисии), а не да долги стази како што е целиот животен век. 3.Напорната работа бара калории, но ние денес генерално вршиме далеко помалку напорна физичка работа од тоа што во минатото вршеле луѓето (дремењето на кајгана и слично воопшто не спаѓа во напорна работа:))) Но храната не се внесува само заради калории (енергија за телото), туку и за градбен материјал и материјал потребен за одвивање на метаболичните процеси (протеини, маснотии, минерали, витамини, ензими, елеметни во трагови...). И да, ние денес сме поголеми будали за разлика од нашите предци, поради тоа што конзумираме храна преполна со пестициди, хормони, стероиди, антибиоцити... преработена на високи температури (односно со уништени ензими и голем број витамини), рафинирани брашна (исчистени од растителни влакна, минерали и витамини кои се наоѓаат во лушпите на зрната), рафинирани и хидрогенизирани маснотии (зејтините кои се штетни поради изменетите молекули поради температурите и хемикалиите на кои се излохуваат). 4. Мајкл Фелпс и спортистите кои ги гледаме на олимпијадите се приказна сами за себе, и дури не ми се ни пишува коментар за нив и за нивната исхрана од причина што неговиот живот и амбииции се неспоредливо различни од оние на просечниот човек.
 
Не е погрешно размислување,погрешно си ме разбрал...еве накратко за број 1 се сложувам,за број 2,ако козјото сирење не е најмрсното,сепак е едно од најмрсните,и има многу извори каде што особено Македонската култура и животната филозофија (за Римската сум послабо запознаен), предлагале многу организиран начин на живот,а со тоа и организиран начин на исхрана(тогаш на општеството не им бил интересот профитот,како што денес им е интересот на прехрамбените индустрии)...
За број 3 и 4,се сложувам тотално,но поентата ми беше внесување на холестерол и мрснотии може да биде здраво само ако сме во голема активност,додека ако сме во пасивност може само да си го чекаме моментот за инфаркт,затоа и го споменав Фелпс,како пример за тоа како калориите ги искористил позитивно...
 
Извини за тоа што пишав „погрешно размислување“, секое размислување е ок, важно е да размислува човек и да не живее движен само од потсвесни пориви и нагони. Потрагата по вистината е сложен процес и никогаш не можеме целосно да ја достигнеме, а само се повеќе да и се приближуваме.

Сите сирења се мрсни, тоа не зависи од видот на млекото а од типот на сирењето. Младото сирење е најмалку мрсно со околу 10% масленост бидејќи содржи најмногу вода, додека тврдите имаат 45-50 а некои и 55% масленост, без разлика дали се од овчо, кравјо или козјо млеко. Козјото сирење сепак се смета за најдобар избор а некои тоа млеко го сметаат дури и за лековито, а овчото е најлош избор и кај народот обично тоа се смета за најмрсно (иако сепак зависи за каков тип на сирење станува збор). Според мене т.е. информациите до кои имам стигнато проучувајќи ја оваа тема, млекото не е храна (или пијалок) за возрасни бидејќи само додека човекот е бебе има ензими кои се способни да го варат а потоа тие значително се намалуаваат или сосема исчезнуваат. За восрасните тоа често е алерген производ, а огромен број на луѓе се лактозно нетолерантни (има многу кои за тоа и не се свесни) и во нивните црева млечниот шеќер лактоза не е во можност да се свари туку ферментира и создава проблеми (гасови и пролив). Но јогуртот на пример е веќе ферментиран производ, преполн со бактерии кои ја јадат лактозата и се од оној вид кој го има во нашите црева. Затоа обезмастениот јогурт е препорачлив и здрав пијалок кој ја обновува цревната флора, но обезмастен, бидејќи млечните заситени масти (истите кои ги има и во сирењето во огромен процент) се штетни и предизвикуваат кардиоваскуларни болести. Добар доказ во прилог на тоа дека не треба да пиеме млеко кога сме возрасни, а посебно не од друг животински вид (коза, крава, овца...) е тоа дека ниту едно друго животно во природата не продолжува да конзумира млеко после цицачкиот период, односно кога е доенче, и ниту едно животно не пие млеко од друг вид животно. Млекото е храна за доенчиња кои се во забрзан раст и оформување и носи посебни генетски информации наменети за конкретниот животински вид.

Маснотиите се исклучително потребни и некои традиционално здрави народи (пр. медитеранските) имаат и до 40% од калориски внес преку масти, но преку риба и маслиново уље (често дури и го пијат), т.е. незаситени масти.

Прочитав и јас за Фелпс дека јадел свашта, џанк фуд со многу мајонези и што ти знам...но иако ги троши, пак сметам дека не е во ред. Сега додека е на стероиди и хормони (се надевам нема некој кој дури и помислува дека денес врвни резултати во било кој спорт се возможни без допинг) и метаболизмот му работи во 10 брзина, но тоа нема да може така долго. Мислам дека ние кои водиме нормален живот, дури и ако редовно спортуваме треба да внесуваме здрава и квалитетна храна бидејќи секој еден молекул и атом од кој се состои нашето тело влегол и се вградил во нас преку храната. Значи, тоа што јадеме, тоа и сме.
Инаку во телото постои регулација за холестеролот, кога го внесуваме повеќе преку храната се намалува нашето сопствено производство од црниот дроб, кога е во недостаток телото го создава бидејќи му е неопходен. Оние кои имаат повишен холестерол, или имаат нарушена саморегулација или ептен претерале со негов внес преку храна (што во современава исхрана воопшто не е тешко да се направи).

За тоа каква била македонската прехрамбена култура искрено не сум запознает (никаде не сум читал за тоа како се хранеле, а се сомневам дека ние денес и би можеле тоа да го знаеме...), но мислам дека дури и да имало луѓе кои внимавале на исхраната тие биле многу мало малцинство, како што впрочем се и денес. За македонски лекари кои ја осознавале моќта на храната не сум чул (а сигурно имало) но знам дека првиот кој оставил пишани инфрмации за своето знаење на оваа тема бил Хипокрит кој уште тогаш знаел мнооогу повеќе за својствата на храните од просечните денешни лекари.

Поздрав за ФилипМакедон и се надевам нема да помисли дека пишувам за да му контрирам од инат, туку споделувам тоа што јас знам. Може би и во нешто сум згрешил, и секој треба да провери многу извори на информации и така да создаде свое мислње. А инаку сосема е во право кога пиша дека се сомнева во тоа што велат докторите. Докторите најчесто единствено знаат да ти препишат еден куп лекови а и алопатската медицина воопшто не се занимава со превентива. На фармацевтската индустрија сосема и одговара прво да се разболиш а после да те лечи за пари. Затоа треба да се замараме со храната, не се тоа глупости! Нека храната ни биде лек, а лекот ни биде храна! :)
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Најверојатно поставувачот на темава мислел на огромниот број на совети кои се даваат во изминативе години за штетноста на маснотиите и промовирање на продукти со намалена или без масленост.
Не знам дали е некое лоби или недоволна информираност, но путерот, месото, млекото имаа многу лош глас, особено на запад, па полека тоа дојде и кај нас.
Во изминативе години има голем број на студии кои се со спротивни резултати, т.е. маснотиите полека се враќаат како безбедна и потребна храна, а јаглехидратите се она кое е всушност штетно и причина за дебелеење, дијабетис и срцеви болести.
Маснотиите се потребни и учествуваат во многу процеси потребни за човекот, одличен се извор на енергија и слично.
Всушност ако сакате да ослабите нема подобар и поздрав начин од аткинсова или кето диета, која многу луѓе ја имаат успешно поминато без никакви здраствени тегоби или лоша крвна слика.
Напротив и луѓето кои имале холестерол и несредена крвна слика после некој период на исхрана која изобилува со месо и маснотии имаат многу подобро здравје.
Значи вистината е како и секогаш некаде помеѓу, во умереноста и внес на сите основни хранителни продукти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom