- Член од
- 22 мај 2012
- Мислења
- 65
- Поени од реакции
- 62
Две лица биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје од кои едното починало во текот на вчерашниот ден со дијагноза енцефалитис на возраст од 53 години.
Станува збор за ризичен пациент кој претходно боледувал од дијабетес, хиптертензија и зголемена телесна тежина.
Лицето на Клиниката било хоспитализирано од 11 септември. Второто лице е на возраст од 66 години со дијагноза менингоенцефалитис и во моментов е во добра општа состојба, во фаза на излекување.
Третото лице е дете хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, родено 2005 година, со дијагноза менингитис и тоа е во добра општа состојба и во фаза на излекување.
За ова Институтот за јавно здравство го информирало Министерството за здравство.
Со направените анализи се потврдува присуството на вирусот на западнонилска треска и во Македонија како и во поголемиот дел од соседните земји - Грција, Србија, Хрватска, како и во Романија, Русија, Италија, САД итн.
Минатата година беа докажани четири позитивни случаи на западнонилска треска кои беа успешно излекувани.
Западнонилската треска е заразно заболување кое се пренесува на човек при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања од кои најопасното е менингитис, енцефалитис и полиомиелитис (парализа).
Преземено од http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...zrtva-na-zapadnonilskata-treska-vo-makedonija
Темава ја отварам во Здравје да добиеме објаснување за симптомите на заболувањата а би било пожелно некој да каже кој вид на комарци се преносители , а најверојатно дебатава ќе замине и во теории на заговор.
П.С. Ако некој има познавање нека отвори ваква тема и нека ни даде поопширно објаснување за да ја избришам оваа.