Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Доктуре Зигмунде!!!Ги гледам сликиве погоре, и не знам зошто, али ми се чини ко да ја гледам Будимпешта кога почнувала да се гради во период од 16 до 18 век, ...
Мислам дека покрај се друго, во целиов овој проект Скопје 2014, ко да има има една голема носталгија, но не од оние луѓе што ги нарекуваат „комуњарите“ - демек биле југо-носталгичари, го сакале Тито па сега заради тоа и се бунтуваат против „Скопје 2014“, туку сосема спротивното...
Се чини дека „Проектов“ е инфантилен израз на комплекс на ниска вредност, па оттука практично и е е израз на имагинарна неостварена потсвесна желба од „детството“ - во смисла кога сме биле „млади како држава“. Додека цела Европа била у барок, ние сме биле под турско. Па така, нашето детство, од 1945 година до 1990, имало сосема поинаков, модерен, уметнички и архитентонски раст.
Оттука, ваквото инфантилно навраќање, не е продукт на потреба, туку продукт на нервоза и комплекс кој е создаден од 1990 година до денес, и тоа комплекс по заборавената меморија за што навистина се случувало и зошто во периодот пред 1945 (пред илинден, илинден и пост-илинденски период) ; /Впрочем тоа наликува на моментот кога човекот си го поставува прашањето - „Дали јас можам да се сетам што сум правел и каков сум бил како бебе?“/. Од тие причини се лута со архитектонскиот стил, како прво ако е избра Барокниот (Нео-класичен) стил, тогаш, нели следствено треба да се изберат и уникатни елементи, домицилни, па всушност со тоа испаѓа дека се обкелува „Македонија- како држава“, т.е. се облекува персонификацијата за „Мајката“, додека, изборот и лутањето кој „херој“ да се стави на восочна или брознена фигура, е сосема природен - да се избере таткото - т.е. оној што ги зачнува хероите, за мајката да може да ги роди. Токму таквите „татковци“ овде добиваат „божествена“ аконотација, нешто слично како паралелата меѓу Ѕевс, како татко - Врховен бог, кој е татко на сите херои во старо-елинската митологија, додека мајката може да биде и различна (божица, нимфа или смртник); во овој случај ќај нас мајката е „идеалот“ - кој исто така добива „божествена“ конотација. Поради тоа, со чувство на срам од препознавање и адаптирање, се избираат теми што се туѓи, но со лична конотација, за да се вклопи во друштвото и идентификува со него. Овде не е толкав проблемот на себеидентификација, ами на идентификација и вклопување со околината. Оттука и комплексот на ниска вредност. (простачки речено тоа би дошло како - „Не сум бил вреден и дотоен за претходно да бидам со вас, но сега еве ќе направам да бидам!“)
Резултат на сево ова е токму, како што реков, инфантилно изразување на комплексот на ниска вредност, но кое што свесно предизвикува нервоза по поимањето и претставувањето на чувството за идентитет пред себе и пред очите на другите. Тоа е така, затоа што од 1945, историски земено, започнало градењето на младиот идентитет - учењето; кое што како континуитет требало и треба да се продолжи во таа насока (со оглед да веќе е изграден и секое друго мешање предизвикува конфликт). Поради тоа, ефектите на овој „нов проект - Скопје 2014“, опишан како погоре, во суштина е конфликтен, бидејќи психички не соодветсвува со идентитетската матрица која што самите сме решиле и ја градиме, па заради тоа е и повеќе од нервоза. Таа е шизофрена, па поради тоа и се лута со идентитети - типичен пример е апликацијата и реадаптацијата на „Паркот на Жената Борец“ - сега во него доминираат машки скулптури, и тоа од различна идеолошка и идејна матрица, од војводи, до борци од АСНОМ, бранители 2001, па дури и Прометеј со Божицата Ника на 4 коња (типичен пример на мавзолеј - обожување на смртта); а името сеуште е старо - „паркот на Жената Борец“..
Лутеле се или не, но тоа е тоа..
Да беше во постмодерен стил ќе се работеше за потиснување на трауми од минатото и заборавање на историјата.
Да беше во Отомански стил ќе се работеше за садо-мазо фантазии
Да беше во рурален-етно Македонски стил ќе се работеше за нарцисоидност и Едипов комплекс
Да беше во социјал-релаизам ќе се работеше со опсесија со сегашноста и селективна меморија како резултат на мегаломанија и егоманија.
Абе ДОКТУРЕ ЗИГМУНДЕ! СЕКОЈ ЧОВЕК СИ ИМА СВОЈА ДИЈАГНОЗА!! ПА И КВАЗИЛЕКАРИ И НАДРИЛЕКАРИ....(ваљда трауми од незавршен медицински факултет)