Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде да завршат натпреварите па ќе коментираме, јас незнам зашто мислам дека потешко ќе поминеме со Челзи, али отом потом.:)
 
Се надевам дека ќе успеат да се вклопат Џек и Артета, може и да се борат за иста позиција. Ќе му треба малку време на Вилшир да се врати во форма, ама ќе биде квалитетна замена кога ќе дојде снежниот период од сезоната. Ќе мора да се ротира кога играме на четири фронта.
 
Алелуја, само полека без форсирање, Џек да си ја врати формата што ја имаше и на коњ сме....
 
Нема потреба да го форсираат пред Нова Година, околу боксинг деј секоја година сме во хаос, според мене тоа време би требало прв пат да го очекуваме како стартер. За „потенцијалната легенда“ секако дека ќе има место во тимот, Професорот ќе смисли нешто. Ако се прашувам јас до крајот на сезонава ќе го олабавам, по неколку лесни натпревари, и секако ако се нема друг избор. Премногу важен играч за нас е за повторно да го изгубиме.
 
Заради Џек , Венгер не купи ништо на крајот од трансфер периодот ајде полека но сигурно ќе си ја оправда стекнатата доверба !!!
Сеа проблем ни претставува само Волкот ... не сака да стави потпис на нов договор а 100-ка неделно нема да му дадат ,претпоставувам ќе си оди на зима .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom