Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Последната серија практикувам да ја правам со 6-8 повторувања со максимална тежина. Значи, за последните 2-3 повторувања го давам максимумот од мене, до последен атом. Е сега, незнам дали е подобро вака, со максимална тежина до отказ или да ја правам со помала тежина до отказ (не повеќе од 15 повторувања)?

А зошто со вода после тренинг, а не со млеко? Има некоја придобивка плус или?
1. нема логика ова што го правиш. Неможе на крај на тренинг да вежбаш со 6-8 повторувања затоа што веќе до тогаш си изморен и нема да ги оптеретиш мускулите како треба. Најдобра причина зошто мускулите би пораснале е зголемената килажа на која ќе бидат изложени. Затоа првата вежба додека си одморен прави ја со максимум што можеш да дигаш на 6-8 повторувања (секако по адекватно загревање)

2. да, придобивка е што побрзо се апсорбира со вода, млекото или било што масно ја забавува апсобцијата.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Поминаа 4 месеци, веќе треба да мењам рутина на вежбање, некој да не има предлог рутина ?
Сегашната ми изгледа вака:
Понеделник: Гради и листови
Вторник: Грб и мртво кревање
Среда одмор
Четврток: Рамо, трапез, стомак
Петок: Чучњеви, квадрицепс, задна ложа
Сабота одмор
Недела: Бицепс, трицепс, подлактица
 
Пробај POF или пак ако имаш болки или некои проблеми со зглобовите 4Х.
 
O

onlya

Гостин
Само со одење во теретана (секој ден) без никакви хемикали, диети, разни глупости и со пазење на исхраната т.е се освен слатко (колачи), леб, газирано и мрсно може ли да се ослабе? :)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Само со одење во теретана (секој ден) без никакви хемикали, диети, разни глупости и со пазење на исхраната т.е се освен слатко (колачи), леб, газирано и мрсно може ли да се ослабе? :)
Тоа не е пазење на исхраната. Но, на кратко кажано - може.
Се додека внесуваш помалку калории одошто трошиш. Тоа значи дека ако тебе ти се потребни 1500 калории на ден за да почнеш да слабееш, едвај ќе можеш да изедеш неколку колачи и да го стигнеш калорискиот лимит, во останатиот дел од денот треба да "гладуваш" за на крај да дојдеме до заклучок дека кога гладуваме, организмот е принуден да ствара резерви, и се што ќе внесеш вишок ќе оди во масно ткиво.
 
Ама ја немам друго фајде за слабеење освен гладување се имам пробано и повеќе се здебелувам па дури и топачи земав еднаш и алергија добив. Туку батали гладувањето ме интересираше само дали може да знам да не се мачам за џабе, а и не барам многу кила да ослабам туку тие што ми се вишок само :D
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ама ја немам друго фајде за слабеење освен гладување се имам пробано и повеќе се здебелувам па дури и топачи земав еднаш и алергија добив. Туку батали гладувањето ме интересираше само дали може да знам да не се мачам за џабе, а и не барам многу кила да ослабам туку тие што ми се вишок само :D
Сите така само то што му е вишок ;). Ај кога веќе не можиш поинаку пробај (избегнувај го лебот, благото, газирано, мрсно) пробај да јадеш поумерено и кога ќе си најгладna пробај да прекинеш со јадење и би требало да имаш напредок. Али така се губи и мускул али ти си знаеш можеби не ти треба мускул :icon_mrgr:.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Само со одење во теретана (секој ден) без никакви хемикали, диети, разни глупости и со пазење на исхраната т.е се освен слатко (колачи), леб, газирано и мрсно може ли да се ослабе? :)
Ако сакаш да ослабеш треба дефицит да направиш.Секој ден во теретана може да ти направи прекумерено лачење на млечна киселина и да се чувстуваш.Не верувам дека со леб и слатки дека ќе успееш да се наситиш затоа што шеќерите од нив креираат зависност и хормонот грелин целовреме ќе ти биде вклучен а нивото на лептин намалено така да гладот ќе го чувстуваш.За разлика од тоа ако ја балансираш исхраната со комплексни јаглехидрати и пилешко,јајца,бела риба,урда и многу зеленчук ќе се чувстуваш посита заради подолгото време што треба да се сварат јаглехидратите со диетални влакна и протеините да се конвертираат во аминокиселини.
Препорачано е да внесуваш ако си активна/активен 30-50% да ти се јаглехидрати,15-30 % протеини и 10-20 % масти од вкупните калории.Направи дефицит од 500 калории и пресметај си колку треба да внесуваш.Ако сакаш да бидеш како Twinkie diet човекот диетата би ти успеала но сепак,бара дисциплина и детерминација.
 
O

onlya

Гостин
Сите така само то што му е вишок ;). Ај кога веќе не можиш поинаку пробај (избегнувај го лебот, благото, газирано, мрсно) пробај да јадеш поумерено и кога ќе си најгладен пробај да прекинеш со јадење и би требало да имаш напредок. Али така се губи и мускул али ти си знаеш можеби не ти треба мускул :icon_mrgr:.
Чекај малку не ми треба мускул женско сум :D и ги избегнувам сите тие работи и пак не можам да ослабам и ништо да не јадам пак ќе се здебелам.

Ако сакаш да ослабеш треба дефицит да направиш.Секој ден во теретана може да ти направи прекумерено лачење на млечна киселина и да се чувстуваш.Не верувам дека со леб и слатки дека ќе успееш да се наситиш затоа што шеќерите од нив креираат зависност и хормонот грелин целовреме ќе ти биде вклучен а нивото на лептин намалено така да гладот ќе го чувстуваш.За разлика од тоа ако ја балансираш исхраната со комплексни јаглехидрати и пилешко,јајца,бела риба,урда и многу зеленчук ќе се чувстуваш посита заради подолгото време што треба да се сварат јаглехидратите со диетални влакна и протеините да се конвертираат во аминокиселини.
Препорачано е да внесуваш ако си активна/активен 30-50% да ти се јаглехидрати,15-30 % протеини и 10-20 % масти од вкупните калории.Направи дефицит од 500 калории и пресметај си колку треба да внесуваш.Ако сакаш да бидеш како Twinkie diet човекот диетата би ти успеала но сепак,бара дисциплина и детерминација.
Изгледа лошо си ме разбрал не викам дека јадам само слатки и леб туку дека не го јадам тоа иначе која фајда ја имам да одам на теретана, а дома да се гојам. Балансирање на исхраната е добро но за тоа ти треба поумерено јадење, а јас јадам еднаш понекогаш два пати во денот, два саати пред да одам во теретана. Затоа прашав дали може само со одење во теретана да се ослабе.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Чекај малку не ми треба мускул женско сум :D и ги избегнувам сите тие работи и пак не можам да ослабам и ништо да не јадам пак ќе се здебелам.

Изгледа лошо си ме разбрал не викам дека јадам само слатки и леб туку дека не го јадам тоа иначе која фајда ја имам да одам на теретана, а дома да се гојам. Балансирање на исхраната е добро но за тоа ти треба поумерено јадење, а јас јадам еднаш понекогаш два пати во денот, два саати пред да одам во теретана. Затоа прашав дали може само со одење во теретана да се ослабе.
Кратки паузи помеѓу сетови до 30 секунди,мала тежина,вежбање цело тело + кардио 30 мин и 5 оброка дневно со 15-30 грама протеин во него и добар си да почнеш да топиш сало.
 
Е ова ми требаше освен оброците фала :) и женско сум :(
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Е ова ми требаше освен оброците фала :) и женско сум :(
http://motivirajse.wordpress.com/2012/09/22/интензивни-вежби-што-можете-да-ги-прав/
Гледај и го нејзиниот канал има добри вежби.Траат кратко али се предизвик и горат калории.Нормално комбинирано со теретана е добитна комбинација.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/09/22/совети-околу-женски-бодибилдинг-и-фит/
Прочитај го ова баш пишав за совети за женски билдинг :)
 
Гледам во текстов ги спомнуваш омега 3.6, која им е цената и кај можат да се најдат да не знаеш случано? Исто така и омега 8 мада ако ги има едниве ќе ги има и другите
за тие што мислат дека го одржуваат телото а прават штета.Тоа е дека прават премногу кардио.Тоа значи 45 мин нагоре секој ден трчање,голем интензитет и кога ќе излезат пред огледало е само полошата верзија од кога почнале а тоа е поради тоа што кардиото освен што топи сало,ако се претера топи и вредни создадени мускули
ова не го знаев, а ја се утепувам со кардио вежбите :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Гледам во текстов ги спомнуваш омега 3.6, која им е цената и кај можат да се најдат да не знаеш случано? Исто така и омега 8 мада ако ги има едниве ќе ги има и другите
Омега 3 можеш да внесуваш преку ленено семе или риба.Доволно за еден ден ти е 1 лажица.Додавај во салати и во било кое јадење додава вкус на јадки.Другите масла ти се маслиново масло.Ако толку се грижиш дека не внесуваш омега 3,доволно се 6 таблети дневно за здравје.За добар баланс на хормоните секогаш препорачувам да бидат мастите од здрав извор и колку што можно посирови.Маслата за мене не се храна иако има бенефит подобар избор ти е да ги конзумираш во сирова форма,кој знае дали маслиновото масло е маслиново или соино.
 
Е да богами сега ништо не прават како што треба. Туку ја мислев ги има само како таблети затоа прашав како и да е фала сепак
 
Kajgana Shop

На врв Bottom