Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Колку е препорачана доза на протеини дневно во однос на тежина? Јас сум некаде 77кг а пресметав дека внесувам 115г протеини дневно. Во фаза на чистење сум.
10-35% од вкупните калории
вака ти е поточно за чистење
што повеќе, тоа подобра презервација на мускулна маса при слабеење
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942

Ондак сум на прав пат, диетата ми е 1500 калории дневно, туна, 2 јајца и стек = 600 калории, 1500 калории 35%=525 калории

2 до 2.5 грама на секој кг.
Тоа да ама за маса. Испаѓа да вметнам уште еден саглам оброк што ќе ми го надмине калорискиот внес
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Колку е препорачана доза на протеини дневно во однос на тежина? Јас сум некаде 77кг а пресметав дека внесувам 115г протеини дневно. Во фаза на чистење сум.
Во твојот случај гледај да бидат 2.5 грама протеини на еден килограм телесна тежина. Тоа е моја препорака. Значи 77 кг x 2.5 = 192.5.

Патем, прашање до сите.

Гледам периодов повеќето од вас кои пишуваат овдека сте на диети за слабеење и се дефинирате. Има некоја посебна причина зошто го правите тоа баш периодов или само јас сум изрод на форумов што после септември сум на маса :icon_lol:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ондак сум на прав пат, диетата ми е 1500 калории дневно, туна, 2 јајца и стек = 600 калории, 1500 калории 35%=525 калории

Тоа да ама за маса. Испаѓа да вметнам уште еден саглам оброк што ќе ми го надмине калорискиот внес
2 јајца и стек се 600 калории ама не се 100% протеин
1 грам протеин = 4 калории, рекалкулирај
на 1500 калории искача 131 грам протеин (моеш до 150 да идеш без проблем според мене) - ти внесуваш рече 115
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Во твојот случај гледај да бидат 2.5 грама протеини на еден килограм телесна тежина. Тоа е моја препорака. Значи 77 кг x 2.5 = 192.5.

Патем, прашање до сите.

Гледам периодов повеќето од вас кои пишуваат овдека сте на диети за слабеење и се дефинирате. Има некоја посебна причина зошто го правите тоа баш периодов или само јас сум изрод на форумов што после септември сум на маса :icon_lol:
Јас се ставив на маса.Нема да идам на одмор малку да пукаме со големи тежини :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Гледам периодов повеќето од вас кои пишуваат овдека сте на диети за слабеење и се дефинирате. Има некоја посебна причина зошто го правите тоа баш периодов или само јас сум изрод на форумов што после септември сум на маса :icon_lol:
Јас го промашив летово, правев пауза 3-4 месеца од теретана и се замастив ко бајаги и сега сакам да дојдам прво до рамен стомак па ќе почнам постепено да вртам на маса да темпирам форма за наредно лето здравје :icon_lol: .

2 јајца и стек се 600 калории ама не се 100% протеин
1 грам протеин = 4 калории, рекалкулирај
на 1500 калории искача 131 грам протеин (моеш до 150 да идеш без проблем според мене) - ти внесуваш рече 115
Ахм, значи уште најмалце 16г протеини да додадам (3-4 белки)
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
А да ве прашам како се снабдувате со протеини? Ги купувате оние лупките од по 3кг и од така внесувате или преку исхраната. И на пример колку белки од јајца би дошле 150 г. протеини
 
S

Stef Bachatero

Гостин
А да ве прашам како се снабдувате со протеини? Ги купувате оние лупките од по 3кг и од така внесувате или преку исхраната. И на пример колку белки од јајца би дошле 150 г. протеини
1500 грама белки 150 грама протеин.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Тоа да ама за маса. Испаѓа да вметнам уште еден саглам оброк што ќе ми го надмине калорискиот внес
Е ако де, кога си на дефиниција повеќе протеини треба отколку кога си на маса.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
А да ве прашам како се снабдувате со протеини? Ги купувате оние лупките од по 3кг и од така внесувате или преку исхраната. И на пример колку белки од јајца би дошле 150 г. протеини
Пилешко имаш другар најдобар извор на протеин 30% со малку масти ако го вариш,урда со 10-20% протеин,млеко со 3.2 % но кога ќе го испиеш литар дава 32 грама протеин.Единствено нешто кога пијам протеин од сурутка е доза после тренинг со некој брз јаглехидрат.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/09/01/протеински-барови-35-гр-протеин-по-серви/
Ако сакаш барови а се прават брзо.Пробај го рецептов.
Ако те интересира за протеините прочитај ова.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/07/27/се-за-протеините/
Исто и за временски внес.
http://wp.me/p2BVga-2W
Зашто е важно 6 оброци,оброк пред и после,што сакаш има објаснето.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.608
Поени од реакции
6.394
Кој е најдобар протеин за почетници? Или нема врска ако е почетник па може да зема било каков добар протеин?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Кој е најдобар протеин за почетници? Или нема врска ако е почетник па може да зема било каков добар протеин?
Почни со комплексен.
--- надополнето: 24 септември 2012 во 21:39 ---
Toa ти е кило ипол јајца :ROFLMAO:
многу е. Значи протеини од канта најисплатливо а? :)
Нема шанси никогаш протеин од канта да е поисплатилив од храна зошто и самиот тој се прави од храна. Пример 900 грама протеини во урда ќе те фати 600 денари, од стек 700 денари, од млеко 1000денари и тн, а од канта е минимум 1500 денари.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Пилешко имаш другар најдобар извор на протеин 30% со малку масти ако го вариш,урда со 10-20% протеин,млеко со 3.2 % но кога ќе го испиеш литар дава 32 грама протеин.Единствено нешто кога пијам протеин од сурутка е доза после тренинг со некој брз јаглехидрат.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/09/01/протеински-барови-35-гр-протеин-по-серви/
Ако сакаш барови а се прават брзо.Пробај го рецептов.
Ако те интересира за протеините прочитај ова.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/07/27/се-за-протеините/
Исто и за временски внес.
http://wp.me/p2BVga-2W
Зашто е важно 6 оброци,оброк пред и после,што сакаш има објаснето.
еден офтопик совет за блогот твој
после секој интерпукциски знак се остава празно место “спејс“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom