Препорака за нов автомобил до 9000€

  • Креатор на темата Креатор на темата miki002
  • Време на започнување Време на започнување
Како што кажува насловот, поради недоволно следење на новостите во авто индустријата (срамота во таа индустрија работам...), не сум запознаен доволно со новите модели на автомобили од најефтината понуда во салоните низ Македонија. Занимливи ми се моментално неколку понуди, Chevrolet Aveo (од лагер) за 8000 €, Mitsubishi Colt (стариот веројатно, исто од лагер) 8000€ и можеби Fiat Linea исто од лагер за 8400 €.
Што би препорачале, не мора да е од овие модели, може се друго, освен Opel, мразам Opel. Би салак само да има 5 врати и клима уред, за бензинец или дизел, сеедно ми е.
Мицубиши Колт ти е најдобра опција, ти троши 6 - 6,5 на градска и 5 - 5,5 на автопат. Плус фул опрема, плус годишните сервиси ти се 1000 - 2000 денари. Промотивна цена им е по повод на некаква годишнина на Мицубиши и сакаат поконкурентни да станат во Европа, а во Македонија имаат огромен попуст во сооднос со другите земји од Европа. Во Србија да речеме мислам дека е поскап Колтот.
 

Ќе го земам првиот пример. (то дека воланот е дефектен нема да рачунам)
7000 евра е + давачките има убо да накрениш цена.
 
Го имаш постариот модел на Јарис за 9300 евра со солидна опрема, гарантирам дека во кеш ќе ти го дадат за 9000 евра.
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/819976?searchID=7097217&Idx=7

Некој ја спомна исто така 207ката за 9690 евра што е одлична понуда.

http://www.peugeot.com.mk/index.php/izberi_Peugeot/specijalna_ponuda

Исто така ако би ти одговарало такво возило, патничките модели Бипер и Партнер ти се за 8000 евра нови возила.
Уште 600 евра за плински уред и ќе имаш навистина солидно семејно возило до 9000 евра.
Што и да земиш нека биде ново под гаранција, за да бидеш рајат наредните 4-5 години кога веќе даваш 9000 евра за автомобил.
 
За 9000 евра можеш да го купиш ова BMW
88dd2fcf38534e27ad5092d9888e8d21.jpg


Од 2001 година што е 11 години старо. Според мене фрлени пари.
Добра работа би направил за 9000 евра да купи 3-4 години возен фокус, мазда 3, астра и слично. Предноста е што за 3-4 години ќе ја продаде со 1000 евра загуба
Какви 9000 евра бе бембурава..Хаха..За 2500 евра со фул опрема..
 
И новата кола сака менејне ујле, зимски гуми, филтери, и други консумативи. И ако сакаш да не ти ја одбијат гаранцијата требе да ги менеш у официјален сервис по официјални цени. Тија нешта не са вклучени у гаранцијата (гаранцијата не е целосна, некои работи уопште не се покриват со неа (на пример пумпите (бензин, вода), термостати и оште еден куп ситни тракатанци шо вредат пари).

Додуша човеко тера кола од ниските класи, тава донекаде можно е да е евтино за поддршка.
Стара кола си ги сака истите работи, плус тук там оште некој дел озгоре. Ама па може да си земеш кола од повисока класа...

А за погорните постове за бмв и други премиум марки, требе да си имаш стабилни пари за да ја одржуваш (лично искуство).
 
Батка дај не се заебавај и ти сега .............. поклон/бадијала да ми даваат возила од типот на Шевролет Авео, Мицубиши Колт, Фиат Линеа, Пунто и сл. па не би ги земал .......... ако овие автомобили се некаква класа на возила јас глава сечам ............ за 9000 евричиња можеш да си земеш авион кола половна секако ама од 2-3 класи погоре ..... б.т.в. незнам како размислуваш ти, но според мене подобро е да возам мерцедес, ауди, бмв... макар старо десетина години, отколку нови возила од најниска класа како Авеото, Колтот, Линеата, Пунтото и.т.н. ова е само мое лично размислување инаку секако ти си знаеш најдобро сепак твој е изборот !
9000 евра не се баш малку пари за наш стандард за да ги фрлиш за некоја нова салонска конзерва од најниска класа .............. им се смеам на луѓево што фрлаат пари за нови возила од типот на Матиз, Авео, Колт, Пунто, Линеа, Ибица, Логан, Сандеро и.т.н. толку пари за возила кои се испод секоја класа и некој ќе каже ново си е ново ......... абе ново си е ново да ама сепак е надвор од класа, подобро половно/користено возило ама од повисока класа, а за тие 9000 евра разгледај по автопазариве имаш авион коли !
 
Фали да и работи веб страната да ја погледнам понудата....

Немој да земаш Мазда, во Македонија официјалното претставништо е затворено пред некој месец, ќе мора да го сервисираш по Бугарии, Грции,...

Ако решиш да земаш на старо, еден предлог од мене.
 
Најхубаво ти препорачувам Застава 750 со фул опрема ем е многу ефтина ем многу мала ем малку троши ем има убав изглед и ти гарантирам дека кога ке минеш низ град сите пички ке се свртат и ќе те гледаат (y)
 
Не знам зошто сте се запнале за нова кола кога за 5000 евра може да земеш некоја екстра и да и направиш комплетен сервис се што треба да смениш нови гуми итн, отколку стар модел од типот на Пунто,Пежо 207, Пиканто,Матиз.. итн
Некогаш и од фабрика не се погодуваат и на тие треба одржување како на половните.
Јас земав голф 4 увезен 2800 евра ме фати со документи и плус дадов за преглед, некои нови делови, нови гуми околу 5000 евра и ете ми се погоди, а на комшијата што го купи нов гледам често го носи на поправка не знае да го одржува и нон стоп дава пари за делови.
Ако веќе се продомислиш за половен гледај да купиш од некој што знаеш како и колку ја возел.
Добар форд али со 2 врати исто и голфот. Како бре така од фабрика купувате со 2 врати :place:
 
Луге човекот сака помош а не да тресете зелени.Собрал 9000евра и сака да земе кола па ви бара ваше мислење. Што мислите дека он незнае дека има мерцедес или бемве за тие пари.Скапо е одрзувањето за тие коли човек со средна плата неможе да ги одржава овие.:D
Друзе ако земаш кола според мене најдобри во моментот ти се.Ford Fiesta,Chevrolet Aveo i Hyundai i10.
 
Значи не ми се верува кои ботови сте, насловот на темата е “Препорака за нов автомобил за 9000 евра“, а они се утепаа од пишување да земе старо возило. Ако не знаета да препорачајте ново, што пишувате на темва, за стари возила има многу теми на форумот.

И сте се напнале со тоа БМВ, го отековте. Нека земе БМВ, ќе се изнавози до бензиска и назад секоја недела, на овој скап бензин и одржавки.

А и стара кола у која што не знам кој се ебел, не фала.

Иначе на темата, Фиеста е добар избор, мада не знам што опрема би имала за 9000 евра, наредната година излегува нова, т.е подновена верзија на Фиестата па можеби има шанси да се начека добар попуст сега, особено за Нова година и празниците кога и стандардно се најголемите попусти и акции
 
Значи не ми се верува кои ботови сте, насловот на темата е “Препорака за нов автомобил за 9000 евра“, а они се утепаа од пишување да земе старо возило. Ако не знаета да препорачајте ново, што пишувате на темва, за стари возила има многу теми на форумот.

И сте се напнале со тоа БМВ, го отековте. Нека земе БМВ, ќе се изнавози до бензиска и назад секоја недела, на овој скап бензин и одржавки.
Пола се копиљаци немаат ни 18годин па ке ти солат памет за кола.
 
Не лу
Golf 5 eventualno Golf 6, Polo na staro ili Pasat 2.0
не лупај жити се... :facepalm:

Епа вака, според мене за тие пари најдобра е Фиестата, сега е освежена и е со уште подобар моден дизајн. Но да ти кажам нешто, ако веќе имаш 9 илјадарки за да си купиш кола, немој да купиш НОВА (од салон) За тие пари можеш да си купиш ГРОМ кола од 2005-2006 (зависи од модел, марка) Тоа е мое мислење, ти како сакаш. Ако си за кола со увоз пиши порака ќе разговараме. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom