За оштетена коса само ножици. А, превентивно, треба многу да се тинтра, масла пред миење јас користам арганово, користете квалитетен шампон, по можност од природно органско потекло и без силикон. Оти сите реклами за шампони што ги има како лореал, нивеа не вредат ништо. Подобро да се вложи во квалитетен шампон кој кошта повеќе и регенератор ако користите, и друго ништо не ви треба спрејови за сјај и сл.Косата за да има убај сјај се мие со млака вода, ладна да не речам, никако жешка. И никако чешлање за време на миење на косата, кога е мокра влакното е најподложно на кинење. Едино не ја фарбам, а фен и пегла за коса користам.