Z
zmej gorjanin
Гостин
Мицубиши Колт ти е најдобра опција, ти троши 6 - 6,5 на градска и 5 - 5,5 на автопат. Плус фул опрема, плус годишните сервиси ти се 1000 - 2000 денари. Промотивна цена им е по повод на некаква годишнина на Мицубиши и сакаат поконкурентни да станат во Европа, а во Македонија имаат огромен попуст во сооднос со другите земји од Европа. Во Србија да речеме мислам дека е поскап Колтот.Како што кажува насловот, поради недоволно следење на новостите во авто индустријата (срамота во таа индустрија работам...), не сум запознаен доволно со новите модели на автомобили од најефтината понуда во салоните низ Македонија. Занимливи ми се моментално неколку понуди, Chevrolet Aveo (од лагер) за 8000 €, Mitsubishi Colt (стариот веројатно, исто од лагер) 8000€ и можеби Fiat Linea исто од лагер за 8400 €.
Што би препорачале, не мора да е од овие модели, може се друго, освен Opel, мразам Opel. Би салак само да има 5 врати и клима уред, за бензинец или дизел, сеедно ми е.


