deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
Снимка на која се гледа како злоставуваат еден затвореник во грузијски затвор, ги шокирала жителите на таа држава.
Спорната снимка го прикажува физичкото злоставување врз затворениците, а еден од нив чуварите го силувале со пендрек. Токму тој дел од снимката предизвикал најжестока реакција во јавноста. Со оглед на тоа дека снимката некако се појавила во јавност, министерот надлежен за затворите во Грузија си поднел оставка.
Преку стотина демонстранти го блокирале сообраќајот во центарот на Тбилиси, откако вчера две телевизиски станици ја прикажале спорната снимка.
Од владата тврдат дека станува збор за политичка провокација пред парламентарните избори кои треба да се одржат на 1 октомври, а претседателот Михаил Сакашвили ветил дека сите учесници во овој страшен настан ќе бидат казнети.
Веќе тројца полицајци се уапсени, а од министерството за внатрешни работи соопштиле дека полицајците биле потплатени од страна на блиски луѓе до лидерот на опозицијата Бидзин Иванишвили за да го организираат и снимат овој грозоморен чин.