Вчера најдоброто нешто на мечот беше што не примивме гол втор меч по ред и што Флечер се врати на терените. Тоа што не примивме гол е посебно важно бидејќи сезонава игравме со многу различни играчи во одбраната и конечно полека почнуваме да се враќаме на одбраната на Јунајтед што ја знаеме, Видиќ од меч во меч е се подобар ќе си се врати во форма во вистинското време а и Де Геа беше одличен.
Враќањето на Флечер е голем бонус за нас и се надевам на негов настап против Њукасл во Карлинг Куп. Не верувам дека ќе биде вклучен во мечот со Ливерпул бидејќи сеуште не е спремен за такво нешто.
Нани се враќа тоа е исто така многу важно за нас, вчера беше одличен имаше и добри пасови и одлично проигрува со Кагава. Се гледаше во Нани на минатиот меч деконцентрација и фрустрација, на вчерашниот меч тоа беше сведено на минимум. Штета што го утна пеналот тоа ќе беше голем бонус за неговата самодоверба.
Во недела ќе биде многу тешко, во вакви мечеви не се рачуна ништо, се гледа само мотивацијата на фудбалерите и желбата за победа. Не верувам дека Сколс ќе игра што е голем минус за нас, играше и против Виган и сега против Галатасарај, 3 меча за 1 недела би биле премногу за него. Ферги знае да ги мотивира фудбалерите на вакви мечеви и верувам дека добро ќе одиграме на Енфилд.
И јас најверојатно ќе дојдам на заедничко следење во МСМ.
Резервите играат од 20.00 со Бари, еве го тимот.
XI: Johnstone; Vermijl, Wootton, M.Keane, Blackett; Brady, Tunnicliffe, Petrucci, Lingard; King, Macheda.
Subs: Veseli, Gollini, Fornasier, Ekangamene.