Oва е генералска изјава на предупредување и не треба да и се даваат посебни значења, Инаку специјална војна против Иран се води перманенто. Иран има 10% од светските резерви на нафта и има стратешка важност кон Русија и Кина,
Но немојте да превидите дека со Иран ( Персија ) војувал Александар и Помпеј, се работи за традиционално моќна држава. Дури и кога во 627 година Иралие ја победил кај Нинива и со тоа победоносно ги завршил вековните Римско - персиски војни, таа многу брзо повторно се воздигнала.
Моќните држави не демонстрираат моќ со секојдневни закани од типот "Ќе го избришеме Израел од мапата", туку ја демонстрираат својата моќ преку дипломатски и економски потези.
Персиската Империја го нарекувала Александар Трети Македонски "мало детенце" кое треба да се врати назад "на доилката на неговата мајка Олимпија", а не да ја ограбува Азија со својата "банда крадци".
Но на крајот токму персискиот император Дариј Трети го молел "малото детенце" да има милост кон неговата сопруга и кон неговите деца откако ги заробил, а на крајот самиот император Дариј Трети завршил неславно, бил убиен од неговите поданици, на кои им станало јасно дека војната со Македонското Кралство е изгубена.
Денешен Иран покажува заби токму затоа што поседува 10% од светските резерви на нафта, наместо да си тера бизнис како што тоа го прават арапите кои на дебело си ги наполнија џебовите и си изградија секакви палати на Арабискиот Полуостров, сака да ги искористи своите резерви на нафта за да пропагира радикален ислам низ светот, а можеби и војна за истите тие цели.
Русија ако застане на страната на Иран, тоа ќе биде однапред изгубена војна, бидејќи Русите, колку и да ја мразат Америка, сепак никогаш не би прифатиле нивни војници да гинат за интересите на радикалниот ислам, кога токму радикалните исламисти секојдневно вршат терористички напади во Чеченија, во Дагестан и во ред други области во јужна Русија.
Кина ако застане на страната на Иран, ќе мора да се збогува од својот индустриски и економски раст, бидејќи некои, не сите, но некои од американските инвеститори, ќе го повлечат својот капитал од Кина исплашени дека можеби Кина ќе им го одземе истиот тој капитал доколку Иран извојува победа против Израел, верниот сојузник на САД.
Убаво е тоа што Персијците, или Иранчаните, сеедно, брзо закрепнуваат од раните предизвикани од воените порази, но поентата не е во тоа дали брзо би закрепнале откако би изгубиле војна со Израел или не, туку дали нивната борба би имала некаква смисла и некаква логика, а во случајот со радикалниот ислам, таквата борба ниту има смисла, ниту има било каква логика.
А и згора на се, видено е пред 71 година колку биле силни Иранчаните за да се спротивстават на инвазија од страна на Советскиот Сојуз и Велика Британија од 25 август 1941 до 17 септември 1941, за помалку од месец дена се предале, а 2 години подоцна, во Техеран е одржана Техеранската Конференција на Сојузниците од 28 ноември 1943 до 1 декември 1943.
Денес ситуацијата би била поинаква, наместо Советскиот Сојуз, односно Русија, и Велика Британија, инвазијата против Иран би ја воделе Израел и САД, а исходот несомнено би бил ист како тој од 1941 година.