Јас сум рокерче

Аха тоа е друго, не го прочитав делот, еден стил во претходниот пост, мислев дека зборуваш општо дека луѓето кои имаат одредени критериуми и не слушаат секаква музика се ограничени.

Иначе и тоа до негде не држи, ако некој израснал со одреден стил на музика, и таа најмногу му прија нема причина да се критикува неговиот вкус и евентуалната "ограниченост" никој неможе да знае дали таа иста личност нема позитивно да реагира на стилската промена нели...но пак ќе кажам, тоа не значи дека е ограничен него само преферира одреден стил, е сега ако истиот тој одлучно одбива да проба да слуша нешто друго, тоа е веќе случајот на кој ти целиш.




Не, јас слушам многу разни стилови на музика, но претпочитам уникатна, револуционерна и пред се музика која има силна порака - емотивен мотив, и се разбира длабоки текстови, тоа го преферирам.

Не сум фан на копи пејст стилот кој се почесто се практикува.


Ме разбра добро :)
 
не се носам рокерски али рокот и те како ми лежи да го слушам (y)
 
Јас ги мразам сите оние што најомилен бенд им е Пинк Флојд, најомилена песна од Пинк Флојд му е Тичер лив кидс алон и не слушнале за Кинг Кримсон.
Не знам чиме фрустрации само, позери имало и ќе има.
 
Значи за одреден човек да не е ограничен треба да слуша буквално секаква музика? :(

Моја дефиниција за неограничен, open-minded човек би било оној кој ќе и даде шанса на музиката, без разлика на жанрот и потоа ќе одлучи дали му се допаѓа.
(пардон на убутување)
 
Моја дефиниција за неограничен, open-minded човек би било оној кој ќе и даде шанса на музиката, без разлика на жанрот и потоа ќе одлучи дали му се допаѓа.
(пардон на убутување)

Едно е да дадеш шанса, а друго да го слушам цел "албум" на Гулабица за да не бидам "ограничен" за мене тоа давање шанса, е да можеш да "издржиш" да речеме да бидеш во присуство на твои другари, или блиски личности, а во позадина да иде некоја шабанерија и да не ти пречи, т.е. да го почитуваш нивниот избор, или да присуствуваш на одредена дешавка поради x причини, музиката да не ти биде по вкус, а да не си заминеш. За такви ситуации се прави исклучок, се разбира.

Исто така и слушањето на нешто ново, кое има потенцијал, и знаеш одприлика дека би можел да го свариш би бил ок метод, но секако дека ако не ми се допадне, истата музика нема да биде дел од моите плејлисти во иднина....
 
Едно е да дадеш шанса, а друго да го слушам цел "албум" на Гулабица за да не бидам "ограничен" за мене тоа давање шанса, е да можеш да "издржиш" да речеме да бидеш во присуство на твои другари, или блиски личности, а во позадина да иде некоја шабанерија и да не ти пречи, т.е. да го почитуваш нивниот избор, или да присуствуваш на одредена дешаква поради x причини и музиката да не ти биде по вкус, а да не си заминеш. За такви ситуации се прави исклучок, се разбира.

Исто така и слушањето на нешто ново, кое има потенцијал, и знаеш одприлика дека би можел да го свариш би бил ок метод, но секако дека ако не ми се допадне, истата музика нема да биде дел од моите плејлисти во иднина....
Погрешно си сфатил некои работи.
Затворени/ограничени се оние кои да речеме слушаат само рап и се што не е црнец или рапер за нив е измислена именка и кењаат без притоа воопшто да знаат каква е таа музика што ја мразат.
Ако воопшто знаеш кој е Аца Лукас на пример,без притоа да си фан и да слушаш константно ти си неограничен,зошто си слушнал и си створил свое мислење.
 
Моја дефиниција за неограничен, open-minded човек би било оној кој ќе и даде шанса на музиката, без разлика на жанрот и потоа ќе одлучи дали му се допаѓа.
(пардон на убутување)
Стереотипите се спасувачи на време.
Шансата да ми се допадне новото Це Де од Шако Полумента е иста како ти да појдеш во Сауди Арабија, да викнеш на плоштад Арам Алах и да се вратиш жив.
 
Пратење на еден музички стил и строго придржување кон него е карактеристично за одреден временски период од живот кога сеуште се градиме како личности. Најчесто тој филм е во средно каде се пронаѓаме во некој музички правец и пробуваме да наликуваме на припадниците на тој правец. Повеќето се рокери, носат фармерки и маици со натписи од групи, пуштаат коса а на ранецот за школо им се испишани имињата на групите кои ги слушаат. Како се созрева некои работи се напуштаат. Основата на музиката е ок да ти биде рокенрол ама да се дефинираш себе си како рокер кој не поднесува ништо друго освен тој тип на музика малку е смешно. Го слушам оној музички жанр кој го разбирам и ми е по ќејф а притоа со него се чувствувам расположен. Ако останев строг подржувач на еден жанр на музика и не еволуирав никогаш немаше да посетам добри џез концерти, никогаш немаше да присуствувам на едни од најдобрите седенки каде виолина на увце свири некоја староградска песна. Ми прија и Џим Морисон и Добри Ставревски и дапстеп, што ќе изберам зависи од тоа што ми е по ќејф тој период.
 
Јас ко детиште бев рапер, 93-96/7 гофина и откако се скинав со Гоа 97/98 станав сеопшт уживател на музика а најчесто слушам Рок ен Рол, Хард Рок и Блуз ама ако не го пуштам 2 Пак понекогаш или Астрикс, Електрик Јуневрс или Халуциноген или Оливер Шанти или комбинација на виолина со пијано или било што од класичната т.н. сериозна музика...почнувам да се напињам. Единствено не поднесувам Фолк бррррр бљак, а се обидувам да се забавувам по нови години и слични ситуации ама јок не иде :)

Навистина е жалосно да се ограничиш само на еден правец, некако како жално е...
 
Најјаки ми се оние кои ми лајкаат безвеза некоја песна од Редиохед на фејсбук, а у живот не се слушнале за нив (камо ли па да слушнале некоја песна од нив).

Мизерии..


* Јас сум рокер = Јас сум рапер, металец,панкер, турбофолкер... Ок?
beneamata види што зборат за тебе по форум...

Форест брат, како успеа да го усереш постот на крајот... :)
 
Едно е да дадеш шанса, а друго да го слушам цел "албум" на Гулабица за да не бидам "ограничен" за мене тоа давање шанса, е да можеш да "издржиш" да речеме да бидеш во присуство на твои другари, или блиски личности, а во позадина да иде некоја шабанерија и да не ти пречи, т.е. да го почитуваш нивниот избор, или да присуствуваш на одредена дешавка поради x причини, музиката да не ти биде по вкус, а да не си заминеш. За такви ситуации се прави исклучок, се разбира.

Исто така и слушањето на нешто ново, кое има потенцијал, и знаеш одприлика дека би можел да го свариш би бил ок метод, но секако дека ако не ми се допадне, истата музика нема да биде дел од моите плејлисти во иднина....
Стереотипите се спасувачи на време.
Шансата да ми се допадне новото Це Де од Шако Полумента е иста како ти да појдеш во Сауди Арабија, да викнеш на плоштад Арам Алах и да се вратиш жив.

На двајцата ќе ви одговорам. :)
Доколку сметаш дека си потполно вкусовно изолиран (постои ли ваква фраза :pos: ) од одреден жанр тогаш веројатно стереотипите ќе ти го сочуваат времето. Но, хипотетичка ситуација.
Дали би ти го повредило егото доколку на другарска собиранка ти се допадне песна од жанр во врска со кој си стереотипен?(Ова, се разбира важи доколку активно го "хејташ дадениот жанр")
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom