Нема. Самиот изјави дека не заминува од Италија баш заради државјанството
На А1 кога игравмо со Шпанија :smir:
Тоа му беше изјавено уште од лани.
Јас според мене потребно време за добивање на Италијанско државјанство е 6 години, е сега оти ја не сум сигурен, ако има некој сигурна информација, дајте да ја потврдиме!
..................................
За жал!taga
СПРОТИВНО НА ЖЕЛБИТЕ НА СВОЈОТ ТРЕНЕР МУРИЊО
Газдата на Интер не дава пари за Пандев
Шансите за доаѓањето на Горан Пандев во Интер во јануарскиот преоден рок драстично опаднаа откако претседателот на италијанскиот шампион Масимо Морати објави дека нема намера да финансира таков трансфер, на тој начин одбивајќи го барањето на својот тренер Жозе Мурињо.
- Во овој момент, не постои шанса за доаѓањето ниту на Горан Пандев, ниту на Лука Тони. Добри сме какви што сме и ќе се обидеме да продолжиме со силите со коишто располагаме. Мурињо ми побара засилување, но, во моментов, немам намера да преземам што било на тој план. Не е време да се трошат пари, нови играчи не ни се потребни - изјави Морати за италијанската агенција АНСА.
Ударната напаѓачка игла Самуел Ето ќе отсуствува од тимот на Интер месец и половина по нова година поради настапот на Купот на африканските нации, што ќе ги ограничи опциите на Мурињо на Диего Милито, непостојаниот Марко Балотели и на занемарениот Давид Суасо, додека младиот Австриец Марко Арнаутовиќ и онака никој не го зема предвид. Затоа тој сакаше да ја пополни дупката со Пандев, Тони или со Бразилецот од Палермо Единсон Кавани, но Морати не е волен да плати.
Освен доколку не го омекне најновата понуда од Лацио, кое се обидува да го вклучи ветеранот Патрик Виера во трансферот на струмичанецот. "Ла Република" јавува дека тренерот на римјаните Давиде Балардини сака да го зајакне средниот ред, па се сврте кон бившиот светски шампион, кој е очаен да си замине од Интер со цел да се избори за настап на СП следната година. Проблем во трампата е актуелната плата на Французинот од дури четири милиони евра и Лацио преферира Интер да продолжи да му ја дава.
Дали ова ќе се реализира, би можело да биде појасно в понеделник попладне. За тогаш е закажано сослушувањето во Арбитражниот комитет на Италијанската фудбалска лига, кој би можел да пресуди во полза на Пандев и да му го раскине договорот со Лацио, што, пак, би го направило слободен агент. Интер, Јувентус и Милан чекаат.
Текстот е прочитан 30 пати.
#