Абе како не можеш да сватиш ?
Татко ти земал кредит,купил кола купил стан купил телевизор, кога татко ти ке умре го наследуваш целиот негов имот и долговите кој што ги има. Ако татко ти има стан кој што ти го препишал тебе одкако го земал кредитот а одкако ке умре нема што да се земе од него ке земат дел од станот кој што ти го препишал додека бил жив, истото ова го направија пред година две само што тогаш имоти препишуваа на браќа братучеди шуревци, им го земаа имотот поради не плаќање на долг им го земаа,ќабе што им префрлиле се на други дури и на комшии.
Во ред мене ова ми е прашањето.
На пример татко ми земал кредит.
Правел што правел и недај боже...
Банката си пробува да го наплати долгот,но она што татко ми го поседува не е доволно.
Јас живеам одвоено и немам ниеден денар добиено од татко ми.(се што имам пример живеалиште ,кола е со мои пари купено)
Јас ништо не сум потпишал дека го превземам долгот во случај на „недај боже“.
Значи фактички банката ми наметнува туѓ долг.
Заборавив да напоменам секако не земам никакво наследство кое во секој случај ако има долг банката со право си го зема(или се откажувам ако ми биде наметнато).
Нели би требало банката да има осигурање пред да го издаде кредитот на кој било?
П.С Не е ваква мојата ситуација и во одлични односи сум со татко ми ,но нелогично ми е да може да се наметнат долгови на мене без мој потпис/согласност
Ако е вистина ваков законот зошто никој ништо не направил за негова промена?
Или што спомна некој член погоре што ако некоја тетка од америка ми остави 300 милиони долг?
Ептен нелогично