Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Саламурен оставен во сол повеќе денови при крај на рокот на траење.Обичен стек е смрзнат и трае повеќе.
ама на крај добиваш иста количина месо т.е. протеини единствената разлика е дека свежиот е тазе ?
 
ама на крај добиваш иста количина месо т.е. протеини единствената разлика е дека свежиот е тазе ?
Не баш. Свеж има повеќе протеини на грам, бидејки грамажата на саламурениот се состои и од вода многу.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 21:10 ---
Грешка си.
 
да прашам некој дали знае нешто поточно да ми каже за течната сурутка што се продава по хипермаркетите?? знам дека е здрава и планирав да земам, но кога видов некако многу малце % протеин има на 1 литро?? да не кажам ич., ..
 
Ај да ја напишам мојата исхрана и да ми дадете совет ако грешам некаде.
1.
Прв оброк:
Пола литро јогурт со некоја кифла(сирењак, кашкавалка, некогаш бурек)
Втор оброк:(пред тренинг)
Шпагети со сирење
Трет оброк(после тренинг )
Туна риба и салата домати или краставици
четврт оброк. (пред спиење)
Сирење и маслинки

2. прв оброк: Сендвич со пилешки батак (скара)
втор оброк:(пред тренинг) млеко со бисквитиж
трет оброк(по тренинг):5 јајца и салата
четврт оброк:(пред спиење) 100гр туна

3. прв оброк 180 гр туна
втор оброк (пред тренинг) шпагети со сирење
трет оброк (по тренинг) чоколадно млеко или сендвич со пилешко
4 оброк (пред спиење)2 банани

Најчесто е вака, но понекогаш правам некои измени.

На ова додадете и разно овошје (банани, јаболки, сливи..) особено во вториот дел од денот.

Не сум нешто многу задоволен од развитокот на своето тело(освен од рамињата и трапезот), мислам дека треба да качам уште маса а и стомакот ми расте, не многу но сепак се приметува по малце.

Да не грешам некаде со исхраната ?
 
Ај да ја напишам мојата исхрана и да ми дадете совет ако грешам некаде.
1.
....
За маса ти е?

Оброциве не ти се избалансирани, гледај сооднос протеини со јх да ти е 1:2 и јади комплексни јх
 
3. прв оброк 180 гр туна
втор оброк (пред тренинг) шпагети со сирење
трет оброк (по тренинг) чоколадно млеко или сендвич со пилешко
4 оброк (пред спиење)2 банани

Веројатно се шалиш. Сигурно не јадеш само туна за 1 оброк. Поверојатно е дека јадеш пример
- 112гр туна со 58гр масло + 75гр леб од житарици + домат

Така треба да ги водиш оброците. Друга ствар треба да знаеш колку калории ти се за одржување. Трета работа 2 банани пред спиење ти е тотален кикс. Објасни ми зошто би јадел банани пред спиење? Четврто чоколадно млеко е пре слаб оброк за после тренинг.
 
Епа добро еве туна во масло 185 грама вкупно, со бел леб 2 парчиња и 1 домат.
За млекото овде прочитав од некој дека имало доволно јаглехидрати и протеини во 1 литар за после тренинг.
А бананите ретко ги јадам, обично пред спиење јадам јајца, туна или сирење и маслинки, па ако немам ништо од оваа, имам јадено на неколку пати банани.
 
Млекото доминантно има казеин кој бавно се вари. Исто после тренинг кога уште не ти е смирен организмот не би пиел млеко особено не 1 литар зошто ќе ти биде тешко на стомакот поради многу лактоза во него. Подобро туната јади ја по тренинг. Јајца, сирење, урда сите ти се добри избори за пред спиење, бананите имаат само шеќери и пред спиење е небулозно да ги јадеш само ќе ги стрпа организмот како сало, Префрли го јадењето банани по тренинг за да ги замениш истрошените ЈХ, Б-витамините кои ги имаат да потикнат синтеза на протеини, магнеиумот и калиумот да го поправат електролитниот дизбаланс. Ако сакаш чиста маса да градиш редуцирај ги ЈХ после 6 сат навечер, а најдобро последниот оброк пред спиење да не јадеш чист извор на ЈХ.
 
Прегледај го приврзокот 49357
Еве ти добар оброк после тренинг :)
100 грама пилешко
200 грама леб
малку кромид и патлиџан и тоа ти е.
Немаш ни 100гр леб на сликата :)

Мојот главен оброк
248432_4602192343991_1718060565_n.jpg

~150гр пилешко - 200калории
50гр леб интегрален - 140 калории
2 пиперки

добар оброк за тие што се на чистење
 
1.Оброк
- 40г. Овесни снегулки 5.4 п 23.5 јх 2.8 м 140 кк 3.12 д
- 10г. Ленено семе 2.0 п 4.0 јх 4.1 м 59 кк 2.00 д
- 200г. Јогурт 6.6 п 9.0 јх 2.0 м 80 кк 8.80 д
- 4 цели јајца 25.6 п 14.0 јх 22.0 м 320 кк 32.00 д
Вкупно: 39.6 п 50.5 јх 30.9 м 599 кк 45.92 д

2.Оброк
- 200гр. компири 4.0 п 42.0 јх 0.4 м 192 кк 6.00 д
- 200гр. пилешки џигер 40.0 п 6.0 јх 8.0 м 260 кк 30.00 д

Вкупно: 44.0 п 48.0 јх 8.4 м 452 кк 36.00 д

3.Оброк
- доза Whay протеин 25.0 п 5.0 јх 2.0 м 140 кк 63.50 д
- 50 г. суво грозје 1.4 п 35.0 јх 1.5 м 130 кк 8.50 д

Вкупно: 26.4 п 40.0 јх 3.5 м 270 кк 72.00д

4.Оброк
- конзерва сардина 20.0 п 0.0 јх 6.0 м 145 кк 29.00 д
- 100г ржан леб 7.5 п 52.0 јх 0.3 м 246 кк 6.25 д

Вкупно: 27.5 п 52.0 јх 6.3 м 391 кк 35.25д

5.Оброк
- 200г. урда 28.4 п 5.2 јх 18.0 м 306 кк 26.00 д

Вкупно: 28.4 п 5.2 јх 18.0 м 306 кк 26.00 д

Протеини Јаглехидрати Масти Калории Цена
...165.9............195.7 .........67.1 ...2018 ...215.2

Мислење за исхраната !
Висина 180
Тежина 88
вежбам 5 пати неделно тежински тренинг и мин. 3 пати кардио.
Цел : да се симнат преостанатите масни наслаги и ако може да се стави некое мускулче
последниве 3 месеци симнати се 9 кг
 
Млекото доминантно има казеин кој бавно се вари. Исто после тренинг кога уште не ти е смирен организмот не би пиел млеко особено не 1 литар зошто ќе ти биде тешко на стомакот поради многу лактоза во него. Подобро туната јади ја по тренинг. Јајца, сирење, урда сите ти се добри избори за пред спиење, бананите имаат само шеќери и пред спиење е небулозно да ги јадеш само ќе ги стрпа организмот како сало, Префрли го јадењето банани по тренинг за да ги замениш истрошените ЈХ, Б-витамините кои ги имаат да потикнат синтеза на протеини, магнеиумот и калиумот да го поправат електролитниот дизбаланс. Ако сакаш чиста маса да градиш редуцирај ги ЈХ после 6 сат навечер, а најдобро последниот оброк пред спиење да не јадеш чист извор на ЈХ.

Значи млеко НЕ пред и после тренинг и пред спиење, значи може да го јадам на сабајле. За пред тренинг што ми препорачуваш ? :)
--- надополнето: 20 септември 2012 во 20:56 ---
Немаш ни 100гр леб на сликата :)

Мојот главен оброк
248432_4602192343991_1718060565_n.jpg

~150гр пилешко - 200калории
50гр леб интегрален - 140 калории
2 пиперки

добар оброк за тие што се на чистење

Пиперката ја јадеш жива?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom