Иран: Кога - тогаш ќе има војна (со Израел)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Za prv pat se oglasija Iranski oficijalni lica so tvrdenje deka ako Iran se posomneva deka ke bide napadnat, ke izvrsi preventiven napad vrz Izrael.

Glavniot komandant na Revolucionernata garda, general Muhamed Ali Dzafari, izjavi deka koga-togas ke dojde do vojna so Izrael, no ne se znae tocno koga i kade ke se zapocne.

Iran povtoruva deka sekoj napad ke se smeta deka e so blagoslov na SAD, shodno Itan ke vozvrati so napadi na Amerikanskite bazi vo Bahrein, Katar i Avganistan.

.
 
Море ако решат америте и израелците да напраат "блиц криг" врз Иран верувај дека нема многу долго да трае војната.....оти нив им одговара да ги срамнат со земја...немаат пред кого да полагаат одговорност за цивили и сл....ко што фино лепо светската јавност си го преќуте Ирак,Авганистан,Либија и итн.
 
Oва е генералска изјава на предупредување и не треба да и се даваат посебни значења, Инаку специјална војна против Иран се води перманенто. Иран има 10% од светските резерви на нафта и има стратешка важност кон Русија и Кина,
Но немојте да превидите дека со Иран ( Персија ) војувал Александар и Помпеј, се работи за традиционално моќна држава. Дури и кога во 627 година Иралие ја победил кај Нинива и со тоа победоносно ги завршил вековните Римско - персиски војни, таа многу брзо повторно се воздигнала.
 
А Иран милслиш така лесно ќе се откаже и предаде. :facepalm:
 
Oва е генералска изјава на предупредување и не треба да и се даваат посебни значења, Инаку специјална војна против Иран се води перманенто. Иран има 10% од светските резерви на нафта и има стратешка важност кон Русија и Кина,
Но немојте да превидите дека со Иран ( Персија ) војувал Александар и Помпеј, се работи за традиционално моќна држава. Дури и кога во 627 година Иралие ја победил кај Нинива и со тоа победоносно ги завршил вековните Римско - персиски војни, таа многу брзо повторно се воздигнала.

Моќните држави не демонстрираат моќ со секојдневни закани од типот "Ќе го избришеме Израел од мапата", туку ја демонстрираат својата моќ преку дипломатски и економски потези.

Персиската Империја го нарекувала Александар Трети Македонски "мало детенце" кое треба да се врати назад "на доилката на неговата мајка Олимпија", а не да ја ограбува Азија со својата "банда крадци".

Но на крајот токму персискиот император Дариј Трети го молел "малото детенце" да има милост кон неговата сопруга и кон неговите деца откако ги заробил, а на крајот самиот император Дариј Трети завршил неславно, бил убиен од неговите поданици, на кои им станало јасно дека војната со Македонското Кралство е изгубена.

Денешен Иран покажува заби токму затоа што поседува 10% од светските резерви на нафта, наместо да си тера бизнис како што тоа го прават арапите кои на дебело си ги наполнија џебовите и си изградија секакви палати на Арабискиот Полуостров, сака да ги искористи своите резерви на нафта за да пропагира радикален ислам низ светот, а можеби и војна за истите тие цели.

Русија ако застане на страната на Иран, тоа ќе биде однапред изгубена војна, бидејќи Русите, колку и да ја мразат Америка, сепак никогаш не би прифатиле нивни војници да гинат за интересите на радикалниот ислам, кога токму радикалните исламисти секојдневно вршат терористички напади во Чеченија, во Дагестан и во ред други области во јужна Русија.

Кина ако застане на страната на Иран, ќе мора да се збогува од својот индустриски и економски раст, бидејќи некои, не сите, но некои од американските инвеститори, ќе го повлечат својот капитал од Кина исплашени дека можеби Кина ќе им го одземе истиот тој капитал доколку Иран извојува победа против Израел, верниот сојузник на САД.

Убаво е тоа што Персијците, или Иранчаните, сеедно, брзо закрепнуваат од раните предизвикани од воените порази, но поентата не е во тоа дали брзо би закрепнале откако би изгубиле војна со Израел или не, туку дали нивната борба би имала некаква смисла и некаква логика, а во случајот со радикалниот ислам, таквата борба ниту има смисла, ниту има било каква логика.

А и згора на се, видено е пред 71 година колку биле силни Иранчаните за да се спротивстават на инвазија од страна на Советскиот Сојуз и Велика Британија од 25 август 1941 до 17 септември 1941, за помалку од месец дена се предале, а 2 години подоцна, во Техеран е одржана Техеранската Конференција на Сојузниците од 28 ноември 1943 до 1 декември 1943.

Денес ситуацијата би била поинаква, наместо Советскиот Сојуз, односно Русија, и Велика Британија, инвазијата против Иран би ја воделе Израел и САД, а исходот несомнено би бил ист како тој од 1941 година.
 
Па добро неможе Католичка држава да опстане околу неа сите да се муслимански држави некако се изборија за правата после втора светска војна али сега пак ли америте ќе им го решаваат и ова?
 
Е па, како за почеток, Израел е држава со мнозинско Еврејско, односно јудеистичко население кое сочинува над 75% од целокупното население, муслиманите сочинуваат нешто над 16% од целокупното население, додека христијаните сочинуваат нешто над 2% од целокупното население во Израел.

А токму Евреите страдале најмногу во Втората Светска Војна и свесни како светот молчел и не превземал ништо за да ги спаси од ужасите во нацистичките концентрациони логори, како на пример папата во Ватикан кој бил информиран за Холокаустот, но одлучил да молчи и да не превзема ништо бидејќи ги сметал Советскиот Сојуз и социјализмот за поголеми опасности за човештвото од Нацистичка Германија и нацизмот, така да, Евреите имаат причина зошто да се борат до последен човек, особено кога се соочуваат со непријател кој не бара да се преселат или да отстапат свои територии или да исплатат некакво обештетување, туку наједноставно, отворено и јавно се залага за нивно истребување од лицето на Земјата, поради што Евреите се свесни дека борбата против таков непријател не би била само за слобода или смрт, туку и за живот или смрт.

Самиот факт дека американските Евреи со две раце го заокружуваат гласачкото бројче на Барак Хусеин Обама, е повеќе од доволно за да Евреите во Израел не очекуваат никаква помош и поддршка од САД, барем додека претседател на таа држава е радикален левичар кој се поклонува пред кралот на Саудиска Арабија како вазал и му го бакнува прстенот, во мај 2011 спомна дека Израел треба да се врати во своите стари граници од пред 1967 година, а нема време во септември 2012 за да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, бидејќи е презафатен со плукање по сите кои ја критикуваат неговата работа, особено е презафатен со плукање по сите кои ја критикуваат неговата надворешна политика кон арапските држави, која резултираше со фијаско и со убиствата на американски амбасадор и на тројца дипломати во Либија.
 
Му го бакнува прстенот за да не ги дигнат у ваздух да ги истребат како Хитлер евреите.Треба да им помогне али не во мера со војна или слично.
 
Додека Барак Хусеин Обама е претседател на САД, Израел може само да сонува воена помош од САД во случај на војна против Иран, иако за волја на вистината, некои американски експерти шпекулираат дека во случај рејтингот сериозно да му се намали, што не се случило изминативе 2 месеца, Обама можеби би го нападнал Иран непосредно пред претстојните редовни претседателски избори во САД кои треба да се одржат на 6 ноември 2012.

Не знам кој од кого треба да се плаши поради евентуално истребување, арапите се докажано едни од најслабите војници во целиот свет, а Израел се додека постои и се додека не отстапува од своите национални интереси, нема зошто и од кого да се плаши.
 
А шо бидна со војната Турција-Израел или се спрема арсеналот?
 
Која војна Турција-Израел ?

Ти сериозно имаш некои проблеми со информираноста, прво велиш дека Израел е католичка држава, а сега прашуваш за војна помеѓу Турција и Израел.

Израел заплени турски бродови кои превезуваа хуманитарна помош за палестинците во Газа, но подоцна ги ослободи истите и им дозволи да се вратат во Турција, а тоа се случи поодамна и не е баш сериозна причина за војна помеѓу Турција и Израел.

Единствен начин на кој Турција би можела директно да го нападне Израел би било преку поморски напад, а Израел би бил подготвен за нешто такво бидејќи секојдневно е под ракетни напади од Газа, така да, израелската воена авијација е подготвена за било какви напади, без разлика дали истите доаѓаат од земја, од вода или од воздух.

Друг начин на кој Турција би го нападнала Израел би бил преку Сирија и Либан, а додека да турската војска стигне до границите на Израел, Израел веќе би бил подготвен за копнена војна со Турција.
 
Пријателов велеше дека ќе има војна Турција-Израел во 2013 и затоа прашав што има лошо ако прашам не пратам вака како тебе затоа те прашав културно ;)

Или смени си го изворот на информации, односно на дезинформации, или престани да ми поставуваш на мене прашања на оваа тема.

Таско Хефтов не е никаков извор на информации, тој е пропагандистичка будала чијашто мисија отсекогаш била дезинформирањето, сега ми е јасно зошто ти си дезинформиран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom