Сите (а)теизми на едно место. Каде си ти?

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Види сеа, јас испонапишав едно кило пост. Не е фер, на сувите цитати на Ајштајн (највистинити, верни, запишани од него самиот зборови), да се обидуваш да релативизираш до „Од кај знаеш, можда верувал у нешто“.

Што се однесува до „...со сигурност само тој знаел“, точно, тој ем знаел ем, во многу наврати кажал точно и прецизно.

Мислам дека е многу јасно, од него самиот, опишана неговата позиција во врска со постоењето на некаков креатор (присутен или отсутен), некаков натприроден ентитет, судија или сезнајко, моќник, апсолутна злоба, добрина, или носител на било која друга божествена придавка.

Има погоре и линк до целата база на негови цитати, анотирани и, што е најважно, датирани.

Ако мислиш спротивно од тоа што го вика самиот Ајнштајн, или од тоа што го заклучувам во постот, те молам, посочи (цитирај) и пробај да ми покажеш каде грешам.

Околу материјализмот во постот: Мислам дека постојат атеисти кои не се материјалисти. Имам другар што стварно најдлабоко верува дека живее за да им помага на луѓето. Верува искрено дека тоа му е смисолот и целта на постоењето. Инаку, скроз е атеист. Не верува нит во сила, нит во мидиклоријани...

+ на сликана има и релативисти, натуралисти. Верувам дека и дел од нихилистите се тотално идеалисти. А идеалистите се, по дефиниција, конфликтни со материјалистите. Има доволно идеалисти атеисти.

Ето ти сеа. Сите исти искочија.
Albert Einstein's religious views have been studied due to his sometimes apparently ambiguous statements and writings on the subject. He believed in the god of Baruch Spinoza, but not in a personal god, a belief he criticized. He also called himself an agnostic, and criticized positive atheism, preferring he said "an attitude of humility."

"Albert Einstein once pointed out that Buddhism was the tradition that he felt fulfilled the criteria he thought necessary for a spiritual path adapted to the twentieth century [36]" интересно :unsure:

Не гледам дека се класифицира негде како атеист, дури и експлицитно го негира тоа. Ти релативизираш дека сите Господ го сфаќаат како некаков судија, сезнајко, моќник, добрина или божествена придавка како што викаш. Не сите не-атеисти така го сфаќаат Господ, со тоа што го офрла тоа не можеш директно да го сместиш во атеисти. Ниту пак секое метафизичко гледиште претставува религија и е организирана структура како црквата. Но без разлика, немам намера да се докажувам во што верувал Ајнштајн, можеш и сеа да излезеш со некои контра твои субјективни тумачења од после 6 месеци што ги кажал и ќе испадне Ајнштајн мењал мислења ко чорапи.

И да, идеалистите се спротивни со материјалистите, ама за какви идеалисти и материјалисти збориш? Не мислев на материјализам како социјална карактеристика на поединецот, туку како филозофско или метафизичко гледиште на реалноста (http://en.wikipedia.org/wiki/Materialism)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Почнувам по малку да се нервирам. Иако побарав да ми укажеш кој тоа цитат на Ајнштајн... ти упорно пишуваш за толкувања на неговите изјави од трети лица.

Понатаму, повторно го игнорираш хронолошкиот исказ на Ајнштајн по прашањето на Бог и религија. Наместо да се осврнеш на развојот на неговата артикулација на „Бог“, ти вадиш парафрази. Не е фер. Те молам, уште еднаш, повлечи цитат и објасни ми што е тоа недвосмислено пантеистичко во неговиот светоглед.

За идеализам vs материјализам нема што да се објаснува, поради тоа што е наочиглед јасно:
Идеализам: In philosophy, idealism is the group of philosophies which assert that reality, or reality as we can know it, is fundamentally mental, mentally constructed, or otherwise immaterial.

Материјализам:
In philosophy, the theory of materialism holds that the only thing that exists is matter or energy;

Не гледам каде тука има простор за релативизирање. Постојат атеисти материјалисти, исто како што постојат атеисти идеалисти. Јас сум од првите, брат ми, на пример, е од вторите. Шо ќе праиш.

И уште за моето „релативизирање“: Теизмот претпоставува ЕНТИТЕТ кој може да се нарече Бог. Ајнштајн никогаш не тврдел дека постои ентитет кој тој би го нарекол Бог. Прочитај ги внимателно неговите изјави.

Што се однесува до онаа „Јас не се нарекувам атеист...“ земи го предвид контекстот (Европа, 1929 година) и геополитичката ситуација во Европа. Атеизмот, во тоа време, бил многу повеќе политичка и општествена категорија отколку едноставно неверување во божествени ентитети.

За крај, те молам, следи ја линијата на прашања која води до Пантеизам: За да човек се нарече пантеист, неопходно е позитивно да одговори на прашањето Дали Бог го контролира светот/универзумот. Ај, друже, најди ми изјава од Ајнштајн која може било како да се протолкува за да значи дека Ајнштајм сметал дека некој (или нешто) го контролира светот. Плиз!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Токму во постот кој го напаѓаш е дадена хронологија на изјавите на Ајнштајн. Оваа која си ја постирал е од 1929 година. Во претходниот пост ги имаш подоцнежните. Биди фер ипрочитај ги.
Аха, епа ај кажи ми кој Ајнштајн е меродавен - оној од 1929, од 1935, од 1940?

Сепак, дури и да ја разгледуваме смо оваа изјава внимателниот читател може да забележи дека, исто како што кажува иостатокот од цитатот, Ајнштајн себе не се нарекува (не вели дека не е) атеист, но за пантеизмот забележува;
Како не вели дека не е атеист кога баш така рекол - I'm not an atheist

Тоа значи, дека детето насетува некаков „мистериозен ред“ во библиотеката, но возрасниот библиотекар знае дека нема апсолутно ништо мистериозно во системот на Универзалната децимална класификација.
Каде го најде зборот “возрасен“ овде - We are in the position of a little child entering a huge library filled with books in many different languages. The child knows someone must have written those books. It does not know how. It does not understand the languages in which they are written. The child dimly suspects a mysterious order in the arrangement of the books but doesn't know what it is. That, it seems to me, is the attitude of even the most intelligent human being toward God. We see a universe marvelously arranged and obeying certain laws, but only dimly understand these laws. Our limited minds cannot grasp the mysterious force that moves the constellations.”

--- надополнето: 19 септември 2012 во 11:50 ---
Што бил Ајнштајн со сигурност само тој знаел.
Јас мислам кога би му ја дале оваа сликата од првиот пост, Ајнштајн би зел молив и би допишал неколку квадратчиња велејки - еве овде некаде се пронаоѓам.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас мислам кога би му ја дале оваа сликата од првиот пост, Ајнштајн би зел молив и би допишал неколку квадратчиња велејки - еве овде некаде се пронаоѓам.
Уште посигурно би рекол “Се’ е релативно“
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Аха, епа ај кажи ми кој Ајнштајн е меродавен - оној од 1929, од 1935, од 1940?

2. Како не вели дека не е атеист кога баш така рекол - I'm not an atheist

3. Каде го најде зборот “возрасен“ овде - We are in the position of a little child entering a huge library filled with books in many different languages. The child knows someone must have written those books. It does not know how. It does not understand the languages in which they are written. The child dimly suspects a mysterious order in the arrangement of the books but doesn't know what it is. That, it seems to me, is the attitude of even the most intelligent human being toward God. We see a universe marvelously arranged and obeying certain laws, but only dimly understand these laws. Our limited minds cannot grasp the mysterious force that moves the constellations.”
1. Меродавен е доискажаниот Ајнштајн. Тоа, по секоја логика + хронологија на искази, е Ајнштајн на крајот од својот живот, кога јасно и недвосмислено се доискажува дека не верува дека постои божествен ентитет, туку дека единственото „божествено“ нешто во овој свет се законите на природата/универзумот. Јас не гледам каде има простор з шпекулации.

2. Изјава е од 1930. Во 1950, Ајнштајн јасно вика дека се смета за агностик. Агностик значи дека не може да знае дали некаков бог постои или не. („My position concerning God is that of an agnostic.“ ) На прашањето дали верува во постоење на барем едно божество (теизам - Theism, in the broadest sense, is the belief that at least one deity exists.). Ајштајн, во многу наврати по оваа негова изјава, потврдува дека не верува во постење на вакво нешто. Тоа него, по дефиниција, го прави атеист.

3. Тоа е метафора. Човештвото го споредува со дете кои не го разбира системот по кој се наредени книгите во библиотеката, иако за возрасниот човек тој систем воопшто не е мистичен и натприроден, туку е рационален и објаснив. Паралелата кажува дека иако човекот некои феномени ги смета за мистериозни, позади мистеријата секогаш постојат рационални и неменливи ПРИРОДНИ ЗАКОНИ и логички објаснувања. Никаде во метафората тој не алудира на натприродност, мистицизам и метафизика. Прочитај уште еднаш.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Aaa... Ајнштајн повторно...

Root of All Evil. Кого го мрзи да чита, аудио книгата може да се симне по нет, можеби ја има целосно на youtube. Делот за Ајнштајн е со наслов „deeply religious non-believer“.

Во секој случај, една од поголемите грешки што ги правиме денес е што ги оценуваме делата / зборовите на луѓето од денешна перспектива, наместо да го согледаме времето/опкружувањето во кое живееле и нештата што ги знаеле за светот кој ги опкружува. Ајнштајн не е ни првиот ни последниот научник кој го користел терминот „Бог“ за различни метафори, иако се помалку ќе го користат во иднина затоа што многу ниско се злоупотребува.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
1. Меродавен е доискажаниот Ајнштајн. Тоа, по секоја логика + хронологија на искази, е Ајнштајн на крајот од својот живот, кога јасно и недвосмислено се доискажува дека не верува дека постои божествен ентитет, туку дека единственото „божествено“ нешто во овој свет се законите на природата/универзумот. Јас не гледам каде има простор з шпекулации.

2. Изјава е од 1930. Во 1950, Ајнштајн јасно вика дека се смета за агностик. Агностик значи дека не може да знае дали некаков бог постои или не. („My position concerning God is that of an agnostic.“ ) На прашањето дали верува во постоење на барем едно божество (теизам - Theism, in the broadest sense, is the belief that at least one deity exists.). Ајштајн, во многу наврати по оваа негова изјава, потврдува дека не верува во постење на вакво нешто. Тоа него, по дефиниција, го прави атеист.

3. Тоа е метафора. Човештвото го споредува со дете кои не го разбира системот по кој се наредени книгите во библиотеката, иако за возрасниот човек тој систем воопшто не е мистичен и натприроден, туку е рационален и објаснив. Паралелата кажува дека иако човекот некои феномени ги смета за мистериозни, позади мистеријата секогаш постојат рационални и неменливи ПРИРОДНИ ЗАКОНИ и логички објаснувања. Никаде во метафората тој не алудира на натприродност, мистицизам и метафизика. Прочитај уште еднаш.
1. Ова не е роман, та крајната вистина да биде кажана на последните страници. Оти ако одиме по твое тогаш ете и ти сега не си меродавен, сеуште не си доискажан дали си атеист или не. Еве ќе ти водиме евиденција како се одвива твоето убедување, после 10, па после 20 год, та конечно да созрееш некаде во последните денови од твојот живот, за да дознаеме за сигурно во што всушност веруваш.

2. Е сега прво напиша дека Ајнштајн јасно кажал дека се смета за агностик, а два-три реда подолу ми велиш дека по дефиниција Ајнштајн бил атеист?

3. Та јас ти го постирав цитатот, сигурно дека сум го прочитал и разбрал. Ете ова е она што тој го рекол -Човештвото го споредува со дете кои не го разбира системот по кој се наредени книгите во библиотеката

А ова е она што тој не го рекол, а ти му го припишуваш -
иако за возрасниот човек тој систем воопшто не е мистичен и натприроден, туку е рационален и објаснив.

1. Ајнштајн е мртов. Одамна. Пред крајот на својот живот, конзистентно на неговите изјави на темата во текот на целиот, Ајнштајн е јасен по прашањето на постоење на божествен ентитет. Ајнштајн НЕ ВЕРУВА дека таков ентитет постои. Тоа е изјава на атеист.

2. (а)теизмот е одговор на прашањето: Дали веруваш дека постои божество?
(а)гностицизмот е одговор на прашањето: Дали знаеш дека постои божество?

Ова е стотици пати напишано на подфорумов. Срам голем е за тебе сам да се неЕЕеее-знаеш.

Еве ти и сликица, за да ти е појасно:

3. Абе, буквалист, нели е метафора. Човекот е како дете во библиотека. Човекот НЕ Е ДЕТЕ. Како што детето сеуште не го разбира системот на класификација која возрасните ја разбираат, така и човекот сеуште не го разбира целосниот ред во универзумот. НО, како што детето кога ќе порасне ќе сфати дека нема ништо мистериозно и натприродно во тој систем, ИСТО ТАКА човештвото во својот „повозрасен“ стадиум ќе научи дека нема ништо мистериозно и натприродно во универзумот во кој живее.

Затоа се вика метафора, 'бем ли га!
 
1. Значи тука Ајнштајновата изјава на стари години е меродавна, а онаа на тој Антони Флу (или како е точно) е резултат на дементија? И не лажи, оваа изјава не му е конзистентна со изјавите низ неговиот живот.

2. Сакаш да кажеш дека агностик и атеист е исто?

3. Метафора е де (зарем спорно беше), но изгледа ти имаш проблем со читање/толкување/разбирање та да мора да додаваш твои зборови на дадени реченици за да можеш да си ги сфатиш на твој начин.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 13:51 ---
Патем, гледаш ли некоја поента во овој наш муабет? Оти јас лично не гледам.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Panentheist
--- надополнето: 18 септември 2012 во 17:22 ---

не е секогаш Господ замислено пријателче што се коси со здрава логика ;) ако гледаш така и човекот на аватар што го имаш исто бил теист и верувал во работи што се косат со здрава логика
Aјнштајн бил агностик, иако повеке накај атеист, а замисленото пријателче господ абсолутно секогаш се коси со секоја здрава логика.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
2. Сакаш да кажеш дека агностик и атеист е исто?
Добро ти тренираш за да си ваков или?
Автомеханичар и вегетаријанец исто ли е?
Не може автомеханичар да биде и вегетаријанец? Ја погледна ли воопшто сликата?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Добро ти тренираш за да си ваков или?
Автомеханичар и вегетаријанец исто ли е?
Не може автомеханичар да биде и вегетаријанец? Ја погледна ли воопшто сликата?
Ааа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Ааа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
Арно му кажа, верувањето и знаењето се една и иста работа!(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom