Немакедонски заедници поготово албански кои бројат повеќе од 20%.... епа добро бе дардан ако броите повеќе од 20% зашто бојкотирате попис? нели сте и повеќе од 20% што не дозволивте да се напраи попис - и онака ке одеше во ваша корист така? е арно ама неможе некој да се попишува у македонија преку сакајп шо е моментално у швајцарија или германија или каде и да е..
Зарем секогаш кога ќе спомнам Устав ти ќе ми збориш за попис ? Пописот беше запрен од други , албанците не го бојкотираа.
викаш у химната ги нема сите македонјски револуционери... ај да ги наброиме сите - на што ке личи тоа на химна? или на листа со македонски заслужни личности? ај ке почнеме од пердика па се навака ке изнапишеме у химната и аце ке го стаиме и филип и ченто ко шо викаш ако сакаш ке почнеме и политичари да набројуваме и реформатори и ред други работи.... ако одиме по оваа логика секоја држава треба минимум по 100тина личности да наброи во својата ДРЖАВНА химна.
Токму поради неможноста да се набројат сите , треба да се избегне набројување на револуционери , политичари и олипмијци.
Зошто мислиш дека Питу Гули е позаслужен од Тарчуловски ? Зошто мислиш дека Делчев е позаслужен од Ченто , Киро или Борис ?
Заради оваа химна денеска соседите те зафркаваат , ти велат , од кај сега овие со Александар и Филип , кога во нивната химна најголеми личности се Гоце , Питу , Сандански , Груев.
Па за сафркавање си , пошто личноста која е во химната (Питу Гули) нема споменик , а Тодор Александров има.
Гоце кој е на химна, има 10 пати помал споменик од Александар и Филип.
Гледај ги химните на сите држави , ниедна во својата химна не ги набројала своите личности од историјата , пошто не можеш така да ги одвоиш , химната не е навивачка песна.
Химната е на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - што мајка бара некој странец да се опејува во туѓа химна? според која логика е тоа те молам објасни ми?
А кој побара да се пее за некој странец. Јас велам да не се пее за личности , пошто е невозможно да се пее за сите.
друга работа - ние не сме нација која викаме дека има вековно минато - тоа светот го кажува и тоа е факт а пред фактите и боговите молчат нели?
Ако светот го кажува , тогаш зошто ти се себеограничуваш на 4 личности ? Зошто тие 4 се поважни од оние кои дејствувале пред нив , како и од нив кои се појавиле после нив ?
викаш да се смени државно знаме... треба некој да прашаме за тоа дали да го смениме државното знаме? вас да ве прашаме пошто сте „20%“ да ве убациме и вас у игра демек? и шо ако утре циганите станат 20% ? па ке менуваме химна грб знаме и слично? се знае бе другар ова е македонија тука се работи за македонски народ. ти биди што сакаш и кој сакаш ама пред се си македонец затоа што тука живееш и тука опстојуваш - работиш и плаќаш даноци за оваа држава - користиш привилегии од оваа држава. можете вие тоа да го сватите или толку многу е тешко за сваќање?
Македонија од секогаш била мулти етничка , не е работата некој да станал 20% преку ноќ , и химната кога е донесена рапортот меѓу македонците и останатите бил сличен како денешниот.