Препорака за нов автомобил до 9000€

  • Креатор на темата Креатор на темата miki002
  • Време на започнување Време на започнување
Ако даваш 9000 евра за кола, тогаш СИГУРНО имаш и пари да ја одржуваш!!!
Ако дадеш 9000 евра за стара кола значи дека немаш пари за нова кола,па автоматски ќе немаш ни пари за одржување.
Ако редовниот сервис за тоа авео е 4000 денари за мерцедес е некаде окулу 12 000 до 20 000 денари.
Е сега втор момент е што колите ги носат по нестручни мајстори кој вршат сервис за многу поевтино,ама со тоа за брзо време ќе настане голема хаварија која ќе чини 10 пати повеќе одколку што вредел сервисот :)
Практично како што населението е поделено по слоеви така и колите се делат...затоа земи си нешто од твоја класа :)
 
haahah, novo si i e novo batka...neka ne te lazat.

Најглупата теминологија, во историјата на човештвото. Би земал BMW возено 3-4 години, пред ново Пунто, без око да ми трепне.
 
Најглупата теминологија, во историјата на човештвото. Би земал BMW возено 3-4 години, пред ново Пунто, без око да ми трепне.
Држи вода муабетов ама зависи кај ќе ја поставиш границата. BMW (те. било која кола) - 3-4 години возена е скоро како нова.
Значи примеров не ти е за споредвање оти споредбата треба да оди со стара кола од околу 10 години.

Новата кола си има добра гаранција и не те боли глава ни за мајстори ни ништо за разлика од старата кај шо треба да си спремен за шетање по мајстори. Ама па од друга страна новата од оваа класа има далеку помал рок на траење од БМВ и сл. Пример тука можиш да си клајш дека BМW од то време (потекло Германија) има околу 200к км , а од друга страна рок на траење да речиме на Пунто би бил неспоредливо мизерен во споредба со ова.

Да се вратам на темата. Ако се реши на нова кола од оваа класа нека гледа барем шо е можно подолга гаранција да има. Мислам дека Хјундаи нудат 5 години (мислам дека е рекорд ова) и е добра поволност.
Плус да додам дека вредноста на новата ќе се преполовва со секое отворање на вратата. :D
 
Најглупата теминологија, во историјата на човештвото. Би земал BMW возено 3-4 години, пред ново Пунто, без око да ми трепне.
никогаш нема да најдеш BMW возено само 3-4 години по иста цена за ново пунто

@miki002 моја прва препорака е исклучиво германска кола. ако не сакаш опел (корса на пр.) или не можеш да најдеш некоја за цената што ја наведе тогаш одлична замена е некое јапонско или корејско количе. малку се поскапи за одржување од германските заради малку поскапите делови и далечината од кај што се носат, ама со домаќинско возење нема да имаш потреба од нови делови за долго време, така да...
 
Држи вода муабетов ама зависи кај ќе ја поставиш границата. BMW (те. било која кола) - 3-4 години возена е скоро како нова.
Значи примеров не ти е за споредвање оти споредбата треба да оди со стара кола од околу 10 години.

Како бе другар не е за споредување, кога човекот има 9.000 евра на располагање, бројка со која се купува без проблем BMW/Mercedes или било што од висока класа од страна, екстра сочувана со мала километража, и старо само неколку години.

никогаш нема да најдеш BMW возено само 3-4 години по иста цена за ново пунто

Имаш одговор горе.
 
никогаш нема да најдеш BMW возено само 3-4 години по иста цена за ново пунто

@miki002 моја прва препорака е исклучиво германска кола. ако не сакаш опел (корса на пр.) или не можеш да најдеш некоја за цената што ја наведе тогаш одлична замена е некое јапонско или корејско количе. малку се поскапи за одржување од германските заради малку поскапите делови и далечината од кај што се носат, ама со домаќинско возење нема да имаш потреба од нови делови за долго време, така да...

Хмм, морам,

не капирам зошто не Опел? Како компанија имаат исклучиво високо мислење кај мене. Ако имам тај брејкер меѓу некои модели би го зел Опелот чисто ради задоволство.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:49 ---
Како бе другар не е за споредување, кога човекот има 9.000 евра на располагање, бројка со која се купува без проблем BMW/Mercedes или било што од висока класа од страна, екстра сочувана со мала километража, и старо само неколку години.
.

Напрај математика бе, цена + давачки + сервиси. Глава клавам дека некои 2-3000 ќе ги фрлиш на сервиси во првите 2 години со старата кола. Зато ја спуштам границата за да му ги покријам и овие трошоци со тој буџет.
 
Заборавате на фактот дека на страна колите се носат редовно на контроли/сервис, така да колата што ќе ја купиш најверојатно ќе биде во доста добра состојба, така да муабетот за сервис, не е баш на место, да може да ти се случи ама со оглед на тоа на какви патишта е возена, и од каков народ (култура на возење и одржување) не ми се верува.
 
Како бе другар не е за споредување, кога човекот има 9.000 евра на располагање, бројка со која се купува без проблем BMW/Mercedes или било што од висока класа од страна, екстра сочувана со мала километража, и старо само неколку години.



Имаш одговор горе.
За 9000 евра можеш да го купиш ова BMW
88dd2fcf38534e27ad5092d9888e8d21.jpg


Од 2001 година што е 11 години старо. Според мене фрлени пари.
Добра работа би направил за 9000 евра да купи 3-4 години возен фокус, мазда 3, астра и слично. Предноста е што за 3-4 години ќе ја продаде со 1000 евра загуба
 
Хмм, морам,

не капирам зошто не Опел? Како компанија имаат исклучиво високо мислење кај мене. Ако имам тај брејкер меѓу некои модели би го зел Опелот чисто ради задоволство.
абе и јас имам високо мислење за опел, на времето имав аскона, закон беше :) дури едно време не бев во македонија, моите скроз ја забаталија, не беше запалена 7-8 години. кога се вратив ја продадов, типот што ја гледаше сакаше како старо железо да ја купи, демек нема шанси да работи. од прва запали, после цели 8 години! ама ете, отворачот на темава има некои предрасуди спрема опел, не прашувам зошто
 
Како прво вакви коли тешко можеш да увезеш во Македонија бидејќи воланот е од десна страна.Треба да имаш добри врски или пак да ја преправаш за што не се исплаќа да фрлаш пари.
 
Реков како пример, цените во UK се доста поскапи згора на тоа, значи во другиве земји се наоѓа доста по ефитно, во слична состојба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom